Сервисни информации

Охридски регион

  • Пожарот кај м.в. Фрлогоец (Женска Планина) кај Бистра Планина сè уште е активен, гори сува трева и нискостеблеста шума на непристапен терен. На терен се наоѓаат вработени во ШС Лопушник кои го контролираат теренот.
  • На подрачјето на Македонски Брод ситуацијата со пожарите е следна: Во моментов активен пожар има во атарот на с. Волче во подножјето на Сува Гора на м.в. Мрамор и м.в. Брдо. 
    Пожарот кај м.в. Фојник накај с. Брест е сè уште активен.
  • На пожарот во селата Калуѓерец и Могилец пожарот е ставен под контрола. Останатите пожари се под контрола, а поголемиот дел се локализирани.

Велешки регион

  • Пожарот кај с. Гуѓаково во правец кон Црна Река е сè уште активен. Гори висока сува трева и трња. 
  • Активен пожар има и на потегот Никодин – Јасеновска Глава.

Скопски регион

  • Активен шумски пожар има помеѓу селата Никиштани и Грачани. 

Битолски регион

  • Пожарот Дрен – Смолани, Прилепско се движи кон Тиквешијата и слегува према реката Црна. Огнот е раширен во три краци од кои едниот крак се движи од м.в. Степаново Сено кон врвот Клен каде моментално пожарот е приземен и нема опасност од проширување. Другиот крак оди према Гуѓаково односно према река Црна и третиот огнен крак се движи од м.в. Србиново према Галиште. Гори сува трева, чалија, смрека, и дабова шума.
  • Пожарот во с. Никодин, Прилепско сè уште е активен во неуредена шума (шикара).
  • Пожар на отворен простор има и кај с. Врбоец – Крушевско. Гори нискостеблеста дабова шума. 

Тетовски регион

  • Пожарот над с. Туденце кон складот на АРМ, Еребино и с. Сиричино, со помош на хеликоптерите, мештаните, ЈП Макаедонски Шуми и ТППЕ Тетово е ставен под контрола.
  • Пожарот во близина на с. Гургурница со помош на хеликоптерите, мештаните, ЈП Макаедонски Шуми и ТППЕ Тетово исто така е локализиран, но истиот се шири кон с. Здуње (опш. Македонски Брод).
  • Пожарот кај м.в. Фазанерија е под целосна контрола. Пожарот во с. Корито е локализиран.

 

Одделение за односи со јавноста
Центар за управување со кризи

Југозападен плански регион

На подрачјето на општина Македонски Брод активни се следните пожари:

  • Во атар на с. Брест м.в. ФОЈНИК, гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и пожарот е под контрола. Постои можност во текот на денот поради високите температури да прошири од горната и долната страна на с. Брест.
  • Во атар на с. Могилец, каде гореше сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка, пожарот е под контрола.
  • Во атар на с. Калуѓерец, пожарот е активен и гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка. Пожарот се шири према атар на с. Модриште каде гори сува трева и ниско стеблеста шума, но нема опасност од префрлање на пожарот према населеното место Модриште поради природната препрека од реката Треска.
  • Во атар на с. Локвица м.в. ВИДУШ гори сува трева и на поедини места смрека и истиот е под контрола.
  • Во атар на с. Волче м.в. ЌАФА по течението на река ВОЛЧИЦА и во подножјето на м.в. ЧЕЛАДАР во правец на с. Волче гори дабова шума, сува трева, лисна постилка и смрека и пожарот постепено се шири кон м.в. СУВА ГОРА и према населеното место Волче и во моментов е со намален интензитет. 

Во моментов во овие места ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар за атар на с. Брес кои се лоцирани на атар на с. Требовље); ЈП Македонски Шуми Мак. Брод, ЈП  Македонски Шуми од Кавадарци и ТППЕ – Мак. Брод (се ангажирани за атар на селата Могилец и Калуѓерец); ЕЛС – Мак. Брод и лица од месно население за атар на с. Волче.

Во моментов пожарите се под контрола, но поради високите температури во текот на денешниот ден не се исклучува можноста од нивно проширување и активирање на дополнителни сили.

