Премиерот Никола Груевски ќе се сретне со премиерот на Република Индија, Манмохан Синг

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (понеделник, 5 март 2012 година) во Њу Делхи е предвидено да оствари средба со премиерот на Република Индија, д-р Манмохан Синг.

Претходно во текот на денот премиерот г-дин Никола Груевски и владината делегација во чиј состав се заменик на претседателот на Владата и министер за финансии, г-дин Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, г-дин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо, ќе учествуваат на два бизнис форуми во Њу Делхи на кои ќе ги презентираат инвестициските можности што ги нуди Република Македонија пред повеќе индиски инвеститори.

Покрај тоа, во текот на денешниот ден предвидено е владиниот тим да оствари и директни средби со заинтересирани индиски корпорации.