Првиот сет економски мерки наскоро ќе биде на располагање, апелираме компаниите да го реорганизираат работењето во 4 смени

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со целиот економски тим продолжуваат будно и посветено да ја следат состојбата во економијата во услови на ширење на КОВИД-19 и се во постојана комуникација и координација со стопанските комори, синдикатите и останатите субјекти. Владата е целосно мобилизирана за справување со економските последици од кризата кои Навремено започнуваме да се организираме, подготвуваме и пред се да се обединуваме со стопанството во заедничка цел, а тоа е што поефикасн справување со негативните последици по нашата економија. Ќе биде исклучително важно, правилно да ги насочиме ресурсите кои ги имаме на располагање за поддршка на оние сектори кои се најпогодени од кризата и како што чекориме ќе продолжиме да правиме анализи и да развиваме сценарија што ќе не подготват да одговориме на предизвиците.

Деновиве сме сведоци на непочитување на препораките од Владата од страна на дел од производствените компании, рестораните и други субјекти. Апелираме фабриките и погоните да ги почитуваат препораките и да ја реорганизираат работата во смени. Препораката на Владата  производството да се одвива во 4 смени со цел да има што помал број вработени во смена и да се дезинфекцира просторот после секоја смена.

Инспекциските служби се на терен и ќе го санкционираат секое непочитување на владините одлуки и заклучоци.  

Во овие моменти најважно е да го сочуваме јавното здравје. Покрај здравствените ризици, корона вирусот донесе и еднакво големи предизвици за светската економија. Таа трпи засега се уште несогледливи негативни последици, а домашната економија, исто така, нема да остане имуна на последиците од корона вирусот и должност на Владата, е час поскоро да започне со мерки на заштита и поддршка на економијата и компаниите. 

За таа цел, Владата го подготиви првични пакет мерки за најзагрозените сектори, како туризмот, угостителството и транспортот, со цел полесно справување со последиците од настанатата состојба поради Корона вирусот.
Многу скоро на бизнисот ќе му биде на располагање директна финансиска поддршка од 5,7 милиони преку Развојната банка на Република Северна Македонија.  Она што е овде важно е дека овие кредити се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти! Грејс периодот на овие кредити ќе биде 6 месеци, а рокот на отплата 2 години.

Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 илјади до 30 илјади евра. Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. 

 

Втората мерка се однесува на поддршка за компаниите во делот на исплатата на плати со што сакаме да ставиме јасно до знаење дека ни е важно да помогнеме да се зачува секое едно работно место.

Субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеди по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година. Субвенцијата че може да се искористи под услов компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020та година и ова да важи од денот на користење на мерката. Исто така, услов е компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка, односнофинансиски извештаи за 2020 година и компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на мерката. Само компаниите што имаат остварено добивка како финансиски резултат од рработењето во 2020 ќе вратат субвенции за придонес во износ од 50% од добивката пред оданочување што значи дека мерката директно е насочена да им помогне нанкпмпаниите што оствариле послаби финансиски резултати во 2020 поради корона вирусот.

Намалувањето на основната каматна стапка на Народната банка на ниво од 1,75% треба да придонесе за натамошно намалување на цената на финансирање на претпријатијата и населението. 

Исто така Советот на Народната банка подготви предлог Одлука за управување со кредитниот ризик чија цел е олеснување на условите за реструктурирање на кредитите на најпогодените сектори. Тековно се прават консултации со банките и очекуваме  наскоро да биде донесена од Советот на Народната банка. 

Ликвидноста на компаниите треба да ја помогне и ослободувањето од аконтациите од данок на добивка зафирмите од индустриите погодени од коронакризата зааприл, мај и јуни. Во вакво време чесно е државата да сеоткаже од претплаќање на дел од данокот од погоденитекомпании. Тука најпрво спаѓаат транспортот, туризмот, угостителството, а потоа и другите погодени компании одразлични дејности погодени од превентивните мерки на Владата како одговор на справувањето со страшниотвирус.

 

Законски затезната камата ќе биде намалена за 50% восоработка со Министерството за правда, а се намалува иказнената камата за јавни давачки од 0,03 % на 0,015% односно за 50%.  На провајдерите за одржување на фискалните каси им се препорачува намалување на цените заодржување за 50%.

 Владата веќе донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезифекциони сретства со состојба на денот на прогласување на пандемијата на СЗО, освен ониеза кои има доказ дека се зголемени влезните фактури. 

Исто така 100 процентно се ослободуваат од царинските давачки за производите од брашно и пченица, масло сончогледово, бел шеќер, сапуни, детергенти, облека и прибор за облека, пелени за деца и возрасни и марамчиња, рачни капи во ролни, маски пластични со текстилен филтер, прекривки текстилни за хируршка употреба, одело хируршко од хартија, маски хартиени, одело заштитно гумено, ракавици гумени, хируршки и останари, средства за дезинфекција, медицински алкохол, заштитни наочари.

Со Фонд за туризам којшто во моментот се проценува на вкупно 74 милиони денари ќе се обештети туристичкото стопанство да ја пребродат кризата во согласност со бројот на вработени.