Јагода Шахпаска

Функција: 
Министерка за труд и социјална политика
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Јагода Шахпаска  е родена на 18 март 1964 година во с.Тепавци, Битола.

Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 1988 година. Од 2003 до 2007 година ја завршува Специјализацијата по интерна медицина на Медицински факултет во Скопје.

Во 2007 година ја завршува обуката за абдоминална ултрасонографија и обуката за ехокардиографија на Универзитетот „Св.Ѓорѓи“ во Пловдив, Република Бугарија.

Професионална кариера ја започнува во 1991 година, при што до 1992 година работи како републички здравствен и санитарен инспектор за Општина Делчево и Македонска Каменица.

Во периодот од 1992 година до 2003 година работи како лекар од општа пракса во Итната медицинска помош во Здравствениот дом во Пехчево.

Од 2007 до 2014 година е ангажирана како специјалист по интерна медицина во  Здравствениот дом во Пехчево. 

Шахпаска во периодот од 2009 до 2013 година е член на Советот на Општина Берово, при што е и координатор на советничката група на СДСМ.

Во периодот од 2014 до 2016 година е избрана за пратеник во Собранието, а во текот на овој мандат членува во Комисијата за труд и социјална политика, Националниот совет за евроинтеграции и  Комисијата за европски прашања. Воедно е и претседател на Комисијата за здравство.

За пратеник во Собранието е повторно избрана во периодот од 2016 до 2020 година. Во овој мандат е заменик-претседател на Комисијата за здравство и членува во Комисијата за труд и социјална политика, Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика и Комисијата за еднакви можности.

Шахпаска е шеф на Парламентарната група на Собранието на РСМ за соработка со Чешкиот Парламент, член на Делегацијата на ПС на ОБСЕ, член на Silk roud group на ПС на ОБСЕ, член на Парламентарна група за соработка со Германскиот Бундестаг, член на Парламентарна група за соработка со Парламентот на НР Кина, член на Парламентарна група за соработка со Парламентот на Ирска, заменик-претседател на ИППГ за лица со посебни способности, член на ИППГ за правата на ЛГБТИ лица, член на ИППГ група за ХИВ-СИДА.

Во јуни 2018 година престојува во Германскиот Бундестаг преку Гостинска програма за пратеници од земји на Западен Балкан.

Шахпаска e избрана во трет пратенички мандат на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули 2020 година.

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министерка за труд и социјална политика во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Автор е на повеќе стручни трудови од областа на медицината.

Говори англиски јазик.

Омажена, мајка на две ќерки.

Мандатно писмо на Јагода Шахпаска