Информација за пожарите во општина Македонски Брод и состојба во други региони до 16:00 часот

Пожарот во атар на с. Требовље, општина Македонски Брод сеуште е активен према месноста Лутоец и с. Растеш. Во моментот загрозени се првите 3 куќи од селото и 1 плевна. Двете лица (старицата и болното дете) во с. Растеш место викано Калец се евакуирани од куќата на која и претеше опасност да биде зафатена од пожарот.

На гасење на пожарот на терен  дејствува 1 хелихоптер од АРМ. Утрово дејствуваа 2 авиони на ДЗС, 2 хелиоптери на АРМ и 1 хеликоптер помош од Р. Бугарија. На терен се и тимови од ТППЕ-Кавадарци, Мак. Шуми, припадници на АРМ, месно население и лица од ДЗС.

Во моментотот појавен е нов шумски пожар во реонот помеѓу селата Девич и Грешница, и постои загрозеност на првите куќи од с. Девич. Во гасење на овој пожар дејствува екипа на ТППЕ-Македонски Брод и лица од ЈП МШ-Македонски Брод.

На територија на РЦУК Велес има еден активен пожар. Ги зафаќа падините на Горна Јакупица. Пожарот зафаќа подрачје кое е прекриено со суви дрва, воедно теренот е тешко достапен и опасен за гасење. Во гасењето ангажирани се вработени во ШС Бабуна Велес.

На подрачјето помеѓу селата Раштани и Бузалково појавен е пожар на отворен простор. Околу 14,30 часот пожарот е раширен во три правци и тоа кон с. Раштани, Сливник и Клуковец. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипи на ТППЕ.

РЦУК – Тетово, известува дека пожарот кој што е активен во с. Здуње (истиот пожар од с. Требоње) во Македонски Брод има тенденција за проширување на атар на с. Гургурница, општина Тетово.

РЦУК – Штип, известува дека околу 09:30 часот на потегот помеѓу селата Теранци и Водовиште, кај местото викано Трнавица избувнал шумски пожар со ниска шума кој започнал да се шири спрема манастирот Света Петка на планината Плачковица. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипите на ТППЕ Кочани, ДЗС и месното население. Пожарот сеуште не е локализиран и веќе е проширен на висока шума.

 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