Прес

Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска во Тетово присустваа на обуката на петанесеттина лица со попреченост за нивно самовработување преку отворање сопствен бизнис.

Освен соодветна обука за основи и изработка на бизнис план и регистрирање нов правен субјект лицата учесници во овие проекти ќе добијат и неповратни средства од 270 илајди денари за носителот на бизнисот и дополнителни 92 илајди денари за ново вработување како и други погодности.

- За оваа година имаме обезбедено 50 милиони денари за финасиска подршка на 100 нови бизниси односно за финасиска подршка на 100 лица со инвалидност да се самовработат и да отворат плус дополнителни 200 работни места или пак околу 300 работни места преку оваа мерка очекуваме да се реализираат и се обезбедени вкупно 50 милиони денари. Во овој момент има веќе отворен јавен оглас втор за оваа година. Ги повикувам сите лица со инвалидност коишто се работоспособни да ја искористат оваа можност да аплицираат и да им помогнеме да ја остварат својата замисла и својата бизнис идеја, изјави Спасов.

Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски ова е трет повик за самовработување на лица со попреченост за нивно самовработување.

- Тие може да аплицираат и за дополнителни средства од 100 илјади денари за адаптација на нивното работно место доколку имаат потреба за адаптација исто така неповратни средства од агенцијата за вработување. За овие лица коишто ќе се самовработат придонесите коишто ќе ги плаќаат кон државата Министерството за труд и социјална политика ги враќа во одреден период, односно околу шеесеттина денови на лицето коешто се вработува. По истекот на девет месеци откако ќе ја формираат фирмата и имаат редовно исплатено плата и имаат успешна прикаска, успешен бизнис ќе добијат можност за неповратни 20 просечни плати односно некаде приближно во денешни услови околу 7.000 евра или 440 илјади денари, а доколку се во количка или пак се над 90 отсто слепи тогаш ќе добијат можност за 40 просечни плати, односно 880 илјади денари или 14 илјади евра средства што се исто така неповратни и се доделуваат на име на компанијата што ја основале, рече Поповски.

Оваа нова активност на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за врабптување предвидува освен обуката што трае четири денови лицата со попреченост што ќе се самовработат преку основање сопствен бизнис и добивање на ментор за изработка на бизнис планот во период од следните три години да добиваат и техничка подршка од стручни лица што ќе им помагаат во водењето на бизнисот и решавање на дополнителни проблеми што може да се јават во овој период. 

Мерката грант за самовработување истекува до крајот на април, сите оние кои имаат идеја за отварање сопствен бинис, можат да ја искористат оваа мерка, апелираше денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој заедно со директорот на АВРМ, Влатко Поповски и пратеникот Зоран Ѓорѓиевки ја посети приватната стоматолошка ординација на доктор Емица Младеновска Спасиќ во Куманово, основана со мерката грант за самовработување пред две години.

- Денеска можеме да видиме дека се уште постои функционира има плус уште едно вработување, преку мерките за вработување кои што ги нуди Владата на Р. Македонија за приватните компании. Мерката грант за самовработување, неповратни средства од 200.000 до 350.000 денари се покажа како една од најуспешните мерки за вработување кои ги реализираме изминатите години, рече Спасов.

Тој ги повика сите невработени лица кои имаат вештини, одредена идеја за основање сопствена компанија, имаат познавање на одреден занает, и сaкаат да се самовработат да ја искористат оваа мерка и да аплицираат на огласот кој се уште е во тек.

- Вториот оглас за грант за самовработување со неповратни средства од 200.000 до 350.000 денари, се уште е во тек, сите заинтересирани можат да аплицираат до 30-ти овој месец и да ја искористат оваа можност која што ја нуди Агенцијата за вработувањеи  МТСП, рече Спасов.

