Прес

Општествено корисна работа во општините за 200 лица од ранливите категории

Двесте невработени лица од социјално ранливите категории, приматели на социјална помош, лица во социјален ризик и потешко вработливи лица годинава ќе можат да бидат ангажирани за општокорисна работа во општините за период од шест месеци за што ќе добиваат месечен надомест од 6.200 денари. Во периодот на ангажманот лицата кои примаат било каква парична помош од државата нема да ја изгубат.

Грантови од по 1.500 евра за 200 нови работни места

Нови 200 вработувања ќе се реализираат преку мерката за финансирање поестоечки микро и мали претпријатија за што се се издвоени вкупно 18 милиони и 400 илјади денари. Со по 1.500 евра ќе се финансира секое новоотворено работно место во претпријатијата. Огласот за мерката е отворен денеска и нема временско ограничување односно ќе трае додека не се испони предвидената бројка.

Осум театри опремени со нова и современа сценска, светлосна и тонска опрема

Осум театри се опремени со нова и современа сценска, светлосна и тонска опрема, проект кој се наоѓаше во програмата на Владата и на Министерството за култура за кој беа издвоени средства во висина од 17,6 милиони денари.

Проект за развој на Кокино како туристичка дестинација

Со изработка на новата веб-страница www.kokino.mk, промотивно видео, мобилна апликација, реновирање на информативните табли, поставување на патокази и заштитни прегради на ранливите делови и оградување на локалитетот НУ Музеј Куманово во соработка со Локалната акциска група „Абер 2015“ и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финасиран од УСАИД и Владата на Швајцарија ќе се развива мегалитската опсерваторија Кокино како туристичка дестинација.

Нова авионска линија Скопје - Прага

Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од 20 мај годинава, со три лета неделно. Билетот во еден правец чини 5.039 денари (85 евра), а повратен 9.725 денари (159 евра) со вклучени такси.

Изработена Стратегија за развој на полицијата 2016 - 2020

„Полицијата е организација која ние сите ја гледаме секој ден на улица, во одредени објекти, во установи. Тоа е организација на која треба да ѝ веруваме, да ја врши својата работа на заштита и помагање.

Работилница за поголема компатибилност на образовниот систем со пазарот на труд

Постигнување поголема компатибилност на образовниот систем со реалните состојби и потреби на пазарот на труд преку поврзување на потребите на пазарот на трудот и образовните програми со нова алатка „Опсерваторија на вештини“, најави денеска заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Поддршка за 61 проект од креативните индустрии на четвртиот конкурс

Шеесет и еден проект од областа на креативните индустрии ќе добијат финансиска поддршка од Министерството за култура. Тие се избрани на четвртиот конкурс на кој аплицирале 114 проекти. Триесет од прифатените се на физички лица, 31 на граѓански здруженија и други правни субјекти. Со нив вкупно 211 проекти добиле поддршка од почетокот на објавувањето на конкурсите во 2013 година.

Culture Ministry to support sixty-one projects for creative industries

A total of 114 applications by individuals, civil associations and other institutions were submitted to the Ministry of Culture in the field of culture in the fourth call for creative industries. 61 projects have been supported, Culture Minister Elizabeta Kanceska-Milevska said at Friday’s press conference. So far, 211 projects have received financial support since the start of announcement of the 2013 call.

Од мај повторно редовна авиолинија Скопје- Прага

Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од 20 мај годинава, со три лета неделно. Билетот во еден правец чини 5.039 денари (85 евра), а повратен 9.725 денари (159 евра) со вклучени такси.

Pages