Повардарски плански регион

Пожарот во реонот на Горна Јакупица сè уште е активен. Пожарот северозпадно од Горно Јаболчиште во месноста Диков Гроб е активен.

Активен пожар има и на подрачјето на с. Галиште опш. Кавадарци кој е префрлен од опш. Прилеп од 3 локации (од с. Радобил, с. Ѓудаково и м.в. Србиново). На гасење на овој пожар интервенираа ЈП Македонски шуми „БОР“. Гори сува трева.

Северен (скопски) плански регион

Во моментот на територијата на Град Скопје има еден пожар на мешана шума кај село Грачани (близу граница со Косово) на тешко пристапен терен.

Пожарот кај Браната Матка кон планината Водно е изгаснат. (Општина Сарај).

Пелагонски плански регион

Пожарот во атарот на селата: Дрен – Смолани е активен и гори нискостеблеста дабова шума.

Тетовско-полошки плански регион

Пожарот во делот над село Туденце е активен и истиот се шири во правец на село Сириќино. Со пожарот е зафатена ниска шума и сува трева. Се очекува во денот да интервенираат од ЈП Македонски шуми Лешница – Тетово.

Од општина Брвеница и жители на село Гургурница известија дека пожарот кој беше во близина на селото е локализиран но дека е сè уште активен на другата страна кон село Здуње од општина Македонски Брод и дека постои опасност истиот да се прошири и кон село Гургурница. Од општина Брвеница очекуваат во текот на денот да интервенираат и авионите на ДЗС.

Источен плански регион

РЦУК – Струмица, известува дека на планината Плачковица во близина на село Шипковица-полска болница сè уште е активен пожарот во кој има зафатено високостеблеста мешана шума од бор, даб и бука. На терен има 2 ПП возило со 10 пожарникари и 1 возило и 25 вработени од ПШС Плачковица-Радовиш. Екипите активно работат во санирање на состојбата.

 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ

РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од РЦУК-Македонски Брод во која се наведува дека во овој моментот активни се следните пожари:

  • атар на с. Брест м.в. ФОЈНИК, гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и пожарот е под контрола, и постои можност во текот на денот поради високите температури да прошири од горната и долната страна на с. Брест.
  • атар на с. Могилец, каде гореше сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и пожарот е под контрола но може да биде пренесен од пожарот од атар на с. Калуѓерец во текот на денешниот ден поради високите температури.
  • атар на с. Калуѓерец, пожарот е активен а гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и постои опасност од загрозување на селото, пожарот се шири према атар на с. Модриште каде гори сува трева и ниско стеблеста шума но нема опасност од префрлање на пожарот према населеното место Модриште поради природната препрека од реката Треска.
  • атар на с. Локвица м.в. ВИДУШ гори сува трева и на поедини места смрека и истиот е под контрола.
  • атар на с. Волче м.в. ЌАФА по течението на река ВОЛЧИЦА и во подножјето на м.в. ЧЕЛАДАР во правец на с. Волче гори дабова шума, сува трева, лисна постилка и смрека и пожарот постепено се шири кон м.в. СУВА ГОРА и према населеното место Волче и во моментов е со намален интензитет, но поради високите температури и сувата вегетација во текот на денешниот ден истиот може да биде проширен.

Во моментов ангажирани се следните сили и средства:

  • 30 лица од АРМ за пожар за атар на с. Брес кои се лоцирани на атар на с. Требовље;
  • 7 лица од ЈП Македонски Шуми Мак. Брод, 1 ПП возило од ЈП Македонски Шуми од Кавадарци со 3 пожарникари и 1 пожарникар од ТППЕ – Мак. Брод се ангажирани за атар на селата Могилец и Калуѓерец;
  • 10 лица од ЕЛС – Мак. Брод и едно теренско возило.
  • 5 лица од месно население за атар на с. Волче

Во моментов пожарите се под контрола, но поради високите температури во текот на денешниот ден не се исклучува можноста од нивно проширување и активирање на дополнителни сили.

РЦУК – Велес, известува дека пожарот во реонот на Горна Јакупица сè уште е активен. Во текот на вчерашниот ден не е интервенирано на овој пожар.