Тој нагласи дека мерката грант за самовработување е една од најуспешните мерки кои досега се реализирани и која помогнала за формирање 7.800 приватни компании и помогнала да се отворат над 7.900 работни места во Р. Македонија, изминатите неколку години и помогнала во создавање мали бизниси кои се двигатели на македонската економија.

- Оваа мерка им помогна на невработените да го оставарат својот сон, да се самовработат, да формираат сопствен бизнис, да заработуваат за себе, своето семејство, меѓутоа и да отворат нови работни места. Ова е одлична можност за финансика поддршка за неповратни средства за сите оние кои што имаат одредени размислувања, некогаш во животот размислувале да отворат сопствен бизнис, рече Спасов.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски при посетата на ординацијата изјави дека ова е успешен проект и покажува дека секој што има добра идеја и знаење може да опстане.

- Сите оние што имаат идеја, сакаат да добијат и средства односно имаат потреба од средства можат да аплицираат на вториот оглас за оваа година каде што можеме да финансираме до 420 бизниси кои што би требало согласно динамиката и планот за реализација некаде во септември или октомври да ги отворат своите бизниси и да ги добијат своите средства кои што се загарантирани, рече Поповски.

Појасни дека покрај редовните средства од 200.000 денари колку што чини едно самовработување со обука и со купување опрема и репроматеријали можеме да се додаелат уште дополнителни скоро 1.500 евра за иновативни бизниси.

- Тоа значи некаде околу 5.000 евра да дојде комплетното финансирање за оние бизниси кои што се иновативни, економски одржливи и оние кои што самите експерти ќе ги прогласат за бизниси кои што ќе траат малку подолго, значи  подолгорочен план кои што имаат можност за развој и дополнителни вработувања„-изјави Поповски.

Покрај тоа што ќе се самовработат, додаде тој, ќе можат да аплицираат за уште едно дополнително работно место, а средствата за тоа ќе се одредат по завршување на вториот циклус на исплата на средства.

- Преку овој проект има над 7.800 формирани бизниси, од нив над 73 проценти се уште опстојуваат, се уште постојат и се уште функционираат и вработуваат дополнително други лица вo самите бизниси, рече Поповски.

Докторката Емица Младеновска Спасиќ, истакна дека е задоволна од искористувањето на мерката и дека со мерката за вработување на млади до 29 години вработила и стоматолошка сестра.

- Ги повикувам сите кои што се заинтересирани да се пријават на конкурсот кој што е во тек, изјави Емица Младеновска Спасиќ, корисник на грант за самовработуавње, сосптвеник на стоматолошка ординација.

Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски ги повика  заинтересираните да ги искористат владините мерки за вработување. Нагласи дека дека во просториите на поранешен Медицински центар каде што се наоѓа ординацијата на Спасиќ, се уште има слободни ординации,  така што ги покани и другите медицинари без разлика дали се општи лекари, стоматолози, да се охрабрат да тргнат по овој пат и  да почнат сопствен бизнис.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски за време на состанокот во Солун одговори на неколку прашања на бугарски новинари кои се интересираа за различни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Грција, некои од бугарските колеги покажаа елементарно непознавање за позицијата на Македонија во евроатлантските структури, или уште еднаш се обидоа непотребно да испровоцираат одговор кој е општо познат факт.

Иако министерот Попоски на прашањето дали очекува на самитот во Варшава, Македонија да добие покана за членство во НАТО, одговори дека мисли оти е нереално во овој момент да зборува за покана во Варшава, бугарскиот новинар праша од кого доаѓаат пречките за членство на нашата земја во Алијансата.

- Не би можел да кажам за тоа дали очекуваме или не очекуваме (покана за членство во НАТО) бидејќи сепак тоа е одлука на земјите членки на НАТО, а не на Македонија. Во однос на НАТО, има одлука од 2008 година со која е јасно констатирано дека единствена пречка за нечленување на Македонија во НАТО е спротивставувањето врз основа на наметнатиот спор со името од грчка страна, а потоа имаме во 2011 година одлука на Меѓународниот суд на правдата кој кажува дека таа одлука не е легална. Се што се случува во меѓувреме се сведува на волја на земјите членки на НАТО и тоа се однесува и на Варшава самитот, но и на било кој друг самит кој би можел да се случи, изјави Попоски и додаде дека во овој момент нема впечаток дека постои подготвеност од грчка страна да се случи влез на Македонија во НАТО на Варшавскиот самит.

