Маричиќ: 17 години чекајќи изгубивме многу време, треба да се донесе одлука за иднината на државата и граѓаните

На денешната заедничка прес-конференција на вицепремиерот Маричиќ и германскиот специјален пратеник за земјите од Западен Балкан, Сарацин, на новинарско прашање дали се брза со одлуката за францускиот предлог, Маричиќ одговори дека не може да се каже дека се брза во ситуација во која 17 години чекаме почеток на преговори.

„Во изминатите 2 години имавме можност и изразуваме голема благодарност и на Германија, на Португалија, на Словенија и на Франција сега се разбира коишто направија навистина големи напори да помогнат во решавањето на овој процес. Еден добар дел од нивните напори се вградени во ова решение, значи ние не сме брзале, ние сме имале многу време да ги разгледаме можностите за компромис на кој начин и до каде можеме да одиме за да ги заштитиме нашите интереси", рече Маричиќ.

Вицепремиерот во продолжение рече дека коалициските партнери во Владата досега не се изјасниле против новиот предлог, има такви којшто размислуваат којшто сè уште се во фаза на разгледување, во фаза на консултации, но според него во наредните денови, без преголем одлагање, ќе треба да донесе одлука.

„Ние тоа го почитуваме и кон секое политички субјект во коалицијата настапуваме со почит и укажување на аргументите на дилемите и се обидуваме да ги разјасниме да ги објасниме и да не дозволиме да го базираат своето став на неточни информации на дезинформации или пак на пропаганда туку да го базираат својот став на документите што ги имаме и на процесот којшто го гарантираат нашите сојузници и пријатели во ЕУ", додаде вицепремиерот Маричиќ.