Пожарот северозпадно од Горно Јаболчиште во месноста Диков Гроб е активен и гори со висок интензитет. Заради големата оддалеченост и ангажираност на субјектите на другите пожари во текот на денешниот ден не се превземаа активности за негово гасење. Заради отвореноста на просторот овој пожар може лесно да се елиминира од воздух.

Пожар на отворен простор на подрачјето на с. Галиште опш. Кавадарци, на  06.08.2017 год. префрлен од опш. Прилеп од 3 локации (од с. Радобил, с. Ѓудаково и м.в. Србиново). Од опш. Кавадарци на 06.08.2017 интервенирале до 00:30 часот екипа  од ЈП Македонски шуми „БОР“ со 8 луѓе и едно теренско возило. Од страна на концесионерот на ловиштето на тоа подрачје интервенирале и 7 ловочувари. На ден 07.08.2017 екипа на ЈП Македонски шуми „БОР“ е упатена на местото на пожарот со 7 луѓе и едно теренско возило. Гори сува трева, и пожарот е сè уште активен.

За пожарот известени се: опш. Кавадарци, ДЗС Кавадарци, ПС од ОН Кавадарци.

РЦУК – Скопје, известува дека во врска со актуелната состојба со пожарите на територијата на Град Скопје добиени следните податоци:

  • Од страна на ШС Караџица известија дека моментално имаат сознание само за еден пожар на мешана шума кај село Грачани (близу граница со Косово) на тешко пристапен терен. Во моментот на истиот не се интервенира. (Општина Ѓорче Петров)
  • Од ЈП Паркови и зеленило известија дека пожарот кај Браната Матка кон планината Водно е изгаснат. (Општина Сарај)
  • БППЗ на Град Скопје моментално со 1 возило и 3 пожарникари дежура на местото од пожарот кај с. Градовци и Страхојадица. Пожарот е намален и моментално догорува средината т.е. Чадат опожарени стебла и корења. (Општина Зелениково)

РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Крушево во која се наведува дека во пожарот кој започна вчера на ден 06.08.2017  во 20:20 часот на м.в. Зајчев рид, гореа сува трева, смреки и борови зафати површина од 1.5 ха. Истиот е локализиран во 22.30 часот. Во текот на денесниот ден во раните утрински часови повторно е интервенирано од страна на двајца пожарникари и пожарот е ставен под контрола и целосно е изгаснат. Во интервенцијата учествувале 5 пожарникари од ТППЕ Крушево со две возила, 8 работници од ПШС Липа Крушево со 2 возила и 4 учесници од месно население.

Од  ЈП МШ ПШС „Црн Бор" -Прилеп, известија дека пожарот во атарот на селата: Дрен - Смолани е активен и истиот е проширен на горниот дел на планината каде предходно имало извршено сеча. Гори нискостеблеста дабова шума. Утрово била спремна екипа од 7 - 8  работници која до овој момент не е пристигната на местото на настанот.

Во врска со дојавата за пожар во атарот на с. Никодин во овој момент од страна на ЈП МШ ПШС „Црн Бор“ -Прилеп тргнала екипа со 1 комбе и 8 работници.

ТППЕ – Прилеп,  известува  дека утрово во 04:30 часот од страна на ТППЕ-Прилеп на пожарот во атарот на селата Царевиќ – Дрен испратена е екипа од 3 пп работници со 1 возило Лада Нива.

РЦУК – Тетово, ја пренесува информацијата од ЕЛС Брвеница, во која се наведува дека  пожарот е активен во делот над село Туденце и истиот се шири во правец на село Сириќино. Со пожарот е зафатена ниска шума и сува трева. Се очекува во денот да интервенираат од ЈП Македонски шуми Лешница - Тетово како и од месното население од каде во вчерашниот ден гаснеле десетина помлади лица од селото Туденце, а во неколку наврати интервенирале и хеликоптерите на АРМ.

Од општина Брвеница и жители на село Гургурница известија дека пожарот кој беше во близина на селото е локализиран но дека е се уште активен на другата страна кон село Здуње од општина Македонски Брод и дека постои опасност истиот да се прошири и кон село Гургурница. Од општина Брвеница очекуваат во текот на денот да интервенираат и авионите на ДЗС.