Во врска со средбата со бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов, Попоски рече дека разговарале, пред се, околу сегашната ситуација и ризиците од мигрантските коридори кои сега постојат да бидат поместени.

- Еден од ризиците е и дел од мигрантите кои сега се обидуваат насилно да поминат од грчка на македонска територија, да ја заобиколат, влегувајќи најпрвин во Бугарија, па враќајќи се од Бугарија, во Македонија. Тоа се ризици за кои ќе треба да соработуваме. Во делот на контрола и менаџирање на границите, нашата соработка со Бугарија и со Албанија е прилично добра, но факт е дека не може да се спореди со ситуацијата во Грција бидејќи немаме таков тип на притисок со десетици илјади мигранти во шатори на самата гранична линија, истакна шефот на македонската дипломатија.

Тој информира дека разговарале за она што би можело превентивно да се направи. Попоски повтори дека сите министри се согласиле дека најдобриот план во моментот е оној на ЕУ и оти затворањето на балканската рута треба да оди паралелно со реадмисија на мигрантите од Грција кои не се основани азилобаратели и реалокација, односно дистрибуција во други земји членки на ЕУ на мигрантите кои се легитимни азилобаратели, а се наоѓаат во Грција.

На новинарско прашање какви превентивни мерки можат да се преземат во случај договорот меѓу ЕУ и Турција да не функционира, Попоски истакна дека „е многу храбра и многу ризична претпоставка во овој момент да кажеме дека нема да функционира договорот помеѓу ЕУ и Турција“.

- Мислам дека треба да се посветиме најмногу на спроведување на тоа што е договорено, а помалку да размислуваме што би било доколку не успее. Впрочем тоа е и бугарски интерес, бидејќи еден од ризиците за нереализирање на договорот меѓу ЕУ и Турција е да има поголем притисок на мигранти од Турција кон Бугарија, нешто што никој не би сакал да го види да се случи, изјави министерот Попоски за бугаските медиуми.

Македонија има водечка улога во обезбедувањето на границите, не само на т.н.Балканска рута за мигрантската криза, туку и во врска во Австрија и со Германија, нагласи австрискиот министер за одбрана и спорт Ханс Петер Доскоцил по денешната средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски. 

Министер Јолевски на прес-конференцијата по тет-а-тет средбата со неговиот австриски колега Доскоцил потенцира дека внимателно се следи развојот на ситуацијата со мигрантската криза и се прават анализи за она што се случува во поширокиот регион, во Сирија, Ирак и во Турција.

- Како АРМ и како Влада на РМ имаме стратегија за справување со мигрантите по затворањето на т.н. Балканска рута. Пред неколку дена ГШ на АРМ до мене достави нова стратегија во која се вклучени и други опции и АРМ е целосно подготвена за справување со оваа мигрантска криза, рече Јолевски и додаде оти се прави координација со, како што подвлече, партнерите и пријатели од ЕУ.

На прашање на австриските новинари дали се очекува ескалација на границата ако Грција го затвори кампот Идомени, Јолевски одговори дека мигрантската криза придонесе за зајакнување на контактите и соработката со Грција.

- Добро е мигрантите кои се во Идомени да се префрлат во камп каде што има подобри услови за нивен престој и сигурен сум дека грчките власти тоа соодветно ќе го направат, појасни Јолевски и додаде оти кризата се која се соочуваме е толку голема што упатува на соработка и ниту една земја која беше на т.н. Балканска рута, подвлече, не може самата да ја реши.

