Интервјуа

Целото интервју на премиерот  Никола Груевски во Дневникот  на телевизија Канал 5.

Целото интервју на премиерот  Никола Груевски во Дневникот 2 на телевизија Сител.

 

 

Извор : Youtube канал на „Сител“ телевизија

Дел од студентите преку таканаречени герила акции, се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста околу условите во студентските домови. Кој е вашиот став по однос на ова прашање и што конкретно презема Владата за да се подобрат состојбите?

- Во изминатите неколку години Владата на Република Македонија преку Министерството за образование и наука направи сериозни инвестиции во насока на подобрување на студентскиот стандард, вложувајќи некаде околу 4,5 милиони евра само во унапредувањето на инфраструктурните услови.

Со околу 1,5 милиони евра првпат, по цели 40 години, изградивме комплетно нови сместувачки капацитети, односно 8 современи павилјони во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“.

Минатата година дадовме ветување за темелна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“, како објект со најголема приоритетност, поради состојбата во која се наоѓа и поради тоа што се работи за дом кој располага со најголем сместувачки капацитет, така што секоја година има и најголема концентрација на студенти. И еве, тоа наше ветување веќе се реализира. Реконструкцијата се одвива етапно, во неколку фази, за да има доволно простор за сместување на сите заинтересирани студенти во текот на академската година. Можам да кажам дека градежните активности во рамки на првата фаза се целосно заокружени, согласно акцискиот план и предвидената динамика. Темелно е реконструиран блокот Б, што подразбира замена на ѕидните и подните облоги, вратите, прозорците, тоалетите, поставени се нови кујни во сите соби, а некаде кон средината на овој месец, ќе биде потпишан договор за набавка на опрема по што, во текот на ноември објектот ќе биде пуштен во употреба. До овој момент инвестирани се 1,5 милиони евра. Во меѓувреме избрана е фирма за изработка на проектно решение за реконструкција на останатите блокови, мензата и партерот. Следен чекор е отпочнување на постапка за јавна набавка и реализација на активностите за реконструкција на блокот А, од каде студентите ќе се префрлат во веќе реконструираниот дел. Потоа ќе следат блоковите В и Г, така што целосната реконструкција на овој студентски дом, кој и натаму ќе ја задржи архитектонската автентичност, очекуваме да биде заокружена во текот на 2017 година, за што ќе бидат инвестирани околу 6 милиони евра. Да не заборавам да напоменам и дека паралелно се преземаат мерки за замена на лифтовите во овој, но и во дел од останатите студентски домови, каде е нотирана потребата од ваква интервенција, односно инвестиција. Веќе е започната постапката за јавна набавка и оваа работа ќе биде завршена некаде до крајот на тековната календарска година.

Студентите имаат право да го кажат јавно своето мислење. Критичката мисла е, и треба да биде одлика на идните академски граѓани и двигатели на општествениот просперитет. Ги разбирам потребите на студентите за квалитетно студентско сместување и состојбите не се совршени. Потребно е уште многу труд и средства за да се санираат временските последици. И погледнете нападите доаѓаат токму во период кога е започната темелна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“, и тоа од истите политички групи кои иако имаа шанса не преземаа ништо на тој план. Фактичката состојба на домовите сигурно не би била таква каква што е, доколку и во некои други минати времиња и некои други владини гарнитури обезбедеа еден континуитет во инвестициските активности за одржување на условите. За жал, долги години наназад студентите и студентскиот стандард не беа приоритет на народните избраници. Сега состојбата е значително променета во тој дел и затоа сакам да апелирам за трпеливост и за воздржаност, особено од спроведување на одредени активности за кои постојат индиции дека предизвикуваат свесно и намерно уништување на постојниот инвентар во и онака дотраените домови, како начин на изразување на незадоволство. Тоа никому не оди во прилог.

Се работи ли на подобрување на инфраструктурните услови во основното и средното образование?

- Еден од суштинските приоритети во програмата за работа, со која уште во 2006 година како политичка опција ја добивме мнозинската поддршка од граѓаните и веднаш по формирањето на владиниот состав започнавме со интензивна реализација, беше и сé уште е обезбедувањето на што подобри услови за образование за сите ученици во земјата, независно дали живеат во урбаните или пак во руралните средини и населени места. Оценивме дека инвестирањето во условите во училиштата е навистина неопходно, ако се има предвид фактот дека, на пример, последен пат пред 2006 година, ново училиште биле изградно во периодот пред осамостојувањето на Република Македонија. И во изминатите години преку соработката со локалните самоуправи, секаде каде што имаше извесна потреба за санација, делумна или целосна реконструкција, или, пак, за доградба, изградба на комплетно нов објект, постапивме соодветно и реализиравме конкретна инвестиција. Така што, со задоволство би истакнал дека како актуелна Влада досега изградивме 70 нови и реконструиравме 350 основни и средни училишта, со што значително ги подобривме условите за образование за околу 150.000 ученици. Практично инвестиравме некаде околу 42 милиони евра за оваа намена. Дополнително, во тек е и реализација на акциски план кој ќе биде заокружен следната 2016 година, кој предвидува изградба на четири објекти, ново средно училиште во општина Сарај кое е речиси при крај, ново основно училиште „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода, доградба на основните „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче и „Васил Главинов“ во село Сливник во Велес, како и реконструкција на вкупно 45 други училишни објекти. Така што, ќе стигнеме до износот од 50 милиони евра, кои како Влада сме ги вложиле во 74 новоизградени и 395 реконструирани училишта. Да потсетам и дека паралелно го реализираме проектот за изградба и опремување на училишни спортски сали, во чии рамки досега се изградени 49 современи спортски сали, а уште 10-тина се во фаза на градба. Мислам дека не постои никаква логика за компарација со реализирани инвестиции во периодот пред 2006 година.

Укинување на екстерното тестирање е последното барање на средношколскиот пленум. Дали за Владата овој предлог е прифатлив?

Процесот на екстерната проверка на знаењето на учениците и на објективноста на оценувањето на наставниците е воведен со единствена, општокорисна цел, а тоа е унапредување на севкупниот систем на образование во земјата. На неговата законска, официјална имплементација, односно стапување во сила, претходеше сериозна подготовка во координација со засегнатите страни, како од аспект на формулација на концептот и начинот на спроведување, така и од технички аспект.

Во овие изминати три години, никогаш не рековме дека процесот е совршен. Напротив, во многу наврати самостојно или, пак, по сугестија на сите оние добронамерници, па дури и членови на нашиот најголем конкурент на политичката сцена, кои ја согледаа суштината на процесот, увидувавме потреби за извесни корекции и подобрувања. И тоа континуирано и го правевме.

Сега се решивме да направиме покрупни промени со кои ќе се подобри имплементацијата на процесот, но притоа да не се изгуби неговата суштина и неговата суштинска намена. Така, на последните неколку владини седници разговаравме за некои нови можности, кои во добар дел и се поклопуваат и со сугестиите на дел од чинителите изнесени деновиве по медиумите. Ние сме отворени за можноста за корекции во функција на подобрување на екстерното тестирање чија крајна цел ќе биде добивање на квалитет и ќе биде корисен метод и за самите ученици.

Но, сепак, во периодов кога заеднички со мнозинството чинители одлучуваме да отвориме сеопфатна јавна дебата, од другата страна се појавува една група средношколци, или како што официјално се познати во јавноста средношколски пленум, кои континуирано се обидуваат да го девалвираат процесот, нудејќи притоа предлози, кои се резултат на неконзистентни ставови, односно ставови кои од ден во ден се менуваат. Па така, едно од нивните барања беше промена на моделот, односно примена на словенечкиот модел, ние откако покажавме отвореност, кооперативност и волја да зборуваме за имплементирање на најдобрите практики сега тие бараат целосно укинување. Тоа не е конструктивен предлог и е тотално несериозно и апсурдно да се бара укинување на реформа која значи унапредување на образовниот систем и подигнување на знаењата на учениците. Тоа би значело враќање на неколку чекори наназад и еден ретрограден процес, а ние не можеме да се откажеме како Министерство од нашата суштинска цел на дејствување, а тоа е унапредување на образовните процеси. Јас сум длабоко убеден дека образованието мора да оди напред и дека нашите намери се најискрени. Вложувањата во образованието и повисоките стандарди се заедничка инвестиција за иднината на младите. Така што, повторно потенцирам како Влада и Министерство предвид ќе ги земаме само најдобронамерните предлози и сугестии, без политичка или каква било друга позадина и со намера да се унапреди овој процес. Тоа е нашиот став.

Охрид доби Филмска академија. Какви се вашите очекувања за оваа високо образовна установа?

Основањето на Филмската академија во Охрид е резултат на неколку годишната интензивна соработка, разговори и преговори помеѓу Владата на Република Македонија од една страна и Владата на Чешката Република и петтата најстара филмска и телевизиска школа во светот – ФАМУ од Прага, од друга страна. Првичната идеја беше ФАМУ да отпочне соработка со некоја од нашите високо образовни установи, да понуди некоја од своите програми на наш факултет или пак да отвори дисперзирани студии кај нас. Но, да бидам искрен во подоцнежниот период по првичната иницијатива, на наше огромно задоволство идејата доби една поинаква димензија и дискусиите отидоа во поинаков, за нас позитивен правец. ФАМУ одлучи да ни помогне како земја да добиеме посебна, специјализирана високо образовна установа во областа на филмската продукција, на која ќе се студира, за почеток на втор циклус на студии, по наставни програми согласно нејзините стандарди, принципи и долга традиција, а дел од предавачите ќе бидат токму кадрите кои предаваат и во Прага. Оваа соработката е единствената од ваков тип која ФАМУ воопшто ја има воспоставено, така што како земја треба да бидеме исклучително задоволни од привилегијата за ексклузивна соработка со институцијата каде своето образование го стекнале еминентни личности од областа, како нашиот истакнат професор, режисер, продуцент и сценарист Иво Трајков, режисерите и писатели Јиржи Менцел, Милан Кундера, Милош Форман, Емир Кустурица, Лордан Зафрановиќ и Вацлав Хавел.

Очекувањата се првично дека Филмската академија ќе помогне во создавањето квалитетен кадар, на добро едуцирани студенти кои ќе помогнат во развојот на домашната филмска продукција и во негувањето на македонската филмска уметност, а би придонесувале и воопшто во развојот на глобалната филмска индустрија. Секако, интенцијата е Академијата да прерасне и во регионален центар, каде своето знаење ќе го стекнуваат и студенти од другите земји од регионот и пошироко.  

Уписите на постдипломските студии се во тек. Електронското пријавување се уште трае. Интерес има и се надевам тој дополнително ќе се зголемува, со оглед на тоа што се работи за новина која луѓето полека ја осознаваат, како можност за ваков тип на образование. Како што и најавивме, Министерството ќе додели стипендии на првите 20 запишани студенти, со кои, целосно ќе им бидат покриени трошоците за упис, сместување, исхрана и слично. Деталите за овие стипендии можат да се обезбедат на нашиот специјализиран сајт за доделување стипендии, www.stipendii.mon.gov.mk. Академијата ќе започне со работа во ноември и сметам дека значително ќе придонесе кон афирмацијата и интегрирањето на македонскиот едукативен систем во европскиот образовен простор. Така што, Министерството и Владата ќе продолжат да даваат максимална поддршка кон нејзиниот развој, исто како и кон развојот на сите останати високо образовни установи во земјата.

Извор: МИА

Речиси 600 семејства преку проектот „Купи куќа, купи стан“ досега го решиле прашањето за сопствен дом. Државата помогна со 3,5 милиони евра субвенции преку овој проект, вели вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески во интервју за МРТ.  Математиката е следна- ако еден граѓанин земе станбен кредит од 40 илјади евра, плаќа месечна рата од околу 250 евра- половина од оваа месечна рата преку проектот „Купи куќа, купи стан“ плаќа државата. Ако станува збор за куќа, поддршката од државата е поголема...

Од стартот на саемите за „Купи куќа, купи стан“ занчително е зголемен бројот на одобрени станбени субвенционирани кредити од проектот. Колку станбени кредити досега се одобрени?

Проектот „Купи куќа, купи стан“ фати добар залет. 593 семејства во Република Македонија го решија станбеното прашање, прашањето за сопствен дом со проектот „Купи куќа, купи стан“. За илустрација, со овој проект банките досега имаат одобрено вкупно 20 милиони и 250 илјади евра станбени кредити, што се поддржани со над 3,5 милиони евра субвенции преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Значи, 20 милиони евра станбени кредити се одобрени на граѓаните со поддршка на проектот „Купи куќа, купи стан“, и тоа во сите градови низ Македонија. Нормално, во Скопје најмногу се одобрени во општините Кисела Вода и Аеродром, потоа доаѓаат и другите општини, но имаме и во внатрешноста на Македонија- на пример во Битола имаме 40 одобрени кредити, во Струмица- 31, во Куманово 30-тина итн. Низ цела Република Македонија, граѓаните го препознаваат проектот и со негова помош го решаваат прашањето на сопствен дом.

Помошта е многу важна на почетокот. Колку субвенции досега се доделени со овој проект?

