24-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
24.11.2020 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (868.39 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од 16-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 27 октомври 2020 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 18-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 9 ноември 2020 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 21-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 17 ноември 2020 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 22-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 19 ноември 2020 година
Пред точка Информација за потребата од одржување на обука за практична примена на Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, со презентација
1 Записник од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 23 ноември 2020 година
2 Записник од Шестата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 24 ноември 2020 година
3 Анализа на финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија (од 2017 година до прва половина на 2019 година) со Компаративна анализа на моделите за државно финансирање од другите земји и Предлог - модел на Фонд за институционална поддршка на граѓанските организации и ко-финансирање на ЕУ - проектите во Република Северна Македонија
4 Предлог на закон за дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка
5 Информација за обезбедување согласност од ТАВ Македонија ДООЕЛ Мралино Илинден како инвеститор и ТАВ Хавалиманлари Холдинг А.S. како референт оператор за неизведба на карго аеродромот во Штип
6 Предлог - одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година (средства во износ од 1.392.000 денари на Друштвото Фабрика за шински возила ВЕЛЕС ДООЕЛ Велес (Колска Велес))
7 Предлог - одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година (средства во износ од 696.000 денари на Друштвото за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – ЕУРОКОМПОЗИТ“ АД Прилеп)
8 Предлог на закон за Агенцијата за разузнавање
9 Информација со Предлог - одлука за користење на стоковни резерви лекови – инсулин за хумана употреба
10 Известување од извршител Снежана Андреевска од Скопје, за налог за извршување врз недвижност, доставен под И.бр.2495/19 од 28.07.2020 година, која ќе се одржи на 26 ноември 2020 година, за КО Чаир
11 Информација за спроведување на јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот декември 2020 – декември 2022 за потребите на населението на Република Северна Македонија
12 Информација за изградба на пруга Бељаковце-Крива Паланка, за период до 30 септември 2020 година
13 Предлог - програма за изменување на Програма за развој на спорт и млади за 2020 година
14 Предлог - одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје ц.о
15 Информација за состојбата на проектот „Имплементација и воведување во употреба на Европскиот број за итни повици Е-112 во Република Северна Македонија“.
16 Предлог - програма за изменување на Програмата за распределба на средства од игри на среќа и забавни игри за 2020 година за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Северна Македонија
17 Годишен извештај за финансиското работење на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје за периодот од 1 јануари 2019 до 31 декември 2019 година, со Предлог-одлука
18 Годишна сметка на Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје за 2019 година, со Извештај од независниот ревизор и Предлог - одлука
19 Информација во врска со спроведената постапка за јавна набавка на услуги за вршење на ревизија на годишните финансиски извештаи на Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија за 2020 година, со Предлог - одлука
20 Информација за улогата на Трговското друштво Нафтовод ДООЕЛ Скопје во својство на малцински акционер во Претпријатието за нафтени цевоводи Солун-Скопје-Вардакс АД
21 Информација за уплатите од страна на Државниот завод за индустриска сопственост кон Европскиот патентен завод
22 Барање за давање на сопственост на недвижни ствари-објекти сопственост на Република Северна Македонија, со предлог-одлуки
23 Предлог-одлука за давање согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на непосредна спогодба на Друштво за производство на електрична енергија МХЕЦ Ехлоец ДОО Скопје, со седиште ул.„Никола Парапунов“ бр.41, Скопје за изградба на мала хидроелектрична централа на река „Ехлоечка“ со реф.бр.51 во Општина Кичево
24 Предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската Kомисија
25 Предлог-програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година
26 Информација во врска со потребата за изменување на Решението за формирање Цивилно-воен комитет, со Предлог-решение
27 Информација за текот на преговори за пристапување кон спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки
28 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Е2-комунална супраструктура за производство на електрична енергија од алтернативни обновливи извори-биогас со капацитет до 1МW, КО Заполжани, Општина Долнени, со Предлог-одлука
29 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистичкиот план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија КО Козјак, Општина Ресен, со Предлог-одлука
