Денеска се регистрирани 386 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 20163 Оздравени се 154 пациенти– починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-178, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-20, Тетово-13, Струга-9, Велес-5, Битола-13, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-4, Гевгелија-18, Струмица-44, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-10,  Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-7, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-61, Куманово-23, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-5, Струга-2, Велес-5, Битола-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-15, Крива Паланка-2, Радовиш—2, Кочани-1, Пробиштип-2, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-5. 

Во болнички услови починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).   

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20163, бројката на оздравени пациенти е 16009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3373. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 8088, активни 1432
  • Куманово 1854, активни 162
  • Дебар 292, активни 34
  • Штип 1327, активни 92
  • Прилеп 773, активни 144
  • Тетово 1549, активни 188
  • Струга 708, активни 51
  • Велес 357, активни 36
  • Битола 367, активни 90
  • Охрид 454, активни 42
  • Кавадарци 263, активни 47
  • Гостивар 967, активни 72
  • Гевгелија 178, активни 78 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 27 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 394, активни 232
  • Крива Паланка 142, активни 45
  • Радовиш 122, активни 47
  • Крушево 20, активни 1
  • Кочани 475, активни 207
  • Пробиштип 123, активни 18
  • Демир Хисар 62, активни 2
  • Македонски Брод 95, активни 2
  • Пехчево 46, активни 3
  • Берово 139, активни 53
  • Валандово 60, активни 45
  • Виница 130, активни 40
  • Делчево 180, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 
  • Кратово 26, активни 2
  • Свети Николе 394, активни 65
  • Кичево 347, активни 30
  • Ресен 167, активни 8
  • Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2267 теста се преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-515,  Биотек-277, МАНУ -143, Жан Митрев (Филип Втори)-424, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-89, Инфективна клиника-10, ГАК-16, Синлаб-31, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 203779 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

  • Чаир – 73
  • Гази Баба – 147
  • Аеродром - 257
  • Карпош – 242
  • Центар – 265
  • Кисела Вода – 157
  • Ѓорче Петров – 118
  • Бутел - 56
  • Шуто Оризари – 13
  • Студеничани – 2
  • Сарај – 16
  • Арачиново – 4
  • Илинден – 31
  • Сопиште – 4
  • Чучер Сандево – 2
  • Петровец – 9
  • Зелениково - 4
  • Странец – 10
  • Нераспределен-22