Премиерот Никола Груевски се сретна со претставници на Движењето против хендикеп Полио плус
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска(понеделник, 03.10.2011 година) оствари средба со претставниците на Движењето против хендикеп Полио плус.На средбата беа дискутирани теми од значење за општествената група која ја претставува Движењето. Премиерот Груевски ја реафирмираше заложбата на Владата на Република Македонија за континуирано спроведување мерки и активности со кои се помага во подобрување на статусот на општествената група, како и посветеноста за обезбедување на нејзините права и интереси.