МТСП: Додатокот од 1000 денари за корисниците на ГМП ќе продолжи од октомври до март

Во однос на информациите изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош, Министерството за труд и социјална политика ја демантира информацијата и ја известува јавноста дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП, во период на вонредна состојба во државата.

Додатокот од 1000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите кошто ги донесе Владата престана да се исплаќа додатокот на примателите на ГМП.  Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно.
Ваквиот начин на исплата согласно Законот за социјална заштита ќе продолжи од октомври до март годинава заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството.

Ваквите одлуки за постапување се донесени согласно Закон и за истите јавноста беше известена со соопштение до медиумите објавено на 05.08.2022 година.