Јолевски и Доскоцил информираа дека по средбата во Виена минатата недела се подготвува заеднички документ со заеднички ставови на земјите од т.н. Балканска рута за надминување на мигрантската криза, документ што австрискиот министер за одбрана ќе го презентира на министерскиот состанок следната недела во Луксембург.

Централна тема на разговорите на денешната тет-а-тет средба на министрите Јолевски и Доскоцил била справувањето со тероризмот и значењето на заканите од терористички напади што постојат во Европа.  На средбата Јолевски информирал и за приоритетите во надворешната политика на Република Македонија, а тоа е интеграцијата во ЕУ и во НАТО, но и за реформите кои се одвиваат за оваа цел.

Доскоцил порача дека не треба да ги затвораме очите пред можните терористички закани и повика на поинтензивна соработка на биалтерално и на мултилатерално ниво, како и институционална соработка за справување со ова прашање.

- Се согласивме дека во рамки  на поширокиот Балкански регион постојат тенденции за радикализација и треба понтензивно да работиме во врска со таа тема, не само на ниво на соработка на институциите, туку и со размена на информации во рамки на тие институции, рече Доскоцил.  

Министерот за одбрана Јолевски меѓу другото истакна дека односите меѓу двете земји се на многу високо ниво, а соработката во одбраната зазема многу високо место. Тој информира дека во Виена минатата недела е потпишана годишна програма за соработка меѓу министерствата за одбрана, во која се наведени голем број активности.

На денешната прес-конференција беше презентиран еден од 15-те визири за ноќно набљудување, кои Австрија ќе и ги донира на АРМ.

Во текот на денешниот престој во Република Македонија, Доскоцил го посети полкот за специјални операции во скопската касарна „Илинден“. 

Сите заинтересирани невработени лица од денеска до 30 април можат да аплицираат за финансиска подршка за самовработување преку отворање мал бизнис во износ од 200 илјади денари.

Како што информира денеска на прес-конференција заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов средствата  во износ од 85 милиони денари се наменети за 420 грантови за самовработување.

Јавниот повик што е објавен денеска е втора фаза од оваа мерка. Во првата фаза објавена на почетокот на годинава, чија реализација е при крај, беа озбезбедени средства за вкупно 500 грантови за формирање мали бизниси.

За годинава, појасни Спасов, за реализација на оваа мерка се обезбедени вкупно средства во висина од 207 милиони денари за финансиска поддршка на 920 мали бизниси. 

- Апелирам сите невработени кои имаат идеја за основање мал бизнис да ја искористат можноста и овие неповратни финансиски средства од 200 илјади денари за основање компанија, рече Спасов

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Мкаедонија Влатко Поповски информира дека одредени граѓани кои ќе учествуваат на оваа мерка и ќе се јават на овој оглас ќе добијат дополнителни 2.000 евра неповратни средства доколку нивните бизниси бидат прогласени за иновативни односно за економско и финансиски одржливи бизниси. 

Прогласувањето на овој тип бизниси, појасни тој, ќе биде во септември по завршување на втората фаза, со тоа што тогаш ќе бидат доделени дополнителните 2.000 евра кои ќе формираат фирма за нивниот иновативен бизнис кој ќе го рапорат.

Поповски потенцира дека на овој втор оглас можат се се вклчучат сите лица кои учествувале во првиот оглас, кои ќе ја поминат обуката, а не успеале да влезат во изборот на квалитетни бизнис планови. Ако имаат нова идеја, рече тој, ќе можат да се вклучат директво во втората фаза од овој циклус.

Слободанка Алексовка, директор на Центарот за вработување во Скопје, соопшти дека нема да се доделуваат грантови за основање бизниси од земјоделска дејност односно дејност од секторот АА одел 1 растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, од трговија на големо и дистрибуција, трговија и дистрибуција на оружје, финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа. бизнии од областа на транспортот такси превозот, и бизниси повразни со недвижности и конуслтантски услуги. сите други дејности се предмет на грантот.

