Прес

Доделени првите грантови за самовработување на лица со инвалидност

На 30 лица со инвалидност денеска им беа доделени грантови од по 5.000 евра за почнување сопствен бизнис. Според проектот на Владата се очекува до средината на месец јуни и останатите 70 лица кои се влезени во процесот на квалификации и имаат добри бизнис планови да ги добијат неповратните средства.

МОН најави бесплатно подучување ученици од студенти тутори

Учениците кои треба да го подобрат знаењето по одреден предмет може да бидат бесплатно подучувани од студенти волонтери кои ќе бидат внесени во базата на Интерактивниот портал за тутори. Министерството за образование и наука ќе го спроведува новиот проект од октомври.

Зголемен бројот на термини и на прегледи

Бројот на термини за преглед овој месец е зголемен за 12 проценти споредено со истиот период минатата година. Поконкретно, во мај 2015 година во системот се евидентирани 380.784 термини, додека овој месец 425.979 термини. За 16 проценти, пак, е зголемен бројот на прегледи.

На првиот јавен повик за „Еразмус плус“ во 2016 прифатени 44 апликации

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност прифати 44 од 173 апликации за програмата на ЕУ „Еразмус плус“ на првиот јавен повик (од 1 јануари до 2 февруари) и за нив одобри вкупно 2,13 милиони евра.

Самовработување на лица со попреченост преку отворање сопствен бизнис

Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска во Тетово присустваа на обуката на петанесеттина лица со попреченост за нивно самовработување преку отворање сопствен бизнис.

Спасов:Со мерката за самовработување со грант отворени над 7.800 бизниси

Мерката грант за самовработување истекува до крајот на април, сите оние кои имаат идеја за отварање сопствен бинис, можат да ја искористат оваа мерка, апелираше денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Poposki doesn't see will in Greece to let Macedonia join NATO during Warsaw Summit

Macedonian Foreign Affairs Minister Nikola Poposki, who was on a visit to Greece for a meeting of regional foreign ministers, told the press that it is not realistic for Macedonia to expect an invitation to join NATO at the upcoming Warsaw Summit, due to Greece's objections.

Попоски: Единствена пречка за нечленување на Македонија во НАТО е наметнатиот спор со името од грчка страна

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски за време на состанокот во Солун одговори на неколку прашања на бугарски новинари кои се интересираа за различни работи.

Доскоцил: Македонија има водечка улога за заштитата на границите

Македонија има водечка улога во обезбедувањето на границите, не само на т.н.Балканска рута за мигрантската криза, туку и во врска во Австрија и со Германија, нагласи австрискиот министер за одбрана и спорт Ханс Петер Доскоцил по денешната средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Оглас за 420 грантови за самовработување

Сите заинтересирани невработени лица од денеска до 30 април можат да аплицираат за финансиска подршка за самовработување преку отворање мал бизнис во износ од 200 илјади денари.

Pages