РЦУК – Штип, известува дека пожарот што започна од 05.08.2017 година во атарот на с. Владимирово на м.в. Кочански пат е делумно под контрола. Гори дел од дабова шума, нискостеблести растенија и мал дел букова шума. Во моментот на терен се излезени 2 екипи на ШС „Малешево“ - Берово со 2 моторни возила и 9 работници и 5 луѓе од месното население. Досега е опожарено околу 40 ха шумски појас.

Поради активен шумски пожар на подрачјето на општина Радовиш на планина Плачковица во близина на подрачјето на општина Карбинци, превентивно на терен се отидени 5 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Штип. ШС Серта-Штип има свои луѓе кои живет на тој терен кои ја следат состојбата.

РЦУК – Струмица, известува дека на планината Плачковица во близина на село Шипковица-Полска болница сè уште е активен пожарот во кој има зафатено високостеблеста мешана шума од бор, даб и бука. На терен има 2 ПП возило со 10 пожарникари и 1 возило и 25 вработени од ПШС Плачковица-Радовиш. Екипите активно работат во санирање на состојбата.

 

Дежурен оперативен центар на Центарот за управување со кризи на Р.Македонија,
Телефон 02/3249-211, 02/3249-212; факс: 02/3249-213, 02/3136-226;
e-mail: [email protected]

Југозападен плански регион

На подрачјето на општината Македонски Брод активни се следните пожари:

- Во атарот на с. Брест м.в. ФОЈНИК, гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и пожарот е под контрола,

- Во атарот на с. Могилец, гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и пожарот е под контрола но може да биде пренесен од пожарот од атар на с. Калуѓерец;

- Во атарот на с. Калуѓерец, гори сува трева, смрека,дабова шума и лисна постилка и постои опасност од загрозување на селото, пожарот се шири према атар на с.Модриште каде гори сува трева и ниско стеблеста шума, но нема опасност од префрлање на пожарот према населеното место Модриште поради природната препрека од реката Треска.

- Во атарот на с. Локвица м.в. ВИДУШ гори сува трева и на поедини места смрека.

- Во атарот на с. Волче м.в. ЌАФА, по потечението на река ВОЛЧИЦА, и во подножјето на м.в. ЧЕЛАДАР во правец на с. Волче, гори дабова шума, сува трева, лисна постилка и смрека и пожарот постепено се шири од м.в. СУВА ГОРА према населено место Волче.

Во гаснењето на пожарите во моментот ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар за атар на с.Брес кои се лоцирани на атар на с. Требовље); ЈП Македонски Шуми Мак. Брод; ТППЕ Мак. Брод и ЈП Македонски Шуми од Кавадарци (се ангажирани за атар на селата Могилец и Калуѓерец); ЈП Македонски Шуми Мак. Брод за атар на с. Локвица и месно население за атар на с. Волче.

Во моментов пожарите се под контрола, но поради високите температури во текот на денешниот ден не се исклучува можноста од нивно проширување. 

Повардарски плански регион

Пожарот во атарот на с. Дреново, во месноста Дреновска Корија, општина Чашка сè уште е активен во шумскиот дел. Зафатена е дабова шума, јасен и бука. За гасење на пожарот ангажирани се ШС Бабуна, ДЗС и 2 хеликоптери на АРМ. Со дејствувањето од воздух успешно е изгасен пожарот во карпестиот предел. На теренот се изработени пресеки за спречување на понатамошно ширење на пожарот.

Пожарот во атарот на с. Богомила-месност Бела Вода, општина Чашка е ставен под контрола. Се гледаат поедини задимувања од заостанати трупци внатре во жариштето.

Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, теренот е непристапен за гасење. Северозападно од с. Горно Јаболчиште во месноста Диков Гроб на патот кон Горно Бегово, околу 14:40 часот појавен е нов пожар. Опожарена е површина со низок бор (кривул).

Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, во атарот на с. Человец, општина Демир Капија појавен е пожар на тешко пристапен терен со кој е зафатена нискостеблеста шума и прнар. Денес за гасење на пожарот ангажирани се пожарникари и вработени во ШС Демир Капија. Според последните информации во 16:00 часот пожарот е ставен под контрола. Екипите се на терен ја контролираат опожарената површина.