Во текот на изминатиот период од спроведувањето на мерката се регистрирани 7.720 мали приватни компании кои опстојуваат и преку кои се вработени над 7.900 лица.

Сите заинтересирани лица со инвалидност кои се работоспособни од денеска ќе можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен бизнис во висина од 270 илјади денари. Дополнително, тие ќе можат да вработат уште најмногу две лица, за кои ќе добијат по 92 илјади денари. Овие лица може, но не мора, да бидат со инвалидност. 

Средствата од грантот се наменети за опрема и материјали. За адаптација на работното место на лицето со инвалидност АВРМ ќе им исплати и дополнителни 100 илјади денари. Девет месеци по отворањето на бизнисот, доколку правното лице уплаќало придонеси и плати ќе може да аплицира за неповратни средства во висина од 20 просечни плати.

- Лицата со инвалидност имаат знаења способности и вештини кои може да ги искористат и за отворање на сопствен бизнис и за самовработување. Преку огласот ќе се обезбедат можности за лична егзистенција и токму поради тоа државата предвиде финансиска поддршка преку која ќе им помогне да се самовработат, рече на денешната прес-конференција заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Појасни дека со оваа мерка на лицата со инвалидност ќе им се обезбеди можност да постуваат обука за меки вештини, за претприемништво и бизнис планирање да добијат потврда, менторство и стручна поддршка во текот на програмата и по регистрацијата на сопствениот бизнис, да се регистрираат како правен субјект и да се самовработат.

Доколку лицето не е регистрирано како активен барател на работа или воопшто не е регистрирано како невработено лице тоа може да го направи во Центрите за вработување, а еден ден потоа да аплицира за добивање на овие средства. 

- Ги повикувам сите лица со инвалидност кои се работоспособни, а своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка од оваа програма да се пријават во центрите за вработување, или на веб страниците www.samovrabotuvanje.mk или www.avrm.gov.mk, рече Спасов.

Информира дека за реализација на оваа мерка за 2016 е предвиден буџет од 49 милиони денари.

Директорот на СВРМ Влатко Поповски информира дека ова е втор оглас кој се објавува, а се однесува на самовработување на лицата со инвалидност.

- Во првиот се пријавија над 160 лица. Во тек се обуките, дел се завршени и се пристапува кон определување ментор кој ќе им помогне да го направат бизнис планот, по што тој ќе биде оценет и ќе им бидат доделени средствата, рече Поповски.

Појасни дека аплицирањето на овој оглас стартува од денеска, а како што рече, нема временско ограничување и ќе се аплицира до исполнување на бројката за која има средства. 

Задоволство од мерката изразија и претседателите на националните сојузи на здруженијата со инвалидност во Македонија. На ваков начин, сметаат тие, ќе се реши еден голем проблем на овие лица и дел од нив ќе можат да дојдат до вработување.

- Овие мерки кои водат кон можноста за решавање на суштествено егзистенцијално прашање на секој човек, а со тоа и на самите лица со телесен инвалидитет, како што е вработувањето, се мошне корисни и ние ги повикавме нашите членови да се јават на овој повик бидејќи ова е една од можностите да го надминат проблемот и да се вработат, рече претседателот на Националниот сојуз на здруженија на лица со телесен инвалидитет Бранимир Јовановски.

Истиот став го дели и претседателот на Националниот сојуз на слепи и слабовидни лица Жарко Селковски кој ја искористи приликата да ги повика членовите на овој Сојуз да аплицираат за оваа мерка и да се обидат да се осамостојат преку самовработување.

Претседателот на Нациоалниот сојуз на глуви и наглуви лица Васко Марков истакна дека се надева оти и за овој повик како и за претходниот ќе има интерес, бидејќи, како што потенцира, ова е начин како тие да се интегрираат во општествените текови и да обезбедат сопствена егзистенција.

Министерството за образование и наука во соработка со Светска банка преку “Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, започнува со реализација на грант програма вредна 700.000 евра, чија цел е поврзувањето на јавните средни стручни училишта со малите, средните и големи компании во земјата, со краен очекуван исход – подобрување на практичната настава и вештините за вработување на учениците, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната прес конференција.

Тој посочи дека имплементацијата на оваа исклучително значајна стимулативна мерка, од финансиски аспект е во согласност со образовните политики за модернизација и развој на стручното образование, со особен акцент на средното, имајќи ги предвид потребите на пазарот на труд во земјата од соодветен стручен кадар.    

- Преку оваа програма, предвидено е доделување на неповратни финансиски средства за предлог проекти на стручните училишта, во кои како партнер се јавува некоја компанија, а со чија реализација ќе се придонесе за зајакнување на нивната меѓусебна соработка, за унапредување на ученичките стручни компетенции и вештини и за развој на претприемачкиот дух и подготвеност за настап на пазарот на трудот. Оваа програма обезбедува бенефиции првенствено за учениците, но, значајна е и придобивката за компаниите, кои секако, добро подготвените ученици, или учениците во кои гледаат добар потенцијал, би можеле понатаму да ги задржат на одредени работни позиции. Тоа пак, значи придобивка за целокупната економија и пазар на труд во земјата, рече Ристовски.

Конкурсот за аплицирање со предлог проекти е објавен на интернет страница на МОН www.mon.gov.mk. Постојат неколку критериуми за учество. Апликантот мора да е јавно средно стручно училиште и проектот со кој аплицира да биде изработен во соработка со партнер компанија, а во  согласност со целите на грант програмата, која исто така ја има на нашиот сајт и потребно е да се прочита. 

Ристовски појасни дека Програмата нуди неколку типови на грантови, односно нуди можност за финансирање на проекти за реализација на практичната настава во склоп на училиштата, за организирање на кампови за техничка обука за време на летен распуст, курсеви за практична обука во училиштата, проекти за реализација на практична настава во компаниите - директно на работно место, проекти за основање на реални училишни компании и слично.

- Износот на средства кои можат да се добијат се движи од 5.000 до 20.000 евра по проект, во зависност од самиот проект. Може да се аплицира со повеќе проекти за повеќе типови на грантови. Предлог проектите се доставуваат до Министерството за образование и наука најдоцна до 15-ти мај. За распределба на средствата, односно за прифаќање на апликациите ќе одлучува посебна комисија формирана специјално за оваа намена, во која ќе членуваат претставници на министерството, но и на стопанските комори, рече заменик министерот Ристовски.

Во меѓувреме, за да се постигне поголема искористеност на можностите кои што ги нуди грант програмата, тој информира дека Министерството за образование и наука за сите 75 јавни средни стручни училишта ќе организира обуки, односно ќе обезбеди техничка помош за квалитетно и навремено изготвување на апликациите и за понатамошно постапување во случај на одобрен грант. Обуките ќе се организираат по региони. Започнуваат во вторник, на 5-ти април во Скопје во просториите на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, потоа на 6-ти април во Тетово во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа, на 12-ти април во Штип, во просториите на Универзитетот “Гоце Делчев“ и на 13-ти април во Битола, во просториите на Техничкиот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“.

Ристовски ги повика сите јавни средни стручни училишта и заинтересираните општествено одговорни компании, да воспостават соработка и изготват заеднички проекти, со кои би аплицирале и би помогнале во подигнување на екфективноста на овој проект.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека оваа нова грант програма се реализира на иницијатива на средните стручни училишта (ССУ), а за неа ќе можат да аплицираат и посечките реални училишни компании кои ги има во вкупно 11 училишта низ земјата. Во однос на процесот за упишување во средни стручни училишта, рече дека треба да биде континуирана политика на секоја влада со оглед дека и пазарот на труд и домашните и странските инвестиции диктираат потреба од продуцирање стручен кадар и во средното стручно образование и на техничките факултети, а кои вели, полесно доаѓаат до вработувања.

