Владина делегација присуствуваше на свеченоста по повод патрониот празник Св Климент Охридски - 8ми Декември

Владина делегација во состав од министер Зоран Шапуриќ, министер Аднан Ќахил и национален координатор за култура Роберт Алаѓозовски присуствуваше на свеченоста по повод патрониот празник Св Климент Охридски - 8ми Декември, ирганизирана од старана на НУБ Св. Климент Охридски - Скопје.

Свеченоста започна со положување свежо цвеќе на споменикот на св Климент Охридски и продложи со музичка точка и доделување на наградата на „Библиотека на годината“

Централниот дел од свеченоста беше ументички перформанс наречен „Емоции“ посветен на македонскиот книжевник и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески, по повод 25 годишнината од неговата смрт.