118-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
09.11.2021 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (606.83 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записник од 116-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 30.10.2021 година
Пред точка Усвојување на Записник од 117-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 2 ноември 2021 година  
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точа  Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија  
Пред точка Агенда Европа дома
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните инвестициии
Пред точка  Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јули 2021 година – 31 декември 2021 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка Агенда за дигитална трансформација
Пред точка Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција заклучно со 9.11.2021 година
1 Предлог-уредба за мрежни услуги (*)
2 Барање за добивање на согласност за најниска висина на еднократен надоместок (5G), со Предлог-одлука
3 Информација за потреба од итна еднократна финансиска помош за ЖРСМ Транспорт АД - Скопје
4 Предлог-одлука за запишување права на недвижност во сопственост на Република Северна Македонија (објект кој се наоѓа на КП.бр.1836, на м.в. Бабин Дол КО Љубаништа Арх.бр. ДП 03-349/1)
5 Предлог-одлука за запишување права на недвижности во сопственост на Република Северна Македонија (објект зграда на КП.бр.11097 во КО Охрид 2 Арх.бр.03-350/1)
6 Предлог-закон за изменување на Законот за хартии од вредност
7 Информација во врска со измената на Законот за Царинската тарифа
8 Информација за План за забрзан економски раст 2022-2026
9 Информација за иницијатива за изработка Физибилити студија за оправданост од воспоставување на специјална економска зона за трговија и стоки (Tradec and Commodities Special Economic Zone TACSEZ) Во Република Северна Македонија
10 Информација со Предлог-одлука за давање на согласност за спроведување на постапка за изборна правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
11 Годишен извештај за работа на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти за 2020 година, Годишен финансиски план и Годишен план за работа за 2022 година на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти)
12 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижности Арх.бр.03-379/1 (КП бр.1998/1 КО Горни Подлог)
13 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Урбаниста, Штип, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
14 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Изгрев, Штип, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
15 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Александрија, Охрид, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
16 Информација за реализација на мерките од Акцискиот план за железници, Акцискиот план за олеснување на транспортот, Акцискиот план за патишта и Акцискиот план за безбедноста на патиштата усвоени од Владата на Република Северна Македонија и Министерскиот совет на Транспортната заедница
17 Информација за подготовка на шеснаесеттиот состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација кој ќе се одржи на 17 и 18 ноември 2021 година преку видео конференциска врска
18 Понуда од нотар Сашо Клисароски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен Лист бр. 4965 за КО Сингелиќ-1, на КП бр.2474, Викано место/улица Х.Жефаровиќ 10756
19 Понуда од нотар Јасмина Радончиќ од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен Лист бр.2520, за КО Сингелиќ 1, на КП бр. 5005, Викано место/улица Маџари
20 Понуда од нотар Зафир Хаџи-Зафиров од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен Лист бр. 53378 за КО Карпош, на КП бр.3327, дел 1, Викано место/улица Прашка 10755
21 Понуда од нотар Трајко Маркоски од Прилеп за продажба на недвижен имот со Имотен Лист бр. 3935 за КО Варош, на КП бр.5735, Викано место/улица Точила 10739
22 Понуда од нотар Мери Весова од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.85169, за КО Ѓорче Петров 5 Лепенец, на КП бр.2599
23 Известување И.бр.337/2021 од извршител Весна Деловска од Скопје за Заклучок за усна јавна продажба за недвижен имот запишан во Имотен лист бр.854 и Имотен лист бр.604 за КО Трубарево која ќе се одржи на 16.11.2021 година
24 Тромесечен извештај за финансиското работење на ЈПВ Лисиче-Велес, за период јули-септември 2021 година
25 Тромесечен финансиски извештај за работењето на ЈП Национални шуми, за период јули - септември 2021 година
26 Тромесечен извештај за работењето на Јавното претпријатије за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија - Скопје, за период јули-септември 2021 година
27 Тромесечен финансиски извештај за работењето на АД ТЕЦ Неготино, за период јули-септември 2021 година
28 Информација за текот и реализацијата на пристапувањето на Република Северна Македонија кон Делумната спогодба за Младинска картичка со цел промовирање и олеснување на мобилноста на младите во Европа
29 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма од трет циклус на студии по „Градежништво“ на Градежен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Предлог Решение за почеток со работа на студиската програма од трет циклус на студии по „Градежништво“ на Градежен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
30 Записник од Шеснаесеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 8 ноември 2021 година, со Предлог - одлука
31 Информација во врска со продажба на движни ствари (моторни возила) во сопственост на Република Северна Македонија, чиј корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија поради неисправност, неупотребливост и застареност, со Предлог-одлука
32 Информација во врска со реализација на проект за„Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, во Република Северна Македонија и можноста за соработка со УНДП
33 Предлог-одлука за отворање Почесен конзулат на Големото Војводство Луксембург во Република Северна Македонија со седиште во Скопје
34 Предлог-одлука за давање согласност за именување Почесен конзул на Големото Војводство Луксембург во Република Северна Македонија со седиште во Скопје
35 Информација за потребата од формирање на Координативно тело за следење и насочување на изработката на одделни фази на Просторниот план на Република Северна Македонија
36 Предлог-програмата за изменување на Програмата за Колекторски систем Охрид и Струга за 2021 година
37 Барање за добивање на согласност за висина на еднократен надоместок, со Предлог-одлука