- Точно е дека постои помала тендензија за запишување во ССУ и затоа овој проект е дел од вкупниот проект за модернизација на ССУ, Станува збор за долгорочен проект кој ние ќе го реализираме во следните четири години. Токму затоа ќе се променат сите наставни програми во тригодишното и четиригодишното образование, ќе се менуваат учебниците, целиот пристап, лабораториската опрема во ССУ. Тоа е основата по која мора да функционираме и да инвестираме во тој дел бидејќи само на тој начин може да обезбедиме полесен пристап до пазарот на труд, рече заменик министерот Ристовски. 

Во 1.288 институции во Македонија се вработени 128.347 лица, покажува денеска објавениот прв годишен извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор.

Најмногу вработени има во јавните установи 64.168, каде најбројни се  во образованието, 34.338, по што следат тие во установите од здравството, труд и социјална политика и култура, информира министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.

Поголема е застапеноста на жените кои се 53 проценти од вработените во институциите на јавниот сектор, а процентот на мажите е 47.  Просечната старост на вработени изнесува 45,1 година, при што најмногубројна е групата со старост од 46 до 55 години.

Со високо образование се 47.529 од вработените, односно 43,37 проценти од вкупниот број, а во јавниот сектор има вработени и 2.165 мажи.

- Прв пат во Македонија, но и споредбено и во државите во регионот, на  ваков систематизиран и прегледен начин се ставени на располагање податоци кои ги интересираат како  граѓаните, така и научната и стручната јавност, рече Арсовска Томовска, оценувајќи дека денеска е историски ден за јавната администрација во Македонија бидејќи се нудат детални податоци за обемот и структурата на јавниот сектор. 

Истакна дека до МИОА може да се обратат претставници од стручната и научната јавност за податоци за истражувања, а ги повика и вработените во администрацијата преку онлајн сервисот за проверка на податоци во базата објавена на веб страната на МИОА, преку внесување на својот матичен број  да проверат дали за нив се води евиденција.

Арсовска Томовска рече дека се надева оти со прецизните податоци од извештајот   јавноста ќе ја разбере сериозноста и посветеноста на Министерството да направи попис на јавната администрација.

Стимулација за отворање ординации на матични доктори по општа медицина во точно определени рурални подрачја, е новата мерка на Министерството за здравство и ФЗОМ за која денеска е објавен оглас, односно за реонот кој го покриваат вкупно 14 здравствени домови низ државата во точно определени населени места.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција информираше дека огласот се однесува за вкупно 20 населени места во кои ќе се основаат ординации, а кон кои гравитираат околу 20.000 жители од над 115 населени места во околината.

Најави дека секоја новоотворена ординација по општа медицина на постојна ординација по општа медицина, од оваа мерка, ќе склучи договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

-Новата ординација ќе добива зголемен износ на капитација согласно критериумите за рурални подрачја определени од ФЗО на Македонија, најмногу 90.000 и најмалку 60.000 денари за месец, а од 1 јули оваа година најмногу 99.000 денари односно најмалку 66.000 денари за месец, зависно од вкупниот број осигурени лица кои ќе ги згрижи лекарот, појасни Тодоров.

Информира дека со најновите измени на Законот за здравствена заштита во новоотворената ординација докторот самостојно ќе може да укажува здравствена заштита без учество на медицинска сестра во тимот, но не подолго од 24 месеци од основањето на ординацијата. Оваа мерка ќе биде во сила сè додека докторот на медицина не го изберат како избран лекар 700 пациенти, по што докторот има обврска да го комплетира тимот. 

- Министерството за здравство донесе одлука да го субвенционира патот на докторот за сите релации над 25 километри, а кои има обврска да ги патува со цел да пружи здравствена заштита на своите пациенти, појасни Тодоров.