30 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Проект за инфраструктура за изградба на пристапен пат КО Сушица 1, Општина Гостивар, со Предлог-одлука
31 Информација за спроведеното завршно оценување на Стратегијата за регионален развој 2009-2019 и Програмите за развој на планските региони, со Завршна евалуација
32 Предлог-одлука за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2021 година
33 Предлог-одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на општина Делчево
34 Предлог на закон за ратификација на Техничкиот аранжман меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушниот простор FIR SKOPJE (LWSS)
35 Информација за потребата од потпишување на Анекс 2 на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Министерот за локална самоуправа и Кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и Владата на Швајцарската конфедерација, претставувана од Амбасада на Швајцарија/СДЦ како и Анекс 5 на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Министерот за локална самоуправа и Владата на Швајцарската конфедерација, претставувана од Амбасада на Швајцарија/СДЦ
36 Информација за потпишување на Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Владите на Република Северна Македонија и Република Албанија за 2019 година од Акциската програма за преку – гранична соработка Република Северна Македонија - Република Албанија за годините 2018-2020 – CRIS 2019/041-371, во рамки на ИПА2
37 Предлог-одлука за времено укинување на визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Северна Македонија за странски државјани носители на важечка британска, американска и канадска виза
38 Предлог-програма за изменување на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери и за обезбедување на средства за специјалистичко - консултативни и болнички здравствени услуги за корисниците на правото на социјална парична помош како и на членовите на нивните домаќинства во Република Северна Македонија за 2020 година
39 Предлог-програма за изменување на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности во Република Северна Македонија за 2020 година
40 Извештај за извршени преговори со усогласен текст на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство и семејна добросостојба на Република Индија за соработка во областа на здравството
41 Информација за промена на динамика на обврските од склучен договор за повеќегодишна јавна набавка за вршење на стручно технички надзор при изградба и опремување на 77 училишни спортски сали во основните и средните училишта во рамки на проектот за изградба и опремување на 145 спортски сали, наш бр.10-11/14 од 21.03.2017 година и арх.бр на носителот на набавката 08-417/1 од 21.03.2017 година
42 Информација за активностите на проектот Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија и промена на динамика на обврските од склучен договор за повеќегодишна јавна набавка за изведување на градежни активности за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали во основните и средните училишта
43 Информација за исплата на пензии за ноември 2020 година
44 Информација по доставено Барање за одобрение за основање на приватна установа за вон семејна социјална заштита на стари лица на ГП 10.3 ДУП АРМ Четврт 3 Битола КП 17595/506 КО Битола, со Предлог-одлука
45 Информација за одземање на одобрение за основање на приватна установа за деца-детска градинка „Стар“ од Гостивар, со Предлог-одлука
46 Предлог-одлука за престанок и давање на времено користење на недвижни ствари на Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ-Скопје
47 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Здравствен дом - Липково (патничко моторно возило)
48 Предлог – одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Струмица (две патнички моторни возила)
49 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Државен студентски дом „Скопје“ Скопје (мебел)
50 Предлог-одлука за пренесување на основачките права и обврски над општинско угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ Охрид
51 Предлог-одлука за пренесување на основачките права и обврски над средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ Куманово
52 Предлог-одлука за пренесување на основачките права и обврски над Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“ Тетово
53 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Кочани, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.290/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2016) и делот од член 81 став 9 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр. 106/2007, 88/2010, 36/2011, 53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 154/2015, 228/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 113/2018 и 245/2018)
54 Иницијатива поднесена од Светскиот македонски конгрес, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.266/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на зборовите: „Прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за координација на политичките прашања на ресорите“ во насловот на Глава II, членовите 5 и 6 од Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија.
