Владата ќе ја одржи својата редовна 113-та седница

На денешната своја редовна 113-та седница, Владата на РМ ќе донесе одлуки за повеќе програми од надлежноста на Министерството за труд и социјална политика предвидени за 2019 година.

Министрите во владата денеска ќе се произнесат за Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2019 година, како и за Предлог-програма за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2019 година.

Министерството за труд и социјална политика на оваа седница ги стави на одлучување и Предлог-програма за развој на дејноста за заштитата на децата за 2019 година, Предлог-програма за остварување на социјалната заштита за 2019 година, како и Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2019 година.

Во пакетот програми што како предлози за одлучување доаѓаат од ова министерство за денешната седница се предвидени и Предлог-програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2019 година, Предлог-програма за персонална асистенција на лица со попреченост за 2019 година и Информацијата за Проектот ,,Вклучување на децата Роми во предучилишно образование“. 

На оваа седница на владата што ќе се одржи денеска попладне, ќе се најдат и други точки на дневен ред од интерес на граѓаните и од Програмата за работа на Владата на Република Македонија.