3,5 милиони евра се субвенциите кои со проектот се вкупно одобрени досега, но да дадам и еден пример за тоа поединечно што можат да добијат граѓаните- ако сака еден граѓанин да земе на пример 40 илјади евра кредит од банка за купување на стан или за куќа, месечната рата за тој кредит од 40 илјади евра, доаѓа некаде околу 240-250 евра. Половина од таа сума, што значи 120-125 евра, покрива граѓанинот, додека половина покрива државата, во првите пет години. Ако станува збор за куќа, уште повеќе покрива државата, некаде од прилика 180 евра, а 60-70 евра плаќа граѓанинот. Тоа покажува дека проектот е добар токму во оној првичен период, кога е најтешко, кога луѓето собираат од секаде пари за да ја стокмат ратата, а Владата со овој проект помага тие да можат да ги пребродат овие првични години. Потоа, се разбира, низ животот и кариерата се подобрува приходот, па ќе биде полесно за граѓаните да го плаќаат кредитот.

Какви се плановите, дали може да се очекуваат нови саеми за проектот „Купи куќа, купи стан“?

Се покажа дека саемите се вистински погодок. Од кога го организиравме саемот во „Сити мол“, па во „Рамстор“ преку директни средби, граѓаните многу подобро се информираат за можностите што ги нуди проектот. Преку 250 барања и кредити се одобрени од октомври 2014-та па наваму, од првичниот саем, и преку караванот „Купи куќа, купи стан“ што организираше средби со граѓаните низ Република Македонија. Токму затоа, ние планираме по летните месеци, на почеток од септември да продолжиме со караванот „Купи куќа, купи стан“, со организација на средби меѓу градежните компании, банките, Министерството за финансии и граѓаните низ цела Република Македонија. Во меѓувреме, секако останува отворена канцеларијата во Министерството за финансии, каде секој ден граѓаните кои се заинтересирани за овој проект може да дојдат во Министерството за финансии и на лице место со стручните лица од Министерството да ги добијат сите потребни информации и да се решат да земат кредит и да го решат прашањето на сопствен дом. 

Извор: Македонска Радио Телевизија 

 

Press24: Се вративте од Ватикан каде за прв пат се сретнавте со новиот Папа.

Какви се Вашите впечатоци од средбата?

Груевски: Се вратив со позитивни впечатоци. Папата е човек кој добро ја познава Македонија, како земја со која Ватикан има традиционално одлични односи. Го поканив да ја посети Македонија, што секако би  дало нов позитивен импулс на нашите односи. Од неговата посета на Албанија, и најавената на БиХ, се гледа дека тој сака да посетува и помали држави, а не само големите. Исто така и од средбата со државниот секретар, кој е на ранг на Премиер на Ватикан, излегов со многу позитивни впечатоци.

Press24: Претходно имавте обраќање пред пратеничката група на ЕНП во Европскиот парламент. Се сретнавте и со неколку пратеници, со Генералниот секретар на ЕНП, со комесарот Хан и тројцата европратеници кои се олеснувачи во спорот со СДСМ. Што разговаравте?

Груевски: Моето обраќање пред пратеничката група на ЕНП и одговарањето на низа прашања на членовите на Европскиот парламент од оваа најмоќна политичка групација каде припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ, беше добра можност да ја претставам Македонија, нејзините стратешки правци, предизвици и се разбира актуелните проблеми. Имаше огромен интерес и многу прашања, на кои прецизно одговорив. За нив беше одлична можност да се информираат за многу работи и особено за нашите ставови по многу настани и случувања. За мене исто така беше одлична можност да информирам и пренесам се што е значајно и е интерес на Македонија. Иако Македонија се соочува со криза сепак да не заборавиме дека две години по ред е земја со втор највисок раст на економијата во Европа, а Европската комисија пред еден месец објави прогноза дека во 2015-та и 2016-та  се очекува токму Македонија да има највисок раст на економијата во цела Европа.

Средбата со комесарот Хан и со тројцата европратеници олеснувачи, беше посветена на решавањето на актуелната политичка криза во земјата. Можам да кажам дека тие вложија многу напори и време да ни помогнат, што секако треба да се почитува.Тие разговори ќе продолжат, и ова само укажува дека Македонија има пријатели кои и во кризно време сакаат да помогнат. 

Press24: Во последно време се јави сомнеж за европската и евроатлантската интеграција на Македонија. Дури некои аналитичари отидоа и дотаму дека владата го сменила својот стратешки курс од ЕУ и НАТО кон Русија. Руски знамиња и маици со Путин имаше на вашиот митинг. Русија отворено говори за поминување на турскиот тек низ Македонија на кој се противи западот, а Лавров даде дузина изјави за Македонија, обвинувајќи ги САД дека стојат зад кумановските настани. Вие не се изјаснивте за ова. Кој  е Вашиот коментар за овие случувања?

Груевски: Не е точно дека не сум се произјаснил. Напротив. Тоа го сторив и на митингот на ВМРО-ДПМНЕ неодамна кога пред 100 илјади граѓани и стотици медиумски претставници од Македонија и светот, многу јасно кажав дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ. Патем речено тоа го имаме демонстрирано и преку бројните наши учества во НАТО и ЕУ мисиите, како што се мисиите во Авганистан, Ирак, БиХ итн. Значи,ниту  јас ниту владата  немаме  дилеми по ова прашање. 

За жал блокадата која ја имаме овие 6-7 години за членството во НАТО и почнувањето на преговорите за членство во ЕУ, мислам дека ни направи голема штета на секаков план.

Press24: Од каде тогаш руски знамиња и маици со Путин на вашиот митинг?

Груевски: Станува збор за работи што ги направиле некои индивидуалци. Ги видов сликите и од она што го забележав станува збор за неколку, можеби 2-3 такви случаи. Но ставот на партијата, и стратешката ориентација на државата не се рефлектира преку тоа каква маица ќе облече некој од 100-те илјади граѓани дојдени на митинг, туку преку пораките кои јавно, јасно и недвосмислено ги испрќа од тој настан претседателот на таа партија преку јавен настап и говор. На крајот на краиштата маица или знаме може секој секаде да облече или уфрли.Живееме во демократија и неможеме да им забраниме на луѓето што да облечат или кого  да симпатизираат. Сепак, сосема друга работа е стратешката определба.

Press24: Дали вие сметате дека САД или Германија, Франција или Британија стојат за кумановските настани?

Груевски: За да сметам такво нешто треба да имаме елементарни докази или барем индиции. Ние  такво нешто немаме. Досега немаме податок дека некоја држава или нејзина разузнавачка служба, вклучувајки ги и гореспоменатите, дала логистика или на било кој начин  ја поттикнало криминално терористичката група да го стори делото.

А впрочем и не гледам зошто токму држави кои толку многу инвестирале досега во стабилноста и развојот на Македонија би помисилие да ја дестабилизираат истата.

Press24: Се шпекулира дека и зад снимените телефонски разговори стои  завера од некои од овие сили?

Кој е вашиот став за ова?

Груевски: Во денешно време на огромен технолошки напредок на најголемите супер сили во светот во разузнавачко безбедносната и телекомуникациска сфера, меѓу кои ги вбројувам и овие четири земји, мислам дека не им е потребнa осомничената агентурна мрежа во Македонија,  доколку одлучат да дојдат до таков вид матерјали. Оттука, нема логика тие да стојат како организатори на овој процес. Не е добро со леснотија и без докази да се шпекулира и да се набедуваат наши сојузници. Јас не се согласувам со тоа.

Press24: Дали ова значи дека се повлекувате од тезата дека странска служба стои зад ова сценарио?

Груевски: Не. Таа теза е базирана на три нешта. Прво, дека самиот Заев ми кажа и пет пати ми повтори дека странска разузнавачка служба го снабдила со матерјалот. Второ, во самите компјутери на првоосомничениот најдени се транскрипти од телефонски разговори на политичари преведени на англиски јазик кој се користи во меѓународна комуникација и помеѓу држави каде англискиот не е официјален јазик, очигледно наменети за странци и трето, во исказите двајцата  од осомничените,а едниот од нив и со судска пресуда, се кажува дека самиот Верушевски им говорел дека материјалите кои тие илегално ги снимале, за што признаа дека примале и парична надокнада, се наменети за странска разузнавачка служба. Тоа се искази на неговите соработници.

Press24: Во овој корпус на прашања неизбежно е и прашањето за гасоводот „Турски тек. Која е позицијата на Македонија за овој проект?

Груевски: Нашиот став по овој проект е дека кога Брисел и Москва ќе постигнат договор за овој  проект  ние би се вклучиле во него. Ние сме земја која е насочена кон евроатланската заедница и при носење на одлуки од стратешко значење се водиме од оваа цел.

Press24: А кои се другите планови на владата за донесување гас?

Груевски: Прво, ние го немаме искористено ни половина од сегашниот капацитет на користење гас од она што сега го имаме, и сеуште нема да го искористиме откако ќе ја завршиме целата гасификација во земјата. Значи на краток рок од 10-тина години немаме некој сериозен проблем. Најголем проблем е високата цена на гасот, која ја наследивме од минатото, а која руската страна ја објаснува со ниските количини на користење на гас. Имено, во формирањето на цената на гасот, клучна улога игра количината. Ако набавуватепомала количина, цената е повисока и обратно.

Сепак, за долгорочна енергетска сигурност или градење на гасни електрани, потребен е нов дотур на гас. Оттука, како што и неколкупати јавно изјавив, ориентирани сме кон три извори. Два од нив се преку градба на гасоводна цевка кон Грција каде би се приклучиле на нивниот гасовод, од каде би се поврзале со атинското пристаниште каде има дотур на течен гас, и на гасоводот ТАП, кој треба да почне да се гради од Азербејџан. За ова Грција лани  објави дека дава согласност и работиме на креирање финансиска конструкција и други подготовки. Третиот извор е спојување со интерконективниот гасовод во Бугрија, кој е помеѓу Романија, Бугарија и Турција. За овој приклучок имаме начелна согласност од Бугарија, и се надеваме наскоро за ова да се потпише и меѓудржавен договор по што веднаш би тргнале во подготовки за инвестиција.

Press24: Има ли поместувања нa планот на решавање на спорот со Грција?

Груевски: За жал во овој момент Грција е целосно фокусирана на нивниот финасиски проблем во земјата. Се надевам дека по неговото надминување односно по надминувањето на неговата критична фаза,  ќе се фокусира и на овој проблем чие решавање е од интерес на двете страни.

Во меѓувреме се работи на креирање  мерки кои би изградиле одредено ниво на доверба помеѓу земјите и кои би помогнале во надминување на некои други прашања од различни сфери.

Македонија неправедно е долг период надвор од НАТО. Ако не беше овој спор, оддамна ќе бевме членки на НАТО, а веројатно, не само што ќе ги имавме започнато, туку мислам и дека ќе ги имавме завршено преговорите за членство во ЕУ, што на многу настани во земјата и во регионот ќе им дадеше поинаков тек.

Press24: Какви се моменталните односи со Бугарија?

Груевски: Во тек се разговори на работните групи на министерствата за надворешени работи околу договорот за добрососедство. Штом тие завршат, би се пристапило кон негово потпишување, што се надевам ќе даде нов импулс меѓу државите.

Press24: Премиерот Рама неодамна изјави дека Македонија не може да стане дел од НАТО без целосно да го имплементира Охридскиот договор, дали тоа може да се одрази врз интеграциите?

Груевски: Интерес на граѓаните на Македонија и на Албанија е најбрзо интегрирање на двете земји во ЕУ и наше интегрирање во НАТО каде што Албанија е веќе член. На ова треба заедно да работиме и да се поддржуваме во интерес на безбедноста и напредокот на регионот и на граѓаните на двете земји. Треба силите и енергијата да ги концетрираме на тоа поле и на тој пат.

 

Новогодишно обраќање на Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија

Почитувани граѓани,

Зад нас е 2014-та година, пред нас 2015-та. 2014-та беше година на многу предизвици, проблеми, но и успеси. Сите ние со ентузијазам влегуваме во 2015-та, со мисла за подобар и посреќен живот. Секој еден човек има право да се бори за подобар живот, за посреќни денови, за помалку проблеми и повеќе успеси. Освен сите ние како луѓе и индивидуи, сите ние имаме и заеднички, колективен, општествен, државен интерес, проблеми, напредоци, успеси и неуспеси. Многу често колективниот успех на државата директно или индректно влијае на индивидуалните успеси и поквалитетен живот. Нашата задача, нашата мисија, обврска, посветеност и одговорност како политичари кои ја добија довербата од мнозинството граѓани на изборите во април 2014-та, и тоа со најголем број гласови кои сме ги добиле досега, ја зациментира нашата одговорност пред Вас  на највисокото можно скалило. Да се добие таква доверба, по 8 години практикување власт во оваа земја со многу проблеми, но и по такви тешки времиња на светска, а по неа и европска должничка криза, за мене е таква доверба, што кога размислувам за тоа, чувството на одговорност ме остава без здив. Чувствувам далеку поголема обврска одколку во 2006-та, кон сите Вас, Македонци, Албанци,  Турци, Роми, Срби, Бошњаци,  Власи,  христијани, муслимани и останати. Тоа е посебно чувство заради кое беспоштедно работам и јас и мојот тим, да го испорачаме најмалку она што сме Ви го ветиле на изборите и во програмата, а ако можеме и нешто повеќе од тоа.

