Владина делегација положи свежо цвеќе на воените гробишта во Битола по повод 100 годишнината од Првата светска војна

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од Националниот координатор за здруженија на бранители, Стојанче Ангелов и советникот за одбрана на Претседателот на Владата на Република Македонија, Драган Василевски, положи свежо цвеќе на воените гробиштата, по повод одбележувањето на сто годишнината од денот на помирувањето и големата победа во Првата светска војна.

На настанот, во организација на амбасадата на Република Србија во Република Македонија, присуствуваа и други претставници од Владата на Република Македонија и на Владата на Република Србија, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата.