36-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
30.12.2020 - 19:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (361.62 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
1 Информација за давање согласност за склучување Анекс на Договорот за јавно приватно партнерство за јавна работа за изградба на две мали хидроелектрани на каналот за наводнување со кој управува Водостопанство Тиквеш бр. 05-750/52 од 06.11.2015 година и бр. 03-1 од 06.11.2015 година, склучен помеѓу АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје (Водостопанство Тиквеш – Кавадарци) и Монтинг Енергетика Тиквеш Доо Скопје, за продолжување на рокот за изградба на МХЦ Тиквеш 1, заклучно со 06.01.2023 година
2 Предлог-одлука за Деветнаесетта емисија на обврзници за денационализација
3 Предлог-одлука за престанок и давање на трајно користење недвижни ствари
4 Информацијата за издавање на финансиска гаранција за плаќање по склучениот Договор за преземени обврски (обврзувачки договор за набавка), помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за COVID-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за COVID-19
5 Предлог-програма за изменување на Програмата за остварување на социјалната заштита за 2020 година
6 Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2020 година
7 Предлог-програма за изменување на Програмата за развој на дејноста за заштитата на децата за 2020 година
8 Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година
9 Прашања и предлози /36/
10 Информација за склучување Анекс бр.3 за промена на динамиката на реализација и плаќање на обврските од склучениот Договор за изградба на затворен пливачки базен во општина Охрид