Премиерот Груевски побара прошка од граѓаните

Премиерот Никола Груевски  им го  честита на граѓаните големиот христијански празник Велики Поклади – Прочка и побара прошка од тие кои сметаат дека им згрешил.

При посетата на соборниот храм „Свети Климент Охридски“ премиерот побара да му простат сите на кои нешто им згрешил и заради некоја негова  непромислена постапка, грешка или погрешни  проценки во одреден момент им нанел каква било болка, грижа или неправда.

- Иако сум свесен  длабоко во мене дека работам со исправни цели, вредности, дека сакам  да постигнам  најдобро за сите граѓани и за целата држава. Сепак човек кој што толку многу работи  е доведен во ситуација да носи брзи одлуки, многу голем број динамични одлуки и не може да  не згреши. Така што од тој аспект сакам на секому што сум му погрешил  нешто да му се извинам и да му побарам денеска  прошка, изјави Груевски.