Нуредини: Иднината на регионот е во постигнување на поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија

На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску.

На средбата се разговараше за актуелните регионални енергетски прашања, за плановите за воспоставување регионален пристап и постигнување на поголема енергетска независност.  Во таа насока беше нагласена потребата од паралелно поддржување и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија. Министерот на Романија Попеску информираше за проектот за малиот Модуларен нуклеарен реактор што се гради во Романија.