Министерот Кралев се сретна со претставници на СОНК

Министерот Панче Кралев  денеска одржа работен состанок со Синдикатот за образование наука и култура на Република Македонија, на кој присуствуваа и претставници од Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат.

На средбата се разговараше за ревизија на наставниот план и програма која им е претставена на учениците, за бројот на изборни предмети во училиштата, за водењето на педагошка евиденција, како за користењето на е-дневникот. Стана збор и за фондот на часови кои го имаат наставниците, за степенот на реализација на наставната програма, како и за критериумите по кои се оценуваат наставниците, соопшти Министерството за образование и наука.