Националниот координатор и замениците национални координатори од Националниот комитет за СНЕ и БПТ организатори на тркалезни маси со локалните чинители за имплементација на Националната стратегија за спречување на насилен екстремизам

Националниот координатор Борче Петревски и замениците национални координатори Златко Поповски и Џеладин Ајвази од Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризам, заедно со Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, во периодот од 19.11.2018 г. до 17.12.2018 г. реализираа дискусии на тркалезни маси со претставници на локалните чинители во градовите  Тетово, Гостивар, Скопје (Чаир), Велес, Струмица, Куманово, Струга, Кичево и Прилеп.

Тркалезните маси беа дел од кампањата за дисеминација на Националната стратегија за спречување на насилниот екстремизам (СНЕ) на клучните локални чинители во различни општини.

Освен  подигнување на свеста за ризиците од насилен екстремизам и радикализација кои може да водат кон тероризам, примарна цел на тркалезните маси беше да се обезбеди клучна можност за учесниците да ги идентификуваат потребите и приоритетите во нивната општина за имплементација на Стратегијата и Акцискиот план во локален контекст.

Претставниците на Националниот комитет истакнаа дека спречувањето на насилниот екстремизам бара пристап на целото општество со вклучување на локалните институции, граѓанското општество и заедниците.

Вредните придонеси во дискусиите, наодите и препораките од страна на локалните чинители ќе обезбедат основа за понатамошен развој на локално прилагодениот Акционен план за спречување на насилниот екстремизам.