Средба на премиерот Заев со евроамбасадорот Жбогар: Поддршка за реализација на гласањето за уставните амандмани и реформите, 2019 година е клучна година за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата е изразена поддршка за успешно заокружување на гласањето за уставните амандмани и реализација на Договорот од Преспа, како и за успешна реализација на реформскиот процес.

Констатирана е како важна конструктивноста од сите страни и политички субјекти за потребните реформи и за преспанскиот договор.

2019 година е посочена како клучна година за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија.