Обраќање на ПВРМ, Зоран Заев на настан посветен на пуштање во употреба на пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија

Во среда (26 септември) во 10:30 часот, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе се обрати на настан посветен на пуштање во употреба на пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија. На настанот свои обраќања ќе имаат и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакакис, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Календар Влада: 
Среда, Септември 26, 2018 - 10:30 to 11:30