55 Иницијатива поднесена од Светскиот македонски конгрес, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.267/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/2018)
56 Иницијатива поднесена од Светскиот македонски конгрес доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под Уесна од.бр.270/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2016)
57 Иницијатива поднесена од Светскиот македонски конгрес, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.265/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 16 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.59/00, 26/01, 13/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и 98/19)
58 Иницијатива поднесена од адвокат Александра Илиева Милчова од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.277/2020 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 288, член 381 став 3 и 4, членовите од 483 до 490 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016, 193/2016 и 198/2018)
59 Понуда од нотар Насер Зибери од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2626 за КО Бутел на КП бр. 2370 МВ/Улица Бутелска
60 Понуда од нотар Анита Адамчевска од Скопје за купопродажба на недвижен имот со Имотен лист бр.7329 за КО Центар 1, Имотен лист бр.111109 за КО Центар 1 и Имотен лист бр.111108 за КО Центар 1
61 Понуда од нотар Сашо Клисароски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.953 за КО Бутел на КП бр.5047 викано место/улица Хо Ши Мин
62 Понуда од нотар Стела Лазаревска од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.192565в за КО Драчево на КП бр.785 викано место/улица Јурија
63 Понуда од нотар Џеват Бучи од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2085 за КО Злокуќани на КП бр.7060 мв с. Злокуќани
64 Известување од извршител Гордан Станковиќ од Скопје за заклучок за трета усна јавна продажба, доставена под И.бр. 1275/2017, која ќе се одржи на 25 ноември 2020 година, за КО Љубанци
65 Известување од извршител Снежана Андреевска од Скопје, за налог за извршување врз недвижност, доставен под И.бр.19/20 од 14.01.2020 година, која ќе се одржи на 25 ноември 2020 година
66 Кадровски прашања /24/
67 Прашања и предлози /24/
68 Извештај за материјално финансиско работење на ЈП "Студенчица" Кичево, за трет квартал на 2020 година
69 Информација за реализација на активностите наведени во Акцискиот план за имплементација на дадените препораки од Конечните извештаи од овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на ЈЗУ Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје за 2017 година
70 Информација во врска со препораки од Интернационална стопанска комора до Бирото за јавни набавки за додавање на Анти-Корупциска клаузула во договорите за јавни набавки
71 Информација за преземените мерки од страна на Министерството за внатрешни работи по основ на заклучоците на Владата на Република Северна Македонија донесени на Сто и четириесеттата седница, одржана на 18 јуни 2019 година, кои произлегуваат од Годишните извештаи за ревизорска активност и Годишни ревизорски мислења за 2018 година, доставени од Ревизорското тело до надлежните директорати на Европската Комисија на 15 март 2019 година
72 Предлог на закон за регистрација на возила со странски регистерски таблици на територијата на Република Северна Македонија
73 Информација во врска со активностите од Прва фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија, со Предлог-одлука
74 Информација за активностите поврзани со Бернска Конвенција
75 Информација во врска со финансиска поддршка за јавни комунални претпријатија
76 Информација во врска со инвестициската арбитража во предметот Gokul das Binani and Madhu Binani против Република Северна Македонија од 3 ноември 2020 година
77 Предлог-одлука за распределба на средства обезбедени во потпрограма 20-Сообраќај и комуникации, ставка 488-Капитални дотации до ЕЛС во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година
78 Предлог-одлука за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво, ставка 488-Капитални дотации во ЕЛС во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година
79 Информација за започнување на постапката за доделување на концесија на дивечот во ловиштата во Република Северна Македонија, со Предлог-одлука за започнување на постапка за доделување на концесија на дивечот во ловиштата во ловниот реон Куманово
80 Информација за подготовка на Мастер план на Република Северна Македонија во рамките на регионалниот ИПА проект „Регионална поддршка за управувањето со сензитивната миграција во делот на Западен Балкан и Турција–фаза 2
81 Информација за отпочнување на процес на Кодификација на правото и правниот поредок во Република Северна Македонија
82 Информација за измена на Решение за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштво за производство и трговија БУЛ-БИЛДИНГ ДООЕЛ Пробиштип, со Предлог-одлука
83 Информација за набавка на дополнителни Microsoft лиценци за потребата на Министерството за образование и наука
84 Барање согласност на Одлуката за именување на заменик директор на Фондот на ПИОСМ