Од тој аспект 2014-та беше година кога се случија многу нешта. 2014-та е година во која Македонија во првите три квартали имаше трет највисок раст на економијата во Европа, веднаш зад Англија и Ирска. Тука веќе имаме и континуитет, бидејќи и претходната 2013-та, имавме трет највисок раст на економијата во Европа.

Носители на растот беа извозот кој имаше огромен раст од речиси 20 отсто споредено со 2013-та, градежништвото кое, покрај со градба и реконструкција на локални и регионални патишта, доби на динамика и со градбата на три автопати, градба на железничката пруга кон Бугарија, како и реконструкција на пругата од границата со Србија до Границата со Грција, но делумно на растот влијаеше и зголемувањето на потрошувачката чиј генератор беа зголемувањата пензиите, социјалната помош и платите во јавниот сектор.

Сите овие фактори и показатели очекуваме да продолжат и во 2015-та. Донесувањето на странските компании, иако на почетокот критикувано од опозицијата, се покажа како полн погодок. Тие дадоа нов импулс на нашата економија, но и на многу постоечки македонски компании кои станаа нивни партнери или добавувачи. Тоа ме чинеше многу труд, време, енергија, напорни патувања, и мене и мојот тим за привлекување инвестиции, но се исплатеше. Се исплатеше и големата посветеност да се создаде добра бизнис клима во земјата, која е предуслов да дојдат странските фирми. Не останавме должни и кон домашните фирми. Не само што сите поволности важат и за нив, целата таа подобрена атмосфера на бизнис ја користат и тие, тукуза нив излеговме и со нова кредитна линија со најниски можни камати во земјата од 5,5 отсто, што беше сериозно гориво во моторите на домашната економија.

Фактот што светската банка не сврстува во 30-те најдобри земји во светот според условите за водење бизнис, ни гарантира успех и за 2015-та, а досега стекнатото искуство, ми дава за право, ако минатата година ветив дека најмалку 20 странски компании ќе донесат и објават одлука за инвестирање во Македонија, што и се оствари и надмина, сега можам да ветам дека најмалку 25 нови компании во 2015-та ќе го направат истото. Да, во 2014-та одлуки за отворање свои капацити донесоа и објавија, а дел од нив почнаа и со градба и првични вработувања, германската ОДВ Електрик во Охридско-струшкиот регион која почна да вработува и планира да вработи вкупно 1000 невработени лица, а во истиот регион истото го објави и германската Костал исто така со 1000 вработувања. Германската Ки Сејфти системс веќе почна да регрутира вработени, а планира да вработи над 1000 лица во Кичево, а германската Маркард веќе ја гради фабриката кај Велес во која почна веќе да ги селектира дел од 600-те планирани вработувања. Германскиот Техникал текстаил, кој веќе гради во штипската зона, ќе отвори нови 600 работни места. Две компании објавија свои инвестиции во Прилеп, едната е американската Етанол Јуроп Рињујабле која планира вработување на 1000 лица, а втората германската Гентерм, која планира вработување на 2000 невработени.

Веибо груп од Турција веќе донесе механизација во Ранковце и почна да го подготвува теренот за градба на неколку фабрики во кои планираат да вработат најмалку 5.600 лица. Тие ќе понудат работа за цел регион каде се Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Куманово. На истокот, во регионот Кочани-Виница, американската коорпорација Анфенол почна да вработува и планира да достигне до најмалку 2000 лица,  како и холандската Антура, која го гради својот капацитет во кој планира да вработи 200 невработени.

Пред две недели американската Капкон објави изградба на фабрика кај Скопје за 400 невработени. Во скопската зона веќе гради фабрика Диатек од Италија каде ќе се вработат најмалку 200 лица, а во истата зона се определија и објавија одлука Монтанте од Италија и фирмата Енергија од Украина. Британската Еуро БПО веќе почна со работа во Скопје, а планира да достигне до 350 лица, британската компанија Ендава  објави вработување на најмалку 450 информатички инжињери во Скопје, а на листата се и Менсан од Турција, бугарската Филкаб, ИТЕК од Италија, кој почна да гради во Тетово, Гришко од Русија кој ја најави втората фаза во Демир Хисар со 200 нови вработувања, Истем медикал од Турција, турските про лајн и мач груп и повеќе други.

Она што посебно ме радува е што тимот за привлекување инвестиции, каде се петте министри за инвестиции, директорот на зоните, заменик министерот за економија, заменикот директор на Агенцијата за странски инвестиции, мојот советник за странски инвестиции, новиот сектор во мојот кабинет за привлекување инвестиции, разгранетата мрежа на промотори во над 30 индустриски центри низ светот, како и амбасадорите и генералните конзули, сите се во моментот, заедно со вработените кај нив, заедно со мене, со потпретседателите на Владата, и целата Влада, со поддршка на дијаспората, и сособено на организацијата Македонија 2025 предводена од Мајк Зафировски, една силно забревтана машина, добро организирана, со големо искуство и многу посветена на привлекувањето нови компании кои ќе отворат нови работни места за невработените во Македонија. Паралелно на ова, остануваме многу посветени и на домашните компании, како во правец да им помогнеме за нивниот развој, така и во правец да ги поврзиме со странските кои доаѓаат, да станат нивни партнери и преку тоа да заработат и да отворат нови работни места.

И не е случајно што невработеноста во 2014та континуирано се намалуваше, и достигна 27,9, што се уште е високо, но многу пониско од 38-те отсто кои ги наследивме. И не е случајно што индустриското производство расте 15 месеци по ред и со раст од 5,2 имаме петти највисок раст во Европа на индустриското производство, а државниот долг остана низок до умерен со околу 39 отсто. Покрај новите компании, растот на извозот и иградежништвото имаше и ќе има многу работа и во 2015-та.

Во полн ек се градбите на трите автопати и железницата кон Бугарија, но следната година, некаде летото, ќе почне и градбата на експресниот пат со четири ленти од Штип кон Кочани, и од Градско кон Прилеп, а кон крајот на 2015та и експресните патишта со 4 ленти од Охрид до Пештани и автопатот од Требениште до Струга. Ќе се заврши и експресниот пат Велес Штип до Кадрифаково, а очекуваме да најдеме концесионер и за автопатската делница Кичево-Гостивар, каде ако се биде во ред градбата би почнала во 2016-та. Ќе продолжат и градбите и реконструкции на други патни правци,меѓу кои и Миладиновци- Куманово, Неготино – Демир Капија, Велес – Катланово и повеќе други.

Во 2015-та очекувме да почне градбата и на гасоводната мрежа од Куманово до Штип и да се обезбедат услови и за останататиот примарен гасовод низ Македонија. Секундарната гасификација во Скопје и скопско, со инвестиција од 100 милиони евра, како и секундарната гасификација во источна и западна Македонија е исто така дел од плановите за 2015-та. Фокусот ќе остане и на изнаоѓање алтернативни извори за донесување поголеми количини гас за Македонија.

Како и во 2014-та, така и во 2015-та, ќе продолжиме со ветеното зголемување на пензиите, социјалната помош и платите во јавниот сектор.

Како и во 2014-та, така и во 2015-та ќе продолжиме со политиката за поддршка на земјоделството  и македонското село со нови 150 милиони евра за субвенции и рурален развој.

Ќе го продолжиме и проктот Купи куќа купи стан со новите подобрени услови за оние кои имаат потреба од куќа или стан, проект преку кој досега над 430 семејства го решија својот станбен проблем и секако ќе продолжат сите други наши проекти кои даваат добар резултат или наоѓаат одличен одѕив кај народот, како што се бесплатниот железнички превоз и бесплатниот влез во културните установи во одредени денови во неделата за младите и пензионерите, бесплатниот викенд за пензионерите кој ќе почне во 2015-та и мерката за субвенционирање на придонесите на секој кој ќе вработи млади луѓе до 29 години, мерка со која 5700 лица во 2014-та се вработија, како и можностите за ултра поволни кредити за младите луѓе кои сакаат да започнат бизнис. Преку другите активни мерки за вработување обезбедивме уште над 5000 работни места во 2014-та, а најмалку толку ќе има и во 2015-та. Не беа и нема да бидат заборавени лицата со хендикепт, на кои континуирано им се помага со постојните и со нови мерки.

Ветениот отпис на долгови, под одредени услови, е во длабока фаза и тој ќе заврши. Досега над 2000 ранливи категории лица добија решенија за отпис на различни долгови во износ од над 2 и пол милиони евра.

Во 2015-та, како и во 2014-та ќе продолжи силниот инвестициски бран во здравството, но и понатамошни системски мерки за подобрување на организацијата на здравството, условите за пациентите, условите за лекарите и медиционскиот персонал, обуките во најнапредни и најреномирани болници и клиники во Европа и во Америка на нашите лекари и медицински сестри кои наместо по 500 годишно како досега, ќе бидат по 1000 обуки годишно од 2015-та, што силно ќе го зголеми знаењето и искуството и ќе овозможи подобра здравствена услуга за сите во Македонија.

Во 2014-та стартуваше државната кардиохирургија за која се говореше 20-30 години, но и неонаталната кардиохирургија, под раководство на најдобрите лекари од Америка во оваа област. Заради процедурите на банката за развој при Советот на Европа задоцни градбата на новиот објект на комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, како и на Штипската клиничка болница, и нивнта градба ќе започне во првите 4 месеци од 2015-та година. Во 2014-та во комплексот клиники Мајка Тереза се заврши гасификацијата, а почна процедурата за изградба на гасна топлана за произвоство на електрична и топлинска енергија за потребите на овој комплекс кој ќе донесе многу заштеди. Се гасифицираше и Градската болница „8ми септември“. А, кога сме кај заштедите, во 2014 се остварија крупни заштеди со воведувањето на т.н.паралелен увоз на лекови и разбивањето на монополите во фармацевскиот бизнис, кои ќе се одразат и во 2015-та со вкупна заштеда од околу 14 милиони евра, пари со кои следната година ќе се реновира прилепската и битолската болница, кумановската ќе добие ургентен центар, а Клиниката Св.Наум Охридски во Скопје, како и некои други болници и клиники ќе добијат дополнителна опрема.

Ќе продолжат и инвестициите во културата, во спортот, во заштитата на животната околина, хидроцентралите, енергетиката, системите за наводнување и во нови други области.

Посебно сме и ќе останеме посветени на образованието и иновациите за кои ќе следат и првите грантови и поддршки во 2015-та одкако во 2014-та се оформи фондот за иновации. Во 2015-та влегуваме со започната процедура за две крупни реформи во образованието. Едната со која се регулира дејноста наставник, се формира академија за наставници, и се даваат стимулативни мерки за секој еден кој ќе се запише на педагошки факултет, со цел таму да се привлечат најдобрите студенти. Со оваа реформа, секој кој ќе студира педагошки факултет ќе добива месечно по 10.500 денари за време на студирањето, секој месец. Бројот на упишани ќе биде ограничен и строго селектиран исклучиво според квалитетот. Се воведува плус една година академија за време на чие студирање секој месец студентите ќе примаат по 21 илјада денари помош од државата, и конечно оние кои под овие услови во иднина ќе завршат ќе имаат загарантирано вработување. Има новини и за постојните наставници, имено, секој од актуелните наставници кој ќе заврши едногодишна академија, ќе има за 3 илјади денари повисока месечна плата. Целта е во иднина, новите генерации да ги учат и оформуваат најдобрите и најквалитетните, добро обучени учители, наставници и професори во основните и средните училишта.

Втората крупна реформа е поврзана со високото образование, нешто што деновиве е многу актуелно. Со неа се предвидува, дека почнувајки од 2018-та, секој професор ќе треба да издава најмалку два труда во пет години во реномирани меѓународни списанија со фактор на влијание, објавени на листата на Томсон Ројтерс – веб оф саианс. Ова предизвика вознемиреност кај ДЕЛ од македонските професори, која резултираше и со протести, но на Македонија и се потребни квалитетни професори и напредни научници, кои својот квалитет нема да го мерат само локално меѓу себе преку колумни низ дневните весници и бистрење политика, туку меѓународно со своите колеги од сите напредни држави. Ова на краток период ќе го наруши нивниот комодитет, но долгорочно сите добиваме. И со оваа мерка, доколку целосно се спроведе, Македонија повторно ќе остане меѓу последните во Европа според бројот на меѓународно признати трудови на македонските научни работници и професори, но од некаде мора да се почне. Да не бидам погрешно разбран, факт е дека ние во моментов имаме меѓународно конкурентни професори, но нивниот број не е голем, и тоа е предизвикот пред нас. Споредбите со Словенија и другите земји во регионот, каде имаат по 10 пати повеќе научни трудови, говорат се. Не сакам ни да помислам во овој момент да правиме споредба со земјите надвор од регионот како Германија, Франција или Америка.

Другата значајна реформа е државниот испит, кој треба да стави крај на купувањето дипломи без знаење, на корупцијата на факултетите, на добивањето оценки без знаење што е на штета на самите студенти, но и на целото општество. Македонија нема избор, освен својата иднина да ја позиционира и базира на знаење и креативност. Не можеме иднината да ја базираме на некои огромни резерви на нафта или на природен гас или други рудни богаства, ниту пак на илјадници километри морски плажи, ниту пак на било што друго што го немаме. Ги имаме нашите умови и само со реално и меѓународно конкуретно знаење, интерактивна настава базирана на развој на креативноста и претриемничкиот и иноваторски дух можеме да очекуваме поголеми успеси и поголема среќа, како индивидуално, така и колективно како држава.

Во 2015-та година ќе продолжиме со нашите напори за зачленувањето во НАТО и ЕУ. Шесте препораки на ЕК за почнување на прегооворите се показател за нашата досегашна посветеност на ова поле. Немањето волја кај нашиот јужен сосед ниту да се најде решение за ова прашање, ниту пак да го дозволи нашиот влез во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ беа клучните причини за одлагањата кои ни прават голема штета. Претпазливи кон нашите национални интереси, и со огромана волја за напредок влегуваме во 2015-та година по ова прашање.

Опозицијата, која во 2014-та година доживеа еден од најтешките порази во нивната историја, се надевам дека во 2015-та ќе извлече поука од сопствените грешки и ќе ја разбере пораката на народот. Од нас ќе има подадена рака за соработка секогаш, затоа што тоа е од интерес за нашата држава и за нашиот народ, за демократијата и за иднината. Со гнев, со злоба, без идеи и проекти, со неумесни условувања, со манипулации и интриги не се освојува поддршката на граѓаните. Напротив, со многу труд, работа, посветеност, искреност и креирање добро обмислени и пресметани идеи корисни за сите граѓани.

Ние како влада и владејачка партија, освен со посветена и одговорна работа, ќе останеме фокусирани на препознавањето на нашите, на сопствените грешки, на нашите слабости и пропусти. Само така можеме да останеме конкурентни на политичката сцена и да ја освојуваме довербата на мнозинството граѓани.

Во 2015-та следуваат и измени и дополнувања на Уставот, и стапување на сила на комплетно нова законска регулатива во делот на државната и јавната администрација, со што од корен ќе се променат некои состојби и проблеми во тој дел, а ќе дадат нов елан и нови можности на вработените во администрацијата. Следува и пакет на крупни измени во законите во судството кои треба да креираат уште поефикасно и поправично судство.

Продолжува и силната борба против криминалот и корупцијата. Во 2014-та Македонија се искачи за три скалила на листата на Транспаренси интернешнал, а со посветеност на ова поле, без селективност во мерките, цврсто верувам резултатите ќе продолжат да доаѓаат.

И конечно, на сите Вам, почитувани граѓани, Ви посакувам пред се добро здравје, многу љубов, спокојство и лични успеси и на приватен и на планот на вашата работа. Нека чувството на среќа во 2015-та година Ве обземе повеќе одколку во минатото, нека се остварат повеќе лични и семејни желби и планови, нека Бог ни дари добра мисла, бидејќи какви ни се мислите, таков ни е животот.

 

Среќна нова 2015 година!!!

Владата понуди прилично обемен пакет-мерки, кои се однесуваат на образовниот систем. Зошто толку многу новини?

РИСТОВСКИ: Образованието е сфера што никако не смее да трпи застои. Еднаш поставените стандарди за квалитет, мора континуирано да се надградуваат следејќи ги современите образовни трендови. Како влада сме исклучително решителни во тој дел затоа што Република Македонија е земја што не изобилува со огромни природни ресурси, нафтени полиња или, пак, долги песочни плажи, така што тоа нѐ ограничува кога е во прашање настапот на глобалниот пазар. Таму можеме да се натпреваруваме само со степенот и со нивото на понуденото знаење. Немаме алтернатива. Пакетот предлог-реформи, пред сѐ стимулативни, се однесува на сите сегменти од нашиот образовен систем и тој е произлезен од реална потреба, препознаен врз основа на една сеопфатна анализа и конструкција на натамошната траса за градењето на општество базирано на знаење, како основа и за вкупниот економско-социјален развој на земјата.

Се чини дека промените во најголем дел се однесуваат на образованието на идните наставници. Дали тоа значи дека промените таму се најнеопходни?

РИСТОВСКИ: Квалитетот на образовниот систем зависи од повеќе детерминанти. Но, лично сметам дека најголема улога има човечкиот фактор. Кога говорам за човечкиот фактор, пред сѐ мислам на наставниците, професорите и на стручниот кадар на сите образовни нивоа. Во изминатиот период  често слушавме коментари дека не секогаш најдобрите ученици се запишуваат на педагошките факултети. Дека дел од нив се студенти што не успеале да се запишат на некој друг факултет, каде што претходно конкурирале. Бевме сведоци дека дури ни по три уписни рокови квотите на овие факултети не беа целосно пополнувани. Од друга страна, секојдневно слушаме критики од учениците и од родителите за одредени наставници, за лошиот начин на предавање, недоволна грижа кон децата и посветеност во нивната едукација. Решивме темелно да ја промениме таквата практика и констатации. Во таа насока, изработивме нов Закон за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно, основно и во средно образование. Во него јасно се дефинирани критериумите за упис на педагошките факултети, односно тоа да бидат студенти со просек од минимум 4,00 во средното образование. Предлагаме нова унифицирана студиска програма изработена од најдобрите професори и стручни лица во областа, со посебен акцент на практичната обука, како и примена само на најсовремената литература што се користи на највисокорангираните педагошки факултети во светот. За најдобрите студенти со просек од најмалку 8,00 во текот на студиите, ќе следува стипендија во висина од 50 проценти од просечната нето-плата кај нас. Дополнително, законот прецизно дефинира и кој може да предава теорија и практика на овие факултети.

Паралелно, за постојните наставници во основните и во средните училишта, изработивме нова законска регулатива, која, исто така, е стимулирачка и верувам дека ќе ги охрабри да вложуваат во себе и со тоа да придонесат кон издигнување на дигнитетот на професијата наставник. Новиот закон им овозможува напредување во звања на еден прецизен и отворен начин, но и континуирано стручно усовршување и напредок во кариерата.

Што се очекува од планираната академија за наставници?

РИСТОВСКИ: Формирањето посебна образовна установа – академија за наставници, е надополнување на реформите за кои зборував претходно, а во контекст на создавање нови поквалитетни наставници, но и подобрување на стручната компетентност на веќе ангажираните. Практично, секој студент произлезен од наставничките студии, за да се вработи во училиште, ќе мора да има лиценца. Академијата ќе биде таа што ќе издава лиценци, кои гарантираат работно место на сите студенти што по приемниот испит, се запишале и успешно ја поминале програмата за обука во траење од осум до 12 месеци, а која ќе биде изработена од Програмскиот совет во кој ќе членуваат и наставници од првите 50 највисокорангирани универзитети во светот во согласност со Шангајската листа. Предавачи на академијата ќе бидат врвни странски и домашни професори од соодветната област. Во меѓувреме, секој кандидат за обука ќе добива месечна стипендија, еден вид плата, во висина од 100 проценти од износот на просечната месечна нето-плата во земјата, или околу 21.000 денари. Многу е важно што академијата ќе биде отворена и, како што нагласив, за веќе вработените наставници, кои ако се пријават за обука и добијат лиценца, ќе добијат повисоки месечни примања за 3.000 денари. Со ова сакаме да ги стимулираме и нив да се вклучат и надградат.

Многумина се најдоа повредени од тврдењата дека во високообразовните институции недостига квалитет. Кои се главните аргументи што го потврдуваат фактот дека на образовниот систем му се потребни сериозни реформи ако сакаме од факултетите да излегува поквалитетен кадар?

РИСТОВСКИ: За нас како влада многу е важно мислењето на деловната заедница. Затоа што компаниите најдиректно ги чувствуваат предностите и маните на образовниот резултат. Практично, најголемиот работодавец во земјата е дециден дека на пазарот на трудот постои квалитетен избор на кадри, но не е доволен. За жал, дел од дипломираните студенти, кога ќе бидат работно ангажирани, покажуваат суштински непознавања на областа што ја студирале. А тоа иницира потреба за дополнителни обуки и курсеви, што за работодавецот е загубено време, но и дополнителен трошок. Има и многу други причини, но оваа е суштинската. Затоа и ги предложивме овие крупни измени.

Може ли накратко да ги појасните?

РИСТОВСКИ: Накратко може само да се набројат. А детално, ќе бидат појаснети на јавните дебати, кои веќе ги почнавме и ќе продолжиме да ги реализираме со сите засегнат и заинтересирани страни. Во суштина, тоа што е најважно е предлогот за воведување на четиригодишните додипломски студии на сите факултети, затоа што тригодишните де факто продуцираат недоволно квалификувани и подготвени кадри, кои мора да продолжат на постдипломски студии дополнителни две години, за потоа да бидат третирани на пазарот како преквалификувани студенти, кои како такви тешко обезбедуваат работен ангажман. Ова е надополнето со воведување задолжителен устен испит, покрај писмениот, заради унапредување на комуникациските вештини и начинот на изразување на студентот. Понатаму, една од новините е воведувањето на државниот испит, како механизам за системска проверка и верификација на академското знаење. Исто така, предлагаме и воведување приемен испит за студентите странски државјани, со цел поголема валоризација на дипломата здобиена во нашата земја. Со измените е предвидена можноста во иднина докторски студии да организираат само универзитетите што се меѓу првите пет рангирани универзитети и високообразовни установи во состав на универзитетите. И последно, можноста ректор, односно декан на високообразовна установа во земјата да биде и странски државјанин.

Студентскиот пленум обвинува дека реформите се воведуваат насилно,  без намера за сериозна дебата. Како планирате да ги убедите засегнатите страни дека нивните предлози и забелешки ќе бидат сериозно земени предвид ако се во насока на подобрување на квалитетот на образовниот систем?

РИСТОВСКИ: Јавните дебати се иницијатива на Министерството за образование и за наука и на Владата на РМ затоа што постои силна волја од наша страна да ги слушнеме сите конструктивни предлози и идеи. Тоа многу ни значи и, верувајте, секоја добронамерна сугестија ќе биде сериозно разгледана и земена предвид при конечните решенија. Но, досега од тие што се појавуваат во јавноста и се декларираат како неформална студентска организација, не слушнавме ниту една идеја, освен тотална деструктивност и одбивност кон сето тоа што се нуди за подобро образование на студентите. Навистина жалам што потпаднаа под притисокот и влијанието на политиката.

Една од главните забелешки е дека со воведувањето државен испит се прави упад во автономијата на универзитетите, односно дека определувањето форми и видови на проверка на знаењето на студентите е во доменот на академската слобода на универзитетот. Го имавте ли овој момент предвид при конципирањето на проектот?

РИСТОВСКИ: Државниот испит ќе го реализира одборот за акредитација и за евалуација, составен од универзитетски професори, како орган што и досега беше надлежен за контрола на високообразовниот систем, за одобрување на студиските програми и следење на нивната реализација и слично. Тој ќе претрпи извесни кадровски и структурни промени за да може соодветно да одговори на обврските што ќе произлезат од концептот за државен испит. Во никој случај не треба да говориме дека се работи за каков било упад во автономијата на универзитетите. Тие и понатаму самостојно ќе ги создаваат наставните програми, ќе решаваат за начинот на оценување на студентите, ќе избираат професори, декани и ректори. Сметам дека таквата констатација е формулирана од дел од професорите, со поткрепа на политичките структури, на кои, очигледно, не им одговара студентите да добиваат оценки и дипломи по заслуга и во согласност со здобиеното знаење. Реакцијата е резултат на нарушување на професорскиот комодитет. Знаете, и во земјите од вишеградската група, во Данска, во Шведска, Австралија и во многу други постои ваков или сличен модел за проверка на знаењето на студентите и никаде не се смета за упад во универзитетската автономија. Само кај нас, автономијата се толкува и дефинира во зависност од потребите и личните интереси на одредена група.

Каков ефект очекувате од државниот испит?

РИСТОВСКИ: Државниот испит ќе овозможи здобивање унифицирано знаење за сите студенти и на државните и на приватните универзитети. Сите студенти ќе се стават во рамноправна положба. Сведоци сме на многу шпекулации за лесно здобивање дипломи на одредени факултети, кои потоа се мерат по износот на потрошени пари, а не по обемот на здобиеното знаење. Таквите дипломи се огромна штета за студентите што ги добиваат, затоа што без елементарни познавања на областа, понатаму не можат да просперираат. Од друга страна, во борбата за работен ангажман им штетат на студентите што, навистина, со макотрпна работа и личен труд го завршиле високото образование и здобиле реално знаење и познавање на областа. Постои неправедност за која ние како влада не можеме да премолчиме и ништо да не преземеме. Затоа се решивме на овој чекор. Идејата е да бидеме сигурни дека секој студент знае најмалку за шестка, а понатаму пазарот на трудот нека ги оценува здобиените вештини и компетенции.

Ставате ред и во изборот на идните директори на основните и на средните училишта. Дали, можеби, последните случувања во дел од нив, кога остануваа без нафта и струја, се иницијална каписла за оваа новина?

РИСТОВСКИ: Можеби, навидум, се чини така, но Законот за обука и за испит на директор за основни и за средни училишта, се планира подолг временски период. Ако порано при изборот на директор беше најважно тој да е строг, денес критериумите се многу повисоки. Тој, пред сѐ, мора да биде добар менаџер, кој ќе ги раководи и администрира сите процеси во училиштето. Овој закон ќе го овозможи токму тоа. Прво, квалитетна обука за секој кандидат за директор, која ќе се реализира низ шест модули и тоа, примена на информатичко-компјутерска технологија во менаџирањето; теорија на организација; луѓето во организацијата; директорот како педагошки раководител; законодавство и финансии. Потоа ќе следува полагање испит за директор и здобивање лиценца за вршење на оваа функција. На крајот, ќе се врши селекција на најдобриот кадар, кој задолжително континуирано ќе се надградува. Денешницата има потреба од вистински менаџери.

 

Извор: Неделник Република

Новинар: Ненад Мирчевски

Фото: Александар Ивановски

 

Државниот испит за студентите ќе се полага од 2017 година

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска во интервју за ТВ Алфа, изјави дека студените кои ќе полагаат државен испит точно ќе знаат од кои прашања ќе биде направен избор и оти испитот ќе почне да се спроведува во 2017 година, односно за студентите кои на универзитетите во земјава ќе се запишат во септември 2015 година. Груевски потенцираше дека оние што веќе студираат нема да полагаат државен испит.  

-  Ние од прва објавивме дека ќе одиме со државен испит, дека тоа го разгледуваме. Но кога опозицијата виде дека со ова може да ги навлече студентите и младите против Владата и владејачките партии, го смени зборот државен испит во екстерно за да ги наелектризира и да ги насочи кон протести и создаде целосна забуна. Јас не знам зошто протестираат овие студенти, тие нема да полагаат државен испит, не се запишани по тој закон, изјави Груевски.

Потсети дека државен испит веќе се спроведува во повеќе земји во Европа, како Полска, Чешка, Словачка, Унгарија... Со државниот испит, појасни тој, се утврдува дали студентот има минимум знаење да положи испит. - Целта на државниот испит е да се види дали тој знае за шестка. Ако добил седумка, осумка, деветка или десетка тука многу не навлегува државниот испит. Тој се фоусира само на минимално знаење на студентот за шестка. Се поставуваат прашања и се утврдува со колку минимум студентот го положил државниот испит, рече премиерот.

Во однос на прашањата, Груевски истакна дека тие ќе бидат објавени претходно. - Студентите точно ќе знаат од кои прашања можат да добијат прашања. На пример, ако тие положиле во прва и втора година 14 испити, и од тие испити има 1.400 можни прашања, тие ќе бидат објавени на веб-страна на интернет и секој ќе може да ги види. Од тие 1.400 секој ќе добие по пет од секој испит. Тоа се седумдесет прашања. Ќе положи ако има повеќе од половина позитивни одговори, или, пак, ако се оди по тежински фактор, што е уште пологично, ако има половина бодови согласно тежинскиот фактор за секое прашање. Од каде ќе бидат прашањата извадени? Државниопт испит ќе го спроведува не државата, не Владата, не МОН туку Одборот за акредитација во кој што има професори. И таму ќе имаме реконструкција. Ќе влезат голем дел професори кои имаат најмногу свои публикации во списанија со импакт фактор, кои најмногу поминуваат надвор. Ќе се полага во специјални државни испитни центри што ќе ги организира државата, не во самиот факултет... Секој студент ќе добие различна комбинација на прашања, а нив ќе ги одреди софтверот. Инаку, Одборот за акредитација прашањата ќе ги креира од наставната програма која што самиот универзитет ја приложил до нив, рече премиерот. 

Целта е, рече Груевски, „ако некој на кој било начин успеал да добие оценки без знаење да го натераме да научи и да биде рамноправен со тие што учеле“. Многу од младите оценките ги добиваат со труд и со учење, а помал дел успеваат без учење да поминат и, додава тој, потоа тие се конкуренти на пазарот на трудот што не е фер.

Првото полагање очекуваме да биде некаде средината на 2017, кога ќе наврши втора година онаа генерација која ќе се запише во 2015 година. Ако некој не положи, ќе полага повторно.

- Намерно го поделивме државниот испит во два дела. едниот да биде за прва и втора година, а другиот за преостанатите две или три. Се предвидува засега со сигурност да се полага писмено, електронски, компјутерски, при што одговорот ќе го има веднаш. Штом ќе го одговори последното прашање компјутерот ќе му исфрли колку бодови освоил. И тоа ќе биде објавено на електронска огласноа табла, размислуваме и за усно. Се уште размислуваме, тре јавната расправа. На некои факултети ќе има модификации, самата наука не дозволува вака да се полага. За нив стручните комисиите ќе одредат поинаков начин на полагање, рече Груевски. 

Потсети дека вакво полагање веќе има на Медицинскиот фалутет во Скопје и оти со Законот за медицински факултет е донесен пред околу две години. - Неодамна веќе полагаа и немаше никакви проблеми. Тие што знаеа си положија, тие што помалку учеле можеби ќе полагаат повторно, рече премиерот Груевски.

Платите на специјалистите ќе се зголемат за 25 отсто

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска платите на специјалистите од скопските клиники и градската болница „8 септември“ ќе се зголемат за 25 отсто и оти тие се главно од заштедите направени со тендерите за инсулин и за набавка на лекови. 

Министерот за зравство Никола Тодоров најави 25 отсто зголемување на платите на специјалистите од скопските клиники и градската болница „8 септември“. Од нив 4 отсто се од редовното зголемување на платите кое, како што рече Груевски, беше најавено во програмата, 9,2 отсто е дополнителното покачување со ноемвриската плата и 9,2 отсто ќе следи со февруарската плата.

- Ние го сменивме законот, направивме реформа, тоа го најавивме во нашата програма. Најавивме во законот дека ќе направиме реформа и паралелен увоз со што веруваме дека за истите лекови, истиот квалитет цената ќе биде пониска, државата ќе направи заштеда и со таа заштеда ќе инвестираме во нешто друго, истакна Груевски.

Првиот тендер што го објавивме, појасни Груевски, беше централизиран со параленен увоз откако се смени законот.

- Во првиот тендер се објави набавка на 72 лека, односно секоја здравствена установа ги даде двата најфреквентни лека и двата најскапи лека . Вкупно 72 лека. Од овој тендер заштедата е шест милиони евра од кои 110 милиони одат за покачување на платите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската болница „8 септември“, а другиот дел одат за неколку болници односно што имаат поголеми долгови како што се прилепската, битолската, гостиварската и други, посочи Груевски. 

Потоа објавен е втор тендер за набавка на инсулин. - Од тој тендер за истиот квалитет на инсулин добивме заштеда од 3,8 милиони евра. Тие средства ќе се употребат за пообемно реновирање на прилепската и битолската болница, нов ургентен центар во Куманово и набавка на опрема за болницата Свети Наум Охридски во Скопје, рече Груевски. Ќе бидат набавени најмалку два ендоскопски стола, еден кревет за лица со изгореници и мамограф. Ќе се набават уште шест мамографи за болниците „Свети Наум Охридски“, за охридската, за штипската, во кочанската, во прилепската и во кавадаречката болница.  

Од третиот тендер, посочи премиерот, кој е за над 600 лекови се очекува заштеда од три до четири милиони евра. 

-Очекуваме заштеда од 3 до 4 милиони евра и од таа заштеда околу 70% од средствата ќе бидат за ново зголемување на платите на лекарите, но овој пат во здравствените домови каде што е брзата помош итн...бидејќи тие не се ставени на плаќање на учинок и имаат пониска основа. Се очекува наредниот месец или најкасно јануари да заврши овој тендер. Од заштедата најголем дел ќе оди во покачување на платите на лекарите во здравствените домови. Вкупно очекуваме околу 13 до 14 милиои евра заштеда, изјави премиерот.

Парите од заштедите во здравството, во минатото оделе како екстра профити

Претседателот на Владата Никола Груевски во интервјуто за ТВ Алфа изјави оти со реформите во здравството и со новите тендери ќе се заштедат околу 13 до 14 милиони евра. Со овие пари, според него, во минатото се правеле екстра профити. 

Клучно прашање е, посочи Груевски, зошто во минатото не се правеле вакви заштеди и зошто некој толку многу протестира.

- Каде завршувале овие пари? Овие пари во минатото завршувале како екстра профити на фармацевстките куќи и веледрогерии, како што ги немало во други земји и некој тоа го дозволувал, рече Груевски.

Тие (фармацевстките куќи и веледрогерии) и сега, додаде тој, имаат профити и ќе имат големи заработки и добри плати.  

Груевски зборуваше за заштедите во здрвавството одговарајќи на прашање за најавеното зголемување на платите на специјалистите на скопските клиники и градската болница „8 Септември“.   

Министерот за зравство Никола Тодоров најави 25 отсто зголемување на платите на специјалистите од скопските клиники и градската болница „8 септември“. Од нив 4 отсто се од редовното зголемување на платите кое, како што рече Груевски, беше најавено во програмата, 9,2 отсто е дополнителното покачување со ноемвриската плата и 9,2 отсто ќе следи со февруарската плата.

- Се заедно излегува околу 25% зголемување, истакна премиерот. Парите, главно, доаѓаат од заштедите што беа направени на тендерот за инсулин и на тендерот за набавка на лекови.

- Ние го сменивме законот, направивме реформа, тоа го најавивме во нашата програма. Најавивме во законот дека ќе направиме реформа и паралелен увоз со што веруваме дека за истите лекови, истиот квалитет цената ќе биде пониска, државата ќе направи заштеда и со таа заштеда ќе инвестираме во нешто друго, истакна Груевски.

Првиот тендер што го објавивме, појасни Груевски, беше централизиран со параленен увоз откако се смени законот.

- Во првиот тендер се објави набавка на 72 лека, односно секоја здравствена установа ги даде двата најфреквентни лека и двата најскапи лека . Вкупно 72 лека. Од овој тендер заштедата е шест милиони евра од кои 110 милиони одат за покачување на платите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската болница „8 септември“, а другиот дел одат за неколку болници односно што имаат поголеми долгови како што се прилепската, битолската, гостиварската и други, посочи Груевски. 

Потоа објавен е втор тендер за набавка на инсулин. - Од тој тендер за истиот квалитет на инсулин добивме заштеда од 3,8 милиони евра. Тие средства ќе се употребат за пообемно реновирање на прилепската и битолската болница, нов ургентен центар во Куманово и набавка на опрема за болницата Свети Наум Охридски во Скопје, рече Груевски. Ќе бидат набавени најмалку два ендоскопски стола, еден кревет за лица со изгореници и мамограф. Ќе се набават уште шест мамографи за болниците „Свети Наум Охридски“, за охридската, за штипската, во кочанската, во прилепската и во кавадаречката болница.  

Од третиот тендер, посочи премиерот, кој е за над 600 лекови се очекува заштеда од три до четири милиони евра. 

-Очекуваме заштеда од 3 до 4 милиони евра и од таа заштеда околу 70% од средствата ќе бидат за ново зголемување на платите на лекарите, но овој пат во здравствените домови каде што е брзата помош итн...бидејќи тие не се ставени на плаќање на учинок и имаат пониска основа. Се очекува наредниот месец или најкасно јануари да заврши овој тендер. Од заштедата најголем дел ќе оди во покачување на платите на лекарите во здравствените домови. Вкупно очекуваме околу 13 до 14 милиои евра заштеда, изјави премиерот.

УЈП ќе продолжи со контролите

Управата за јавни приходи ќе ги продолжи контролите секаде низ земјата, изјави премиерот Никола Груевски во интервјуто за ТВ Алфа, и притоа посочи дека граѓаните не треба да се ставаат во нерамноправна положба во однос на плаќањето даноци. 

- Долго време слушавме критики дека немало контрола за законот за пушење во Западна Македонија или за фискални каси. Сега слушаме критики зошто ги има. Управата за јавни проходи си ја врши својата работа. Таа контролира и во Скопје, Охрид, Битола, Штип, Кочани, но и во Тетово, во Чаир, во Студеничани, во Кондово, и во Куманово и секаде. Тоа и е работа. Таа треба да се грижи за спроведување на законот и секој подеднакво да ги плаќа даноците. Да не се ставаме во нерамноправна положба, едни да не плаќаат данок, а други да плаќаат. Имаме најнизок данок во Европа, да потсетам. Тоа е нелојална конкуренција и тоа се државни приходи и со тие купуваме работи за образование, здравство, рече Груевски.

Во врска со забелешките дека инспектори од УЈП на терен излегувале со зајакнати сили, Груевски вели дека таа одлука веројатно е донесена врз основа на минатите негативни искуства.

- До вчера зборуваа во Центар не се пушело, во Чаир се пушело, рече премиерот и додаде дека над 70 проценти од граѓаните го поддржуваат овој закон за пушење. 

Контролите, рече Груевски, ќе продолжат секаде. - Сите се исти пред законот, законите важат за сите. Проблеми можд да се јават. Во Студеничани имало проблем, но затоа полицијата врши проценка дека треба да има зајакнато присуство, додаде премиерот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Државниот испит значи да за знаење, стоп за купени дипломи

Државениот испит има за цел да го унапреди квалитетот на виското образование и да се стави крај на појавата на купени дипломи, изјави вечерва премиерот Никола Груевски.

- Ние сме цврсто решени да најдеме мерка со која што ќе се стави крај на давањето дипломи без елементарно знаење затоа што тоа е на штета на сите оние кои што учат и со знаење и учење доаѓаат до диплома и потоа истите овие им се конкуренција кога некаде конкурираат за работа. И не е фер за секој оној кој учи и со напори дошол до диплома некој да дојде и да му каже имаш просек 6,5, а јас имам 10, а тој со 10 не отворил книга. Не е добро и за општеството да се произведуваат генерации со дипломи, а кои што имаат 0 знаење и ние како Влада несмееме да ги затвориме очите и да ги гледаме последиците после х-години. Затоа што тие млади луѓе, сега можеби не се сите од нив доволно зрели и да знаат што ги чека после, а тоа се сриозни потешкотии да најдат работа, и ако ја најдат да ја задржат а камоли да напредуваат. Ние сме должни и кон оние кои се борат да дојдат до такви дипломи, да им помогнеме со вакви мерки да дојдат до знаење, а не само до диплома. Знаењето движи напред, а не дипломата, дециден е премиерот Груевски во интервју за Дневникот на ТВ Сител.  

Тој појасни дека екстерно тестирање во виското образование не се планира и нема да има, а она што се разгледува е воведување државен испит.

- Разликата, според она што го знаеме од основните и средните училишта, е оценување на наставниците дали дале реална оценка на учениците. Ако наставникот му дал 5, а ученицот знаел за 3, или ако наставникот м,у дал 2 а ученикот знаел за 4, тогаш наставникот губи бодови и на ранг листата ќе дојде во онаа помала груба која на крајот од годината може да биде парично казнета. Тука фокусот е на наставникот да дава реална оценка на ученикот. Кај државниот испит фокусот е друг и тука професорот нема никаква врска и не се предвидени ниту казни ниту некакви реперкусии, а фокусот е на тоа да се осигури дека студентот научил најмалу за 6, односно дошол до минимум знаење по сите предмети кои што ги положил, вели премиерот Груевски

Тоа е еден испит,додава, кој за да им се олесни на студентите се дели во два дела -првиот се полага после втора година, кога ќе ги положи испитите од втора година и тоа се по неколку прашања од сите испити кои што ги положил. Проверка дека навистина ги положил  без ралика дали и сите со 10, ако на државниот добие поени колку за 6 положил државен испит.

- Значи нема да му се менува ниту оценка, нема да има ниту реперкусија за студентот ниту за професорот.Државата сака да се осигура дека студентите што завршуваат факултети навистина имаат барем минимално знаење за 6. Дали добиле 10, 9 тоа нека го мери пазарот на труд. Ова не го правиме случајно, туку затоа што во изминатите 10-15-20 години се соочуваме со проблеми, затоа што на некои факултети на некои универзитети се даваат оценки без знаење. Зошто и како, на јавноста и е познато и тоа е веќе јавна тајна и ние не можеме да останеме рамнодушни на тоа, вели Груевски.

Следно што е значајно, според него, е дека овој испит ќе започне од следната учебна година и ќе ги зафати студентите што тогаш ќе се запишат.

- Овие студенти што сега протестираат и да сакаат не може да ги опфати државниот испит затоа што тие започнале со студии во друго време кога ваков закон не постоел. Ова ќе важи за оние што ќе се запишат откако законот ќе стапи во сила. Зошто протестираат не знам, а и секој има право да протестира, вели тој.

Првиот државен испит, посочува, ќе се случи во средина на 2017 година, кога оние што ќе се запишат во септември догодина ќе дојдат некаде до крајот на втората година. Ќе се полага квартално, а тие што ќе полагаат ако не положат од првпат ќе можат да полагаат неограничено додека не положат. 

Самиот испит ќе го спроведува Одборот за акредитација, додава, а не државата ниту МОН. Тој е составен главно од универзитетски професори и ќе биде спроведуваат во државни испитни центри, односно специјални простории опремени со компјутери и се што е потребно испитот да се полага. Писмените резултати ќе ги имаат веднаш штом го одговорат последното прашање.

За екстерно тесторање, нагласи премиерот Груевски, го има во Англија, Ирска, Данска, Австралија и во други земји. Државниот испит, кој што е поразлична и полесна форма, пак, го има во Полска, Чешка, Унгарија, Словачка и во други земји и таму, вели, никој не се буни.

Според него, политиката е таа што ги вади студентите на улица.

- Опозиционата партија СДСМ, според наши информации, беше силно фокусирана да излезат студенти, особено на факултетите во Скопје, како Правниот, Економскиот, а особено на Архитектура каде некои професори по списоци ги поттикнувале студентите да излезат на протест. И тоа е дел од плурализмот, иако не е етички како за професор некој тоа да го прави, вели премиерот Груевски. 

Странските инвестиции донесоа 11.000 вработувања, нови 13.000 се во најава

Задоволен сум од странските инвестиции бидејќи досега донесоа 11.000 вработивања. Одлука во последниве месеци дека својот капитал ќе го вложат во земјава донесоа повеќе инвеститори при што планираат нови 13.000 директни вработувања, изјави премиерот Никола Груевски. 

- Јас сум презадоволен од интересот и од одлуките што веќе ги донесоа о објавија голем број странски инвеститори. Некаде меѓу јануари и април до изборите, 17 компании донесоа одлука и самите објавија изградба на фабрики во Македонија. Ние сите ги следиме и тие веќе длабоко работат на подготовка на проекти и се што е потребно за да почнат да градат. Се надевам дека меѓу декември и март следната година, најдоцна јуни, најголем дел од нив ќе ги почнат градбите на фабрики. Осум други фабрики донесоа и објавија одлуки после изборите до сега, а уште шест не известија дека донесоа одлука, но дека не се во можност да објават во овој момент и ние тоа го почитуваме. Од оние инвестиции што досега се случија како Џонсон Мети, Кромберг и Шуберт и др. досега имаме 11.000 директни вработувања и уште многу индиректни. Овие сега што се објавени планот е дека ќе донесат нови 13.000 директни вработувања плус индиректни. Индиректните се најмалку 50 отсто повеќе од тоа, а некогаш и дуплирано, зависно од дејноста што ќе ја работат, вели премиерот Груевски во интеврвју за Дневникот на ТВ Сител.

Особено изрази задоволство што групата Веибо, која пред изборите објави дека ќе инвестира во Македонија и во декември треба да почне со градба на фабрики, а најави дека ќе вработи 4.000 лица, ја ревидирала таа бројка и сега планира вработувања на 5.600 луѓе.    

Груевски информира дека меѓу компаниите кои донеле одлука за инвестирање во Македонија е и една израелска компанија која сака да отвори кол-центар, заинетерсирани се и за купување на една од постоечките банки, за изградба на рехабилитационен центар  во Охрид, и за изградба на спа-центар и дата-центар.

- Во минативе две недели, челниците на една израелска компанија два пати дојдоа во Македонија на финални договори. Донесе одлука за отворање кол-центар и веќе почна соравотка во Македонија, а бара и луѓе за вработување. Кога ќе почнат со работа, за две недели ќе вработат 40 лица, а за три години планираат да вработат до 2000 лица, рече Груевски.

Од последното роуд шоу во САД, посочи дека една компанија изразила заинтересираност за отворање кол-центар во Македонија. Раководството на компанијата за таа цел во јануари најавил посета на Македонија за прецизирање на деталите.

- Кога станува збор за инвестициите крајната цел е отворање нови работни места и намалување на невработеноста. Тоа нам ни се случува. Ние имавме 38 отсто невработеност сега имаме 28 отсто и планираме до крајот на овој мандат таа да дојде до 22 проценти, рече премиерот Никола Груевски. 

Поглаварот на ИВЗ се постави како партиски и политички, а не верски лидер

Поглавартот на ИВЗ со ставовите во неговата колумна ги навреди чувствата на Македонци со муслиманска вероисповед. Се постави како партиски, политички, етнички лидер, а не како верски лидер, изјави вечерва премиерот Никола Груевски, нарекувајќи ја колумната голема грешка.

- Македонците со  муслиманска вероисповед постоеле многу одамна и многу пред ВМРО-ДПМНЕ. Јас го почитувам поглавартот на ИВЗ, сме комуницирале и сме решавале многу прашања. Имам кон него почит како кон лидер на верска заедница. Но, тоа што тој го направи со неговата колумна е најмалку значајно што е навреда и клевета за ВМРО-ДПМНЕ, туку е навреда на чувствата на Македонци со муслиманска вероисповед. Тој се постави како партиски, политички, етнички лидер, а треба да биде верски лидер за сите етнички заедници во Македонија. За него сите граѓани и Албанците и Турците, и Ромите и Македонците што се муслимани треба да имаат исто значење, иста почит и исти приод кон нив. На сите да им даде можност да си го остварат своето верско право, вели Груевски во интервју за Дневникот на ТВ Сител.

Според него, кај Реисот има висока доза на етнички национализам кој е очигледан и тоа не води кон добро, а испраќа и лоши пораки кон верниците. Премиерот сепак посочи дека се надева дека поглавартот на ИВЗ ќе ја поправи грешката и ќе им се извини на граѓаните. 

Работиме на решање на проблемите на граѓаните, не се занимаваме со бомби како Заев

Премиерот Никола Груевски изјави дека наспроти негативната кампања и некаква „бомба“ со која СДСМ се заканува, Владата е фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните и на реформите.

- Заев отсекогаш се заканувал, нека се заканува и понатаму. Ние работиме друг тип на бомби. Еве спремаме една бомбичка, но позитивна со која ќе решиме долгогодишен проблем на илјадници луѓе во Македонија. Тоа планираме наскоро да го објавиме. Ние имаме позитивен приод кон решавање на проблемите, кон реформи, кон помагање на луѓето. Тие се заглавени во друга сфера во негативним кампањи, манипулации, Ние ќе тераме по наше, тие по нивни, па народот нека пресуди, рече вечерва премиерот Груевски во интервју за Дневникот на ТВ Сител. 

Работиме на гасификацијата која ќе ги намали трошоците на домаќинствата и бизнисот

Работиме на процесот на гасификацијата, кој треба да ги намали трошоците за фабриките и домаќинствата, а ќе донесе добробит и од еколошки аспект, изјави вечерва премиерот Никола Грувески. 

- Во декември, односно во јануари следната година треба да се одржи електронска аукција за гасификација на Скопје, на која ќе се наддаваат две компании, кои се влезени во финална фаза. Таа што ќе понуди подобра понуда ќе ја добие концесијата за 20 години, рече Грувески во интервју за Дневникот на ТВ Сител.

Тој подвлече, дека по електронското наддавање ќе следува потпишување на договорот. Избраната компанија потоа ќе треба да инвестира 100 милиони евра за поврзување за дотур на гас до домакинствата и фабриките. 

Следно е, посочи, гасифицирање на Источна и Западна Македонија.

- Ние имавме обид за привлекување на концесионери, но заврши неуспешно. Но има заинтересирани, кои доцна не известија дека не успеале да ја подготват целата документација. Ние оставивме законскиот рок да истече, по што ќе објавиме нов јавен повик. Ќе го избереме оној кој ќе понуди најдобра цена, вели премиерот Груевски посочувајќи дека тоа се однесува за секундарната гасификација.

За примарната гасификација, која значи поврзување со гас од град до град со цевковод, рече, во завршни разговори се со ЕБОР, но се разговора и со други можни инвеститори, а се разгледува и можноста за објавување јавен повик за наоѓање јавно приватно партнерство.

За постојниот договор на Македонија за снабдување со гас, рече дека не е искористен ниту половина од можностите, но се работи на обезбедување други извори на природен гас.

- Тоа се 800 милиони кубни метри капацитет. Но, се цени дека и таа количина во услови кога брзо ќе се зголеми бројот на фабрики ќе биде малку. Така што веќе планираме договор со Грција за спојување со нивниот гасовод, којшто доаѓа од атинското пристаниште. И за тоа бараме начини да се заврши. Ја разгледуваме и можноста за поврзување со интерконективниот гасовод во Бугарија. Ќе одиме и на двете варијанти. Добро е Македонија да има повеќе од два извора на снабдување, рече премиерот Груевски.

 

 

Неодамна заврши берлинскиот самит, за него имаше различни очекувања и анализи, кои одеа од една до друга крајност.Таму се случија три панели посветени на економијата и на политиката, средби зад затворени врати, декларација толкувана како четири задачи за регионот.Но што, всушност, донесе Берлин?

Груевски: Чувството е дека Германија како предводник и ЕУ би сакале следните четири години, кога веќе официјално објавија дека нема да има проширување, да посветат повеќе внимание на регионот во смисла на две работи: прво на решавање на крупните прашања во различните држави во регионот и второ на економијата, вклучувајќи ги инфраструктурата и енергетиката, како и инвестициската клима.

Во делот на крупните прашања, секоја држава има по некое. Србија и Косово во делот на довршување на договорот, вклучително и меѓусебното признавање и отворање амбасади, кај Македонија е прашањето со јужниот сосед, за БиХ е прашањето со Уставот и да почне да функционира државата бидејќи се говори дека државата е нефункционална, има одредени прашања и кај другите, на пример Хрватска нема договори за границите со речиси сите соседи, освен со Унгарија, така што секаде има по некое крупно прашање што треба да се разреши, а Германија сака да стави акцент на сето тоа.

Мислам дека тоа го стимулираат и САД, односно стимулираат посилна улога и активност на Германија и на ЕУ во регионот.

Во економскиот дел, идејата е да им се даде поголем импулс на земјите од Балканот, кои имаат економски проблеми и назадувања, со цел кога ќе дојде време за пристапување кон ЕУ, земјата да задоволува некои проценети економски стандарди за да биде дел од Унијата. Останува да се види како ќе го прават тоа, ако планираат да го прават само преку заеми, мислам дека ќе биде мала поддршката бидејќи повеќето од овие земји имаат проблеми со задолжувањето. Лимитите за задолжување им се веќе надминати.За среќа, Македонија не е во таа група, но Словенија, Хрватска, Србија и, веројатно, и другите или се многу блиску или ги имаат надминато лимитите за задолжување.Доколку се работи за грантови од проектите на ИПА, тие и досега постоеја и не се некоја новина.Па ќе чекаме што ќе излезе, дали некоја нова иницијатива во однос на поддршката или комбинација или зацврстување на постојните, како што сѐ погласно се говори, тоа допрва треба да се види.

Во делот на енергетиката, познато е дека ЕУ сака да отвори повеќе можности за гасоводите, за можностите за гас, така што, веројатно, тука ќе се обидат да дадат повеќе можности за земјите од регионот за да не бидат зависни само од еден извор.

Во делот на инфраструктурата, во смисла патишта, железници, развој на цели мрежи на инфраструктура, посебно преку регионални проекти за меѓусебно поврзување, исто така, се бара соработка и напредок, а и се чини дека ќе се обрне посериозно внимание и ќе има поголема поддршка од ЕУ.

Некаде владеењето на правото е главната пречка да почнат да доаѓаат инвеститори.

На вечерата со германската канцеларка, во последната фаза од вечерата, која беше послободна, бидејќи претходно беше со службени излагања на учесниците, имаше едно прашање од еден од учесниците од регионот, кој ја праша: „како се чувствувате кога ние седиме до вас, осум држави, знаете дека очекуваме помош од вас, дека бараме да ни помогнете и финансиски, економски и политички, како од најсилните држави во Европа, а од друга страна знаете дека имаме проблеми, па какво е вашето чувство?“Тоа беше неочекувано прашање за неа, но даде еден интересен одговор. Се наврати на периодот кога таа била во Источна Германија, кога се уривал Берлинскиот ѕид, со што сѐ се соочувале тие и како размислувале, за на крај да ја каже поентата дека е свесна дека не ни е лесно, но и дека нема да ни помогне само со сочувство или со сожалување, тука само ако постојано бара побрзо завршување на реформите што треба да направат една подобра ситуација во државите во нашиот регион. Ќе се бара од сите држави да завршат повеќе реформи во делот на детектираните слабости и ќе се обидат да помогнат во тој процес.

Тоа што произлезе како декларација од Берлин, ќе провејува низ ова интервју. На пример, делот што се однесува на опозицијата, дека мора да може и мора да сака да биде дел од институциите, да биде дел од политичката дебата. Ќе биде ли тоа разбрано како што треба или ќе се остане на веќе познатата реакција дека било порака до Вас да ги прифатите нивните барања, услови за дијалог?

Груевски:  Во декларацијата има јасно напишана една и единствена реченица на оваа тема, дека се очекува од опозицијата своето дејствување и активности да ги прави во парламентот. Мислам дека тоа е многу јасна порака за позициите на ЕУ во однос на дејствувањата на некои опозициски партии во некои од државите, вклучувајќи ја тука и Македонија. За тоа како треба да ја водат својата политичка борба, легитимна политичка борба, без условувања и без дилеми во тој правец. Така што ако некој имал дилема каква е позицијата на ЕУ, а мислам и пошироко на западот по однос на тоа прашање, тоа е јасно.Борбата на опозицијата треба да се сведе во парламентот, а не надвор од него.Не може опозицијата да очекува дека со бојкот на парламентот или со излегување од парламентот ќе добие некаква меѓународна поддршка.Мислам дека македонската опозиција во тој поглед има нереални очекувања дека со отсуство од парламентот прво ќе предизвика симпатии кај граѓаните, а потоа и поддршка од меѓународната заедница. Симпатии кај граѓаните нема да предизвика затоа што граѓаните добро ги познаваат состојбите во Македонија и се свесни дека мотивите заради кои опозицијата излезе се нереални, не се базираат на вистинити искази од нивна страна - нивните искази беа дека изборите се нереални, дека резултатите од изборите се фалсификувани, дека немаше фер и демократски избори и дека како резултат на тоа тие го напуштаат парламентот. Всушност, на секој што добро ја следи политичката ситуација во Македонија му е јасно дека излегувањето од парламентот беше алиби на претседателот на СДСМ да се задржи на претседателската функција во партијата.Тоа го заврши, се задржа на таа функција и сега бара начин или нема начин како да се врати, или не може да најде начин како да се врати во парламентот бидејќи потребна е една преодна фаза од таа негова цел до враќањето во парламентот.Како ќе го изведе тоа, дали ќе го изведе тоа, не можам да коментирам, не е моја работа.Гледам дека таму во опозицискиот блок има натпревар во правец на тоа кој ќе биде потврд.Тој натпревар е меѓу оваа групација блиска до Зоран Заев и меѓу групацијата, да речеме, блиска до Црвенковски, иако и двете имаат иста цел и слично менторство.Битката е кој е потврд и кој ќе се покаже потврд и мислам дека со една голема брзина одат со глава в ѕид.Не знам само кој попрво ќе стигне да удри со глава в ѕид, меѓутоа тоа ќе биде со една сериозна сила, тоа удирање со глава в ѕид, но ќе биде доцна кога ќе го сфатат тоа.За жал, притоа ќе направат штета и за Македонија.

Пред точно една година беше објавена една вест што вели: „Заев ги моли пратениците да се вратат во парламентот, тиеодбиваат“. Некако историјата ни се повторува во многу куси периоди, до кога?

Груевски: Според мои информации, Заев во 2013 година беше за враќање во парламентот, односно против бојкот на изборите. Беше за излегување на избори, да не се бојкотираат, затоа што во тој момент тоа нему му одговараше.Тој чувствуваше дека има добри шанси да победи во Струмица и тогаш имаше други аргументи. Сега, кога му требаше алиби да остане претседател на партијата, демек изборите биле нерегуларни инаку ќе победел, па потоа му се испушти во една пригода дека и да биле регуларни изборите, според негово мислење, нели, тргнувајќи од неговата теза дека изборите биле нерегуларни, дека и да биле ќе загубеле ама со помала разлика. Практично се гледа дека и самиот тој не верува дека изборите биле нерегуларни, тој е свесен дека беа регуларни, но заради неговата лична политичка битка и кариера му беше потребно алиби, а тоа алиби го најде во тоа дека изборите биле нефер и затоа ја отера целата своја партија надвор од парламентот. Пратениците ги отера надвор, иако, јас колку што знам, голем дел од пратениците таму би сакале да се вратат во парламентот.

Заев води една битка на која, по мое мислење, големо влијание имаат неколку личности, кои, се чини, доминираат над претседателот на таа партија, тие се во уредништвото на некои опозициски медиуми финансирани од Соросовиот институт, во универзитетите, и понекогаш не е тешко да се претпостави што ќе каже господинот Заев ако претходно добро се следат два-три лика што се долго заедно со СДСМ, некои формално, некои неформално. Нивните колумни или искази во медиумите се водилка на Зоран Заев. Така што, јас, на пример, кога отидов на средбата со него последниот пат, во јуни или јули, утрината и претходниот ден ги прочитав ставовите на неколку луѓе со кои тој, очигледно, нема сили или капацитети да излезе на крај, и 90 проценти имав конципирано што да очекувам од таа средба. Тоа не е самостојно водење на партијата и на политиката, тоа е водење под притисок на неколку луѓе што си имаат одредени интереси, кои си работат по тие интереси, но, очигледно, претседателот на таа партија си има проблем да се соочи со тие луѓе и ако тргне во друг правец тој не знае како да одговори. Тој не чувствува сила, нема креативна или интелектуална супериорност и моќ да се спротивстави на каков било начин на тие луѓе.Мислам дека ќе биде предоцна кога ќе сфати кои се нивните цели и крајни интереси.Сега тој, во извесна смисла, е и зависен од нив, тие имаат или се блиски до луѓе што располагаат со фондови преку кои финансираат новинари, медиуми, квазиинтелектуалци, имаат своја мрежа на активисти и влијание, свои инспиратори.И тоа е еден од неговите проблеми, но и од проблемите на СДСМ.А тие проблеми, за жал, може да ѝ предизвикаат проблеми на Република Македонија, со отсуство на опозицијата од парламентот, со стимулирање деструктивни потези и слично.

Во голем дел од регионите во Македонија се засилуваат странските инвестицииВлегоа многу компании, од или сега полесно работат со привлекување на странските инвеститори?

Груевски: Сѐ полесно и полесно оди и ќе оди и тоа од неколку причини. Прво, искуството на тимот за инвестиции е поголемо отколку што беше пред пет-шест години.Второ, сѐ повеќе е раширен гласот за Македонија меѓу странските инвеститори.Секоја година повеќе компании дознаваат за нас. И преку нашите роуд-шоуа, и преку директните контакти на тимот за инвестиции со претседателите на компаниите и преку медиумските реклами што ги правиме на „Си-Ен-Ен“ и на други меѓународни медиуми, но и од уста на уста. Кога една компанија ќе дојде тука или ќе дојде на наше роуд-шоу, па ќе раскаже што слушнала на друга.Можеби тоа е и највредно, од уста на уста.Така што интересот е сѐ поголем.Јас се сеќавам, во последната кампања на изборите најавив конкретни десетина имиња и еве ги една по една веќе сите потпишуваат договори и најавуваат месеци кога ќе ја почнат градбата. Последна беше „Енергија“ од Украина. Со некои веќе договоривме датуми, крајот на септември, октомври, така што работите се движат во добар правец.

Сето тоа заедно со зафатите во земјоделството, субвенциите, ги подобрува условите за живот, а со тоа се создаваат услови и за подобрување на демографската слика.

Груевски:  За нас е многу важно и многу се трудиме колку што е можно да има поголема дисперзија на инвестициите, да не се концентрираат само околу Скопје, туку да одат и по региони, да одат во Битола, во Тетово, во Прилеп, во Штип, во Струмица, во Кавадарци, во Велес, во Гевгелија итн., за да можат луѓето што живеат во тие региони да си ја најдат својата среќа таму каде што живеат, да не бидат присилени да се преселуваат да се отселуваат и својата заработка и среќа да ја бараат во други места независно дали во Македонија или надвор од Македонија. Ние секогаш кога можеме да убедиме некој инвеститор да инвестира надвор од Скопје, го правиме тоа. Меѓутоа не секогаш инвеститорот нѐ слуша нас.Ниту, пак, можеме да му вршиме преголем притисок бидејќи тоа може да го поколеба и да ја напушти Македонија, односно да инвестира во друга држава. Меѓутоа, до тој степен до кој можеме да укажеме, а тоа да не биде сфатено како притисок или како мешање во неговите работи, укажуваме дека ние би биле посреќни ако некоја инвестиција со голем број вработувања отиде во регионите низ Македонија. И тие го знаат тоа, тоа е така во секоја држава, особено во Југоисточна Европа, каде што има концентрација на инвестиции околу главните градови. Инвеститорите се свесни за тој проблем во овие земји, но не секогаш можат да го направат тоа.Не секаде има обучена работна сила, на пример за електроника. Ние се обидувавме една фирма за електроника да ја упатиме во некој од регионите во Македонија, но тие велат дека такви информатичари и електроинженери во доволен број имаме само во Скопје. „Ние не можеме да отидеме во друг град и да немаме кого да вработиме или да треба трипати повеќе да му плаќаме некому за да се пресели од Скопје во друг град“. И тука веќе нема разговор, кога станува збор за висококвалификуван кадар.Инаку и ним им е подобро да отидат низ Македонија бидејќи таму наоѓаат малку поевтина работна сила отколку во главниот град.Така што заеднички интерес е да се оди во внатрешноста.Но не е секогаш возможно поради компетициите, поради доволно високообразована работна сила во делот што им е потребен.Можеби во некој регион има доволно високообразoвана работна сила, но не токму во тој дел што им треба.

Во потребите на странските директни инвестиции, секако, меѓу најважните се инфраструктурата и достапноста на енергенти. Македонија одеднаш работи на три автопатишта, регионални патишта, се работи на железницата, гасификацијата за стопанството, но и за домаќинствата, што е важно со либерализацијата на енергетскиот пазар. До каде е сето тоа?

Груевски: Во однос на гасификацијата имаме повеќе нивоа - едното е примарното, цевките од град до град. Второ е секундарното - односно инсталацијата во градот.Третото е доток на гас во земјава.Тоа, можеби, е и прво, а не трето.

