Соопштенија за јавноста

Премиерот Зоран Заев утре на средби со Туск, Могерини, Хан и Столтенберг

Премиерот Зоран Заев утре во Брисел ќе се сретне со високи претставици на ЕУ и НАТО, во прва официјална посета по преземањето на должноста, чија цел е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во агендата на Владата за враќање на земјава на патот на евроатлансите интеграции.

Средба на премиерот Заев со амбасадорот Јазбец: Словенија и ЕУ гледаат сериозен партнер во новата реформска Влада на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец.

Премиерот Заев на средбата со италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе ги вклучиме сите во реформските процеси, важни за иднината на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

Меркел до Заев: Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби

Канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел денеска упати честитка до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод неговиот избор за премиер и формирањето на новата Влада.

Средба на премиерот Заев со амбасадорката на ОБСЕ, Суомалаинен: Реформската Влада отвора можност за напредок на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен.