Средба на лидерите од Коалицијата „За подобра Македонија“

Прашања поврзани со евроатлантските аспирации на Македонија, актуелната состојба во Парламентот предизвикана од СДСМ и Бранко Црвенковски, како и настани кои го одбележаа изминатиот период, но и предизвиците за земјата во пресрет на локалните избори,  и општо како економијата, пред се за влијанието на европската должничка криза врз Македонија и нашите одговори во тој правец.

Ова го изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната средба во Скопје со лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.

- Мислам дека беше една добра дискусија. Слушнавме различни мислења и предлози за различните проблеми и предизвици со кои се соочуваме, размена на информации и анализи. И понатаму продолжуваме да бидеме во дневна комуникација со сите нив. Тие не овластија како најголема партија во коалицијата да продолжиме да се бориме со предизвиците согласно нашата програма со која заеднички настапивме и согласно нашите заемни размени на анализи, информации и размислувања, посочи Груевски.

Премиерот Груевски на оваа традиционална пред-новогодишна средба со лидерите од Коалицијата беше придружуван од Мартин Протогер, шеф на неговиот Кабинет, од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, од министрите за внатрешни работи и за здравство, Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров и од пратеничката Силвана Бонева.