Од третиот панел дискусија на Македонскиот енергетски форум 2019: Енергетската независност во снабдувањето со гас важна за обезбедување конкурентност и економски развој

Во организација на Владата на Република Северна Македонија, АД Електрани на Северна Македонија, Амбасадата на САД и ЗИП Институтот се одржува вториот по ред Македонски енергетски форум 2019 на тема „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ на кој врвни експерти, претставници на компании и од извршната власт дебатираат за важни теми од областа на енергетиката.

На третиот панел дискусија од првиот ден на Македонскиот енергетски форум се зборуваше на тема „Регионални предизвици во снабдувањето со гас, на која свои обраќања имаа Цеси Скот, виш советник на Агора Енергиевенде од Берлин, Ростислав Палагусинец, од Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија, Ден Милстејн директор на европската регионална канцеларија во одделот за енергетика, Министерство за енергетика од САД, Бранко Миличевиќ, експерт за економски прашања, група експерти за гас, УНЕЦЕ, Барнум Пиечоровски, раководител на оддел за развој на бизнисот во балканскиот регион, УНИПЕР и Сотирос Никас, виш советник на DESFA од Грција. 

Претставникот на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија, г-динот Палагусинец зборуваше за предизвиците со коишто се соочувала Украина во намалување на енергетската зависност од снабдувањето на гас од Русија.

„Дебата се спроведува и во Министерството на САД за диверзификација на снабдување со енергенси во регионот. Расте побарувачката за електрична енергија во земјата и регионот особено во зимскиот регион. Доколку има дистрибутивни мрежи за гас во другите градови низ Северна Македонија тогаш граѓаните ќе го користат и ќе има економско оправдување. Безбедноста и стабилноста во снабдување со енергија се важни и мора да има диверзификација во снабдувањето“, рече директорот на европската регионална канцеларија во одделот за енергетика, Министерство за енергетика од САД, Милстејн.

Директорот Милстејн додаде дека се очекува за Северна Македонија и регионот во наредниот период да се воспостави снабдување со ЛНГ природен гас од САД.

На панелот се дискутираше за можностите и економските бенефити од снабдувањето со гас како поевтин енергенс, за ЛНГ течниот природен гас како и за важноста од изградба на гасна инфраструктура. Беше нагласено дека неопходно е да се овозможи енергетска независност во снабдувањето со гас, за да се обзеди конкурентност на цената, а со тоа да се заштити пазарот и да се избегнат ризиците од политички влијанија.

Советникот на премиерот Заев за енергетика, Митко Андреевски рече дека по постигнувањето на Преспанскиот договор се отворија можности да се забрза проектот за изградба на интерконекоторот помеѓу Република Северна Македонија и Грција што ќе овозможи диверизификација во снабдувањето со гас за нашата земја.

„Се надевам дека третата точка ќе биде за поврзување со Северна Македонија. Двете страни работат на тоа. До сега имаме поднесено студии за одобрување и студии за животната средина. Дизајнот е во тек во двете земји. Активностите за градба треба да започнат во јуни 20121. Техничките детали се утврдени. Финансирањето на проектот ќе биде 37% од ЕУ фондови, а во Северна Македонија имате обезбедено 95% од финансиите за проектот. Единственото отворено прашање е тестирањето на пазарот“, рече Сотирос Никас виш советник на DESFA од Грција и сподели искуства од Грција за начинот на организација на енергетскиот пазар во Грција.

Барнум Пиечоровски, раководител на оддел за развој на бизнисот во балканскиот регион, во компанијата УНИПЕР којашто е дел Е - ОН рече дека Северна Македонија и регионот ќе имаат можност да се снабдуваат и од ТАП гасоводот во којшто тие се дел од сопственичката структура.