Денеска се регистрирани 177 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 21113 Оздравени се 107 пациенти – починати се 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-5, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-19, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-8, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-10, Берово-6, Виница-5, Делчево-4, Неготино-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-2, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-2, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-5, Радовиш-1, Крушево -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-1, Ресен-2, Неготино-1. 

Во болнички услови починати се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г). 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21113, бројката на оздравени пациенти е 16301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 8571, активни 1792
  • Куманово 1885, активни 176
  • Дебар 294, активни 36
  • Штип 1368, активни 123
  • Прилеп 814, активни 170
  • Тетово 1604, активни 222
  • Струга 720, активни 61
  • Велес 381, активни 59
  • Битола 389, активни 104
  • Охрид 463, активни 47
  • Кавадарци 279, активни 59
  • Гостивар 984, активни 80
  • Гевгелија 202, активни 95 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 437, активни 267
  • Крива Паланка 154, активни 49
  • Радовиш 141, активни 58
  • Крушево 20, активни 0
  • Кочани 504, активни 218
  • Пробиштип 129, активни 21
  • Демир Хисар 62, активни 2
  • Македонски Брод 96, активни 3
  • Пехчево 48, активни 5
  • Берово 153, активни 56
  • Валандово 65, активни 43
  • Виница 136, активни 46
  • Делчево 191, активни 99 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 
  • Кратово 27, активни 3
  • Свети Николе 401, активни 59
  • Кичево 357, активни 34
  • Ресен 170, активни 9
  • Неготино 68, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 778 теста се преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-100,  Биотек-0, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -105 , Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-12, Синлаб-92, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

  • Чаир – 92
  • Гази Баба – 171
  • Аеродром - 327
  • Карпош – 319
  • Центар – 330
  • Кисела Вода – 210
  • Ѓорче Петров – 155
  • Бутел - 68
  • Шуто Оризари – 15
  • Студеничани – 3
  • Сарај – 15
  • Арачиново – 4
  • Илинден – 30
  • Сопиште – 10
  • Чучер Сандево – 4
  • Петровец – 7
  • Зелениково - 3
  • Странец – 14
  • Нераспределен-15