За примарната гасификација ние сме во преговори со ЕБРД.Начелно, усно имаме добиено потврда дека ќе се одобри заемот за градба за примарен гасовод од град во град.Тоа во секоја земја го прави државата и не се дава да го прават концесионери. Инаку постојат концесионери што веднаш би го направиле, но вообичаено е државите да го прават тоа сами заради некоја своја независност во енергетиката итн., но независно од причините тоа го прават сами за примарната гасификација. И освен делот меѓу Куманово и Штип, кој очекуваме да се затвори со враќањето на долгот од Русија, стариот долг од СССР кон Македонија, а тоа е делот од Клечовце, Кумановско, до осум километри по Штип, другиот дел од примарниот гасовод треба да се направи преку финансирање од ЕБРД и тоа приближно, сѐ уште не е точно дефинирано, ќе чини околу 300 милиони евра. И веќе долг период сме во разговори со нив и очекувам и се надевам дека во наредните месеци ќе се привршат тие разговори и ќе се пристапи кон потпишување договор.

Во однос на секундарната, веќе е објавено дека за Скопје е при крај тендерот за концесионер што ќе ги поврзе цевката до Скопје со сите фабрики и домаќинства.За источна и за западна Македонија неодамна беше објавен оглас за концесионер и очекуваме и тука да има голем интерес.Така што, очекувам во наредните две до три години да се заврши оваа работа и да се изградат и примарната и секундарната мрежа.

А што е со тоа што значи обезбедување нови количини гас во земјава, односно приклучок кон глобалните гасоводи и иницијативи за гасоводи?

Груевски:  Во однос на обезбедување поголеми количини гас, ние бевме насочени кон две можности, а сега разгледуваме и повеќе. Едната можност е проектот „Јужен тек“, проект што во моментов е во „стенд бај“ поради политички проблеми меѓу ЕУ и САД од една страна и Русија од друга, а поврзани со Украина. Тој проект во моментов е во мирување, а дали ќе се реализира или не не зависи од нас бидејќи се работи за поголеми геополитички интереси на кои Македонија не може да има влијание. Доколку работите одат во лош правец во тој контекст, нема да се реализира, доколку, сепак, се најдат некои договори и решенија меѓу големите сили, тогаш, веројатно, ќе се најде решение и за ова прашање и ние би се вклопиле во сето тоа.

Вториот проект што го разгледуваме е проектот ТАП, азербејџанскиот гас. За него јас разговарав и со претседателот на Азербејџан кога бев во Баку пред една и пол година, и со премиерот и со министерот за развој бевме на ручек, а, исто така, и со сопствениците на компанијата СОКАР, која ќе го гради овој гасовод. Компанијата подоцна испрати и свои претставници во Македонија, имавме разговори, значи тие се отворени, нема никакви проблеми со нив.Но проблемот со тој гас е што ќе стигне доцна во Европа, некаде во 2022/2023 година. Односно, ќе стигне гасоводот во 2021 година, но за првите две години веќе се распродадени количините гас, значи количини гас за Македонија би имало најрано 2023 година, доколку нема доцнење на овој проект.

Во меѓувреме, разгледуваме и други варијанти за други гасоводи. Приклучување на интерконективниот гасовод меѓу Романија и Бугарија е едната опција, а втората опција е да се повлече цевка од Грција. Тие имаат изградено цевки некаде до 30-ина километри до нашата граница, што значи ние би требало да изградиме цевка во Грција до нашата граница и во нашата земја, до каде што е потребно за да се повлече течен гас од атинското пристаниште каде што го носат со бродови. Тоа е малку поскап гас од другиот, кој се носи со примарниот гасовод, но во даден момент може да заврши многу работа. Во овој контекст, немаме проблем со Грција. Таа не го сопира ова, дадоа изјава дека нема никаков проблем да се заврши таа работа, така што со нашиот економски тим сме во комуникација со сите овие земји што ги споменав и наскоро треба да донесеме одлуки која ќе биде нашата прва наша опција, втора опција итн. Така што засега со овие количини гас што ги добиваме немаме проблем на краток рок, но на подолг рок, кога ќе се изгради целата гасоводна мрежа низ Македонија -  ипримарната и секундарната - би ни требале дополнителни количини на гас. И тоа што го работиме е за следните пет-шест години да немаме проблеми со количини гас.

Да се вратиме на Берлин. Неговата првична цел беше придвижување на евроинтеграциите, за Македонија е јасно, по неколкуте препораки за почеток на преговорите, пред нив стои само инаетењето на Грција. Колку ваквите самити можат да потпомогнат кон надминување на разликите за името со Грција?

Груевски:  Ќе видиме. Тешко е да се каже. Грција има позиција која од една страна е официјална, а од друга е неофицијална.Нејзината официјална позиција е дека сака да го реши спорот, но дека има определени услови за кои знае дека нема да може да поминат во Република Македонија. И условите се затоа направени така, за да не поминат. Но, не велат дека не сакаат да го решат или дека не можат да го решат или се против решавање или слично.Не, реториката е сакаме да го решиме, ама ако владата ги прифати овие услови, за кои однапред знаат дека која било влада во Македонија нема да ги прифати.

Нивната неформална позиција, односно тоа што го знаат државите што се членки на ЕУ и сите други што се вклучени во проблемот како олеснувачи, е всушност дека сега не се во можност да го решаваат ова прашање.Односно дека имаат премногу внатрешни политички и финансиски проблеми за да влезат и во една ваква варијанта на решавање на ова прашање и дека во овој период не треба да се бара тоа од нив.Од друга, страна не се ниту подготвени да дадат некоја можност Македонија да оди напред во евроинтеграциите.

Тие го одложуваат решавањето на спорот, колку свесно заради лукративни цели, колку заради внатрешни предизвици е ирелевантно, барем на краток или на среден рок, но поголемиот проблем е што се однесуваат како палавото дете на ЕУ, кое ако ЕУ не му даде помош, ќе почне да крши по дома и со тоа ќе ја доведе во прашање иднината на семејството и на домот.

Ние сме изморени од тие игри на меѓусебни обвинувања што ни ги наметнуваат, да се занимаваме со лаги од типот дека сум се сретнал со Фидел Кастро, како што се ширеле во некои центри пред неколку години, а јас истиот ден бев на состанок со Филип Рикер во Скопје, на пример, и слични меѓусебни обвинувања, кои не нѐ водат никаде, а најмалку кон решение. Ние сме подготвени за решение, имаме јасно изразени принципи и позиции, и веруваме во нивната исправност, а поткрепа ни е и народот на нашата земја.Ние сакаме државата да оди напред, и ќе вложуваме напори да се најде решение, но во контекст на кажаното, потребен е фокус и на другите земји од меѓународната заедница за да се одбегне статус квото да прерасне во опасност за регионот.

Украина покажа дека крутоста и тромавоста на администрациите и на НАТО и на ЕУ може да предизвикаат проблеми и притисок во однос на границите на организациите, во насока дека треба да покажат поголема отвореност и да се сменат некои правила.Може ли да сметаме на тоа?

Груевски:  Засега нема некои најави дека украинската криза прави некакви поместувања во однос на однесувањето на големите сили по ова прашање бидејќи тие на проблемот гледаат со поинакви очи од нас. Тие сметаат дека Грција е во преголеми финансиски проблеми и од тие проблеми зависи и судбината на еврото, а тоа е директно поврзано со нивната економска и монетарна судбина. И пред сѐ и над сѐ го ставаат проблемот со еврото и разрешување на кризата и реформите во Грција. Нивната процена е дека тие вршат голем притисок врз Грција во правец да ги придвижи реформите и да стане самоодржлива и дека дури и тој притисок не можат да го реализираат до крај бидејќи сметаат дека ако го реализираат до крај, и без притисокот за името, може да дојде до пад на грчката влада, па да дојде друга влада, која би била поризична од аспект на економските реформи и задржувањето на еврото. Што значи, дури и притисокот што го вршат за реформите во Грција е дозиран и не е целосно реализиран за да не ги наруши политичките односи во земјата, па, како што понекогаш знаат да кажат, да дојдат на власт анархистите, како што ги нарекуваат членовите на партијата СИРИЗА, со кои им е непредвидливо што ќе се случи со еврото, евентуалното враќање на драхмата и слично, иако и тие, во меѓувреме, се придвижија, дојде до приближување на нивните ставови. Е сега, во една таква ситуација, некои од нив знаат да кажат, кога ние не ги притискаме до крај за ова што нам ни е најбитно, не очекувајте дека ќе ги притискаме за вашето.Бидејќи и вашето може да води кон влошување на состојбата во таа земја.Со други зборови, тоа е главната причина што Грција во моментов нема некој посериозен притисок за решавање на овој проблем.И тоа е чисто заради интересите на државите од ЕУ.Значи, тие тргнуваат од својот интерес, што е нормално.А нивниот интерес број еден е да се зачува еврото, Грција да ги реши економските проблеми, да стане самоодржлива, да ги враќа долговите и еврото да биде стабилно.Стабилното евро значи стабилност на монетарната унија, на Европа и на ЕУ.Тоа е број еден.Откако ќе се реши тоа, ќе може да решаваат други прашања.

Меѓу забелешките за почнување преговори беше и таа на Софија со барањето за добрососедство.

Груевски:  Претседателот на Бугарија, господинот Плевнелиев, кажа дека Македонија не е подготвена да го потпише договорот со текст идентичен како декларацијата што истече во 2009 година, а беше потпишана во 1999 година, со рок на важност од 10 години. Претседателот Иванов одговори дека Македонија е подготвена и дојдоа сигнали дека тоа е во ред и дека ќе се потпише.И сето тоа се одложи за по изборите во Бугарија. Очекувам по изборите во Бугарија договорот што го договорија претседателите Плевнелиев и Иванов, а тоа е потпишување на договорот со истиот текст од Декларацијата, да биде реализиран.

Ние сакаме да имаме одлични односи со Бугарија и да продолжиме во еден дух на силна меѓусебна соработка и почитување.

Го охрабрувам дијалогот и позитивните трендови што почнаа преку гестовите на Иванов и на Плевнелиев.Тоа е одлична база за продолжување на динамичен дијалог по веќе воспоставените принципи и практика, кој ќе произведе едно заемно решение за продолжување на воспоставената практика.

Бугарија нема ниту една причина да се сомнева во пријателството на Македонија, и во тоа јас сум убеден, а времето ќе го потврди.

Изминатиот период имаше многу искри, кои би го нарушиле меѓу етничкиот амбиент во земјава, и очите беа вперени во издржливоста на владината коалиција, која се чини дека ги надмина сите тие игри било тоа да се случувањата на Бит-пазар било да е Ѓорче Петров.

Груевски: Македонија е земја што е мултиетничка и, за жал, некогаш се случуваат тензични состојби на меѓуетничка база. Секоја мултиетничка земја повремено се соочува со помали или поголеми тензии на различните етнички заедници.Овој пат, последната беше повеќе од радикално-верски карактер, не беше етничка.Меѓутоа, организаторите се обидоа да ѝ дадат етнички предзнак бидејќи чувствуваа дека на тој начин ќе привлечат поголема масовност.Како што нагласив, се работеше за активности на верски радикали, кои се обидоа да извршат дестабилизација обидувајќи се да го убедат албанското население во Македонија дека поради етничкиот предзнак одредени луѓе добиле затворска казна.Не поради тоа што се обвинети, туку затоа што се Албанци, што е далеку од вистината. Можеби во еден момент дел од Албанците поверуваа во тоа, меѓутоа убеден сум дека како што минува времето ќе сфатат дека биле предмет на манипулација на определена група луѓе, која, сигурно, не работи за интересите на Македонија, ниту, пак, за интересите на Албанците и на Македонците во оваа држава.

Многу работи ни се случија во цел овој изминат период од осамостојувањето, па до денес.Многу сме поминале, и лошо и добро, јас сум убеден дека имаме заедничка иднина и нема да дозволиме мултиетничкото општество, кое е наша традиција и богатство, некој да го препознава како потенцијална опасност и да го злоупотребува за секакви цели и интереси.

Се наоѓаме пред донесување закон со кој ќе се казнува учество на македонски државјани во паравоени структури во странство бидејќи тоа со што се соочувамее учество на македонски државјани во конфликтите на Блискиот Исток и тоа на страната на ИСИС и на ИДИЛ, блиски до Ал Каеда. Мислите ли дека тоа ќе влијае врз ваквите верски поттикнувања, кои ги споменавте сега?

Груевски: Настаните што се случуваат во последните години го налагаат тој закон. Лошо е што граѓани, државјани на Македонија одат и војуваат во туѓи војски. Потоа се враќаат како агресивни луѓе, луѓе што навикнале да убиваат, да пукаат, да уништуваат, да палат, луѓе што навикнале да бидат во опасности, во ризици и огромна е опасноста тие луѓе потоа да продолжат да го применуваат тоа и во Македонија.

Дали ова ќе се реши со закон, времето ќе покаже. Колку законот ќе има влијание на тие луѓе, колку ќе може да се регистрира нивното заминување, бидејќи тие луѓе не заминуваат директно со авион од тука во Сирија, заминуваат во друга држава, па од таа во втора, па во трета и не може да им се влезе во траг, па заминуваат на боиштата, тоа времето ќе покаже. Можеби ќе треба нови приспособувања на законот, во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата и во зависност од тоа какви слабости ќе се детектираат во откривањето и во докажувањето дека некој учествувал во конфликтот.Бидејќи за да се осудат на суд и да добијат пет, седум или девет години затвор мора да се презентираат докази пред судиите. Не е доволно само да се рече „знаеме“, „слушнавме“ или „некој нѐ информираше“ пред судиите.

 

Интервјуто на премиeрот Никола Груевсkи е преземено од неделникот „Република".