На тромеѓето помеѓу селата Гудјаково-Дрен и Галиште во месноста Галишки Осој, општна Кавадарци преминат е пожарот од с. Дрен, општина Прилеп. Пожарот се шири од четири места и може да навлезе во старо сечиште. Ангажирани се екипи на ДЗС од Прилеп, ТППЕ Прилеп, лица од ловиште Кавадарци и вработени во ШС Бор од Кавадарци. 

Северен (скопски) плански регион

Пожарот кај браната Матка сè уште чади, односно се гледа пламен и тоа на непристапен терен-срт (карпест дел) кој се наоѓа блиску до браната, но дека истиот нема можност за ширење и моментално е мирно.

Пожарот во атерот на село Градовци сè уште е активен, гори мешана шума. На терен интервенираат екипи на БППЗ и ДЗС.

Појавени се 2 пожари на патот за селото св. Петка каде е зафатена густа шума, на непристапен терен.

Пожар има во пределот од село Никиштани према село Грачани од десна страна на патот, на непристапен терен.

Појавен е пожар во пределот на м.в. Дуња одалечено на 30-40 км од последното село Алдинци. На неприспен терен.

Попладнето повторно се запалил пожар во Долно Количани. За гасење на истиот испратени се екипи на БППЗ на град Скопје.

Моменталната состојба со останатите пожари кои беа активни вчера на територијата на Градот Скопје се локализирани. Луѓето кои се на терен будно ја следат состојбата. 

Пелагонски плански регион

Пожарот во атарот на с. Подвис, каде горела нискостеблеста деградирана шума е локализиран.      

Пожарот во атарот на селата Дрен, Смолани и Радобил, општина Прилеп е активен. Гори нискостеблеста дабова шума, чалија, смрека и др. Пожарот се шири во еден правец кон Дрен, и во друг кон Гуѓаково, и кон Галиште (Кавадаречко). На терен интервенираат вработени од ЈП Македонски шуми Прилеп и ТППЕ Прилеп. 

Тетовско-полошки плански регион

За гасење на пожарот кај с. Гургурница се очекува да бидат вклучени авиони или хеликоптери. На терен дејствуваат пожарникари во гасењето на пожарот кој се шири кон с. Гургурница.

Пожарот во атар на с. Корито, општина Гостивар е сè уште активен. Зафатена е површина со сува трева и пасишта и нискостеблести жбунести растенија со тенденција проширување и зафакање на високо стеблести растенија. Во гасењето на пожарот интервенирале и хеликоптери. Екипата од ТППЕ Гостивар ја следи состојбата, но не може да интервенира заради непристапен терен.

Во  општина Јегуновце во селата: Сиричино, Туденце и Копанце  пожар на  отворен простор  е сè уште активен. Гори сува трева и огнот се движи кон Жеден. На лице место интервенира екипа од ПСШ Лешница Тетово. Денеска околу 12:00 часот е интервенирано е и со хеликоптери. 

Источен плански регион

Пожарот кој се појави вчера во попладневните часови, во атарот на с. Владимирово кај место викано Кочански рид е под контрола. Во пожарот е зафатена сува трева и ниско стеблеста шума (грмушки). Во моментот на терен се вработени од ШС Малешево и лица од локалното население.

Центар за управување со кризи на РМ

По повод Одлуката на Владата на Република Македонија за прогласување на кризна состојба на подрачјето на општините Македонски Брод и општина Чашка, заради зголемена појава на пожари, денес (недела, 06.08.2017 година) во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи со која раководеше директорот ЦУК, м-г Агрон Буџаку.


На седницата на која присуствуваа преставници на АРМ, МВР, МЗ, МТВ ДЗС, ЈП Македонски шуми, ЈП за пасишта, ЗЕЛС, АР и ДИШЛ беа донесени следните одлуки: „Предлог акциски план за превенција и справување со пожарите на подрачјата на Македонски Брод и Чашка“ и „Предлог план за кординирано дејствување во кризните подрачја на општините Македонски Брод и Чашка“, кои во текот на денот ќе бидат доставени до Владата на Република Македонија. Истовремено од присутните, согласно Оперативните процедури беше формирано работно тело и медиа центар.

