Во тек се консултациите за новиот Закон за младинско учество и младински политики во Северна Македониja

Во тек се консултациите за новиот Закон за младинско учество и младински политики во Северна Македониja, на кои младите од целата држава ќе имаат можност да го кажат своето мислење и ставови за предлог-текстот на Законот. Целта е подобрување на Законот, за да одговара на потребите на младите во Северна Македонија.

Овие настани се дел од серијата јавни дебати кои ќе се одржат во сите плански региони во земјата каде младите ќе можат да ги споделат своите идеи и потреби со работната група за изработка на овој закон. Со овој процес инициран заеднички од пратениците, институциите и младинските организации во Северна Македонија, се надеваме дека ќе се креира добар закон кој ќе го промени животот на младите во земјата на подобро.

На овие консултативни настани поканети се сите заинтересирани млади луѓе кои сакаат да дознаат што значи Законот за младинско учество и младински политики и да го кажат својот став за што ваков документ треба да содржи. На дебатите ќе се обратат пратеници, претставници на институции и претставници на младински организации кои ќе споделат повеќе информации околу процесот на изработка на предлог-текстот, неговата содржина и начините на кои младите луѓе можат да го кажат својот став. На настаните ќе следи дискусија на која сите присутни млади ќе можат да ги споделат своите ставови и идеи за содржината на Законот. 

Повеќе информации: www.zakonzamladi.ams.gov.mk