Денеска се регистрирани 80 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 21193 Оздравени се 97 пациенти – починати се 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-5, Прилеп-7, Тетово-3, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-3, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-3, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.

Во болнички услови починати се 3 лица, пациенти од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г).   

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 8626, активни 1802
  • Куманово 1886, активни 172
  • Дебар 294, активни 36
  • Штип 1368, активни 123
  • Прилеп 814, активни 163
  • Тетово 1607, активни 222
  • Струга 720, активни 61
  • Велес 385, активни 63
  • Битола 389, активни 102
  • Охрид 463, активни 47
  • Кавадарци 281, активни 60
  • Гостивар 991, активни 84
  • Гевгелија 202, активни 92 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 437, активни 260
  • Крива Паланка 155, активни 49
  • Радовиш 141, активни 58
  • Крушево 20, активни 0
  • Кочани 506, активни 213
  • Пробиштип 129, активни 20
  • Демир Хисар 62, активни 1
  • Македонски Брод 95, активни 2
  • Пехчево 48, активни 5
  • Берово 153, активни 54
  • Валандово 65, активни 41
  • Виница 138, активни 45
  • Делчево 193, активни 101 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 
  • Кратово 27, активни 3
  • Свети Николе 403, активни 58
  • Кичево 357, активни 32
  • Ресен 170, активни 9
  • Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 680 теста се преку: ИЈЗ-153, ЦЈЗ Скопје-9, Авицена-0,  Биотек-159, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -166 , Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-13, Синлаб-19, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 44 пациент. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 194, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

  • Чаир – 89
  • Гази Баба – 171
  • Аеродром - 338
  • Карпош – 317
  • Центар – 328
  • Кисела Вода – 209
  • Ѓорче Петров – 154
  • Бутел - 70
  • Шуто Оризари – 13
  • Студеничани – 3
  • Сарај – 16
  • Арачиново – 4
  • Илинден – 31
  • Сопиште – 12
  • Чучер Сандево – 4
  • Петровец – 6
  • Зелениково - 3
  • Странец – 14
  • Нераспределен-20