Огласот за нова ординација по општа медицина важи за населените места  Локвица, Долни Манастирец, Иванковци, Бузалково, Богомила, Фурка, Николиќ, Другово, Лешница, Горно Косоврасти, Страцин, Ранковце, Арбанашко, Пештани со обврска да згрижува два дена во селпто Љубаништа и еден ден во село Трпејца, Витолиште, Долни Стубол, Ново Коњарево, Мерово, Крупиште  и Лакавица.

 

Со концерт на Каролина Гочева, Даниел Кајмаковски и ДНК в сабота, на плоштадот „Под јаворите“ во Нов Дојран, ќе биде отворена манифестацијата „Дојран – град на културата за 2016 година“. За најмладите ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Калинка“ и студиото за модерен балет од Богданци. Се подготвува и огномет. 

На денешната прес-конференција програмата ја презентираа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов.

- Оваа година, Дојран во рамки на манифестацијата „Град на културата“ ќе понуди широк спектар на квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ќе ги промовираат врвните културни вредности кај младата популација, но и сите останати генерации, активности кои ќе го афирмираат домашното творештво, домашните автори, репродуктивните уметници и ансамблите, рече Канческа-Милевска. 

Според неа, оваа манифестација, која веќе 13 години со поддршка на Министерството за култура се случува во градовите во нашата држава има огромни придобивки за збогатувањето на културната понуда во самата општина.

Министерката за култура рече дека Дојран има огромни туристички потенцијали. Потсети дека во областа на културата се обнови летната сцена на локацијата Златен брег, а се отвори и галериски простор во Дојран, кој ќе се стави во функција на оваа манифестација.

- Во изминатиот период Министерството за култура поддржа низа активности кои се реализираа во Дојран во рамки на проектите „Топлол културен бран“ и „Културно лето“. Настојуваме да се случуваат што повеќе културни настани со цел промоција на овој значаен наш туристички центар, рече Канческа-Милевска. 

Годинава ќе се овозможи целосна обнова и конзервација на црквата „Св. Пророк Илија“ од 19 век, која е своевиден симбол на градот Дојран. Оваа година кога се одбележуваат 100 години од уништувањето на црквата во Првата светска војна, за целосната обнова на црквата „Св. Илија “ во Дојран, Министерството за култура издвои околу 4 милиони денари.

- Уверена сум дека сите овие проекти и активности и низата културни настани кои ќе бидат дел од програмата на манифестацијата „Дојран, град на културата за 2016 година“ ќе овозможат една вистинска туристичка и културна преродба на оваа наша општина, која верувам дека ќе биде провокација да ја посетат не само граѓаните од државата, туку и за посетителите од регионот и пошироко, рече Канческа-Милевска. 

На програмата подетално се осврна градоначалникот Стамов, кој претстави повеќе од 100 програмски содржини. Во април ќе се одбележи Денот на шегата со маскенбал, во мај ќе има изложбен викенд на уметнички слики и скулптури во рамки на Дојранската ликовна колонија, а во јуни ќе се одржи Дојран-гурман фест.

Тој ги издвои концертите на популарните изведувачи и реномирани состави како Љубојна, Летечки пекинезери, Сашо Гигов-Гиш, Слаткаристика, Тамара Тодевска, Дарко Илиевски, Даниел Камајкоски, ДНК, Ефто Пупиновски, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов... Ќе се одржи „Д фестивалот“, ќе има изложби на македонските ликовни автори, како Сотир Хаџи-Николов, Александар Јанев, претстави на Театарот за деца и младинци и Театарот Комедија. Ќе се реализира фолклорен викенд на фолклорните друштва од целиот југоисточен регион и Фестивал на боите. 

Уметниците Каролина Гочева и Панчо од ДНК изразија задоволство што годинава ќе настапат на манифестацијата и ги поканија сите да дојдат и да ги слушаат.