Денеска се регистрирани 161 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 23788 Оздравени се 154 пациенти – починати се 12 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-11, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-15, Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-62, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-6, Тетово-7, Струга-4, Велес-3, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-10, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-6, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-2, Кичево-2. 

Починати се 12 лица, 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82г), пациент од Струга (67г), од Тетово (85г), од Битола (68г), од Кавадарци (56г) и пациент од Прилеп (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550. Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 9942, активни 2674
  • Куманово 1986, активни 225
  • Дебар 309, активни 50
  • Штип 1446, активни 159
  • Прилеп 931, активни 226
  • Тетово 1727, активни 288
  • Струга 749, активни 75
  • Велес 433, активни 97
  • Битола 466, активни 151
  • Охрид 510, активни 86
  • Кавадарци 323, активни 85
  • Гостивар 1040, активни 104
  • Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 588, активни 358
  • Крива Паланка 178, активни 62
  • Радовиш 172, активни 70
  • Крушево 20, активни 0
  • Кочани 569, активни 195
  • Пробиштип 141, активни 20
  • Демир Хисар 65, активни 4
  • Македонски Брод 98, активни 4
  • Пехчево 53, активни 7
  • Берово 170, активни 44
  • Валандово 83, активни 47
  • Виница 150, активни 49
  • Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 
  • Кратово 31, активни 7
  • Свети Николе 424, активни 58
  • Кичево 418, активни 78
  • Ресен 201, активни 38
  • Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 771 теста се преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0,  Биотек-29, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -158, Систина со PCR метода -154, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на Ковид -19.  

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

  • Чаир – 115
  • Гази Баба – 280
  • Аеродром - 534
  • Карпош – 446
  • Центар – 445
  • Кисела Вода – 320
  • Ѓорче Петров – 216
  • Бутел - 111
  • Шуто Оризари – 16
  • Студеничани – 5
  • Сарај – 16
  • Арачиново – 8
  • Илинден – 36
  • Сопиште – 21
  • Чучер Сандево – 9
  • Петровец –17
  • Зелениково - 8
  • Странец – 12
  • Нераспределен- 59