Фатмир Битиќи

Функција: 
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

 

Фатмир Битиќи е роден на 26.10.1975 година. Дипломирал  бизнис aдминистрација, насока бизнис менаџмент на Универзитетот во Тирана, Албанија (1994 – 1999г.).
Битиќи е интернационален експерт од областа на менаџирањето со економски процеси и реформи со преку 20 години работно искуство во над 100 различни програми и проекти со цел развој на сектори, државни институции, стопански комори и компании.

Има спроведено преку 500 обуки во земјите од Западен Балкан и досега бил професионално ангажиран како консултант и советник во повеќе влади, министерства и институции од регионот. 

Од 2008 година активно е вклучен како експерт за пристап и раководење со ЕУ фондови и важи за еден од водечките професионалци за оваа област во регионот.

Негова тесна специјалност е стратешко планирање и менаџирање со развојни, економски и бизнис програми и важи за одличен познавач на бизнис приликите со долгогодишно искуство во реалниот сектор како претприемач, консултант и извршен менаџер.

Автор е на повеќе стратегии, предлог-закони, прирачници и упатства од областа на финансиите, економијата и развојот на бизнисот.

Во aприл 2018г. е ангажиран како посебен советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за спроведување на истражувања и анализи за политики, стратегии и теми поврзани со економијата како и подготовка на професионални мислења, коментари и препораки. Член е на Економскиот совет на Владата и дел од Советот за економски реформи и одржлив развој, одговорен за подобрување на политиките во деловното окружување.

Од август 2019 ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за финансии во СДСМ.

Битиќи активно зборува пет јазици: македонски, албански, англиски, германски и српски/хрватски.

Мандатно писмо на Фатмир Битиќи