 

Центар за управување со кризи на РМ

Северен (скопски) плански регион

Попладнето се појавил нов пожар на потегот с. Морани кон с. Студеничани т.е Вртекица. Исто така на потегот Матка – Шишево повторно се разгорува пожар. Пожарот е на сртот и нема опасност за палење на висока шума, заради конфигурацијата на теренот. Инаку теренот е непристапен за сите видови возила и се следи од вработените на ЈП Паркови и зеленило. Пожарот кај Осинчани кон Држилово на место викано Гороглед попладнето се префрлил преку патот и на лице место се ангажирани сили на ШС Караџица. Со оглед на непристапноста на теренот се очекува гаснење на пожарот од воздух. БППЗ е ангажирана на следните локации на пожари: Месност Црн Камен (Рамно) на Скопска Црна Гора, Грачани, Осинчани, Студеничани (Вртекица).

Пелагонски плански регион

Пожарот во атарот на с. Подвис е локализиран. На лице место има екипи на ЈП Македонски шуми Крушево и ТППЕ Крушево. Гореше нискостеблеста деградирана шума. Од страна на екипите се чува пожарот со цел да не се активира истиот. Пожарот во атарот на с. Дрен – Смолани е активен. Од утрово на терен дејствуваат екипи на ЈП Македонски шуми Прилеп, ЈП Македонски шуми - Кавадарци, ТППЕ Прилеп и мештани. Гори нискостеблеста дабова шума, чалија, смрека и др.

Југозападен плански регион

Во овој момент зголемена опасност има кај с. Калуѓерец каде пожарот е во непосредна близина на куќите. Се работи за пожарот што се префрли од с. Могилец. На теренот екипите дејствуваат, но се бара интервенција од воздушни летала.

Во моментов ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар во с. Требовље и дел од атар на с. Растеш); 2 хеликоптера (атарот на с. Брест од правецот на м.в. ФОЈНИК). ЈП Македонски Шуми Мак. Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во атар на с. Брес и моментално пожарот е ставен под контрола. Пожарот во село Девич е локализиран;

За пожарот во атарот на с. Могилец присутни се следните сили: ТППЕ – Мак. Брод; ТППЕ Кавадарци; месното население на с. Могилец;

Пожарот во атар на с. Близанско м.в. БРДО и м.в. КРУША кој повторно беше активиран и истиот премина м.в. ФОЈНИК, во моментов е ставен под контрола, по дејство на хеликоптерите.

Тетовско-полошки плански регион

Според информациите од ЕЛС Брвеница состојбата е непроменета, а месното население го држи под контрола огнот. Состојбата со пожарот во с. Корито е исто така непроменета, огнот не го загрозува селото, а ако има потреба ТППЕ од Гостивар благовремено ќе интервенира.

Повардарски плански регион

Пожарот во атарот на с. Дреново, во месноста Дреновска Корија сè уште е активен. Зафатена е шума под даб, јасен, бука. На терен се лица од ШС Бабуна, но пожарот е интензивен на м.в. Трбова глава над селото а гори даб, бука, јасен и друга мешана нискостеблеста и високо стеблеста шума.

Од утрово дел месното население од Богомила излегоа да гасат над манастирот Св. Спас, а дел кај манастир Св. Ѓорѓи. Пожарот е под контрола.
Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гасење. Пожарот се проширил во правец на Иванов врв, но сега е стишен и ветерот го враќа назад кон Јакупица.

 

Одделение за односи со јавноста
Центар за управување со кризи на РМ

Северен (скопски) плански регион

Екипи на БППЗ на Град Скопје утрово дејствуваат во гасење на пожарот кај с. Морани, с. Орешани и тамошната викенд населба. Исто така на местото на пожарот во с. Морани – с. Орешани Караџица дејствува екипа на ШС Караџица. Засега нема потреба од интервенцијата од авионите или хеликоптерите заради намалениот интензитет на пожарот кој може да се смета за делумно локализиран. Од ЈП Паркови и Зеленило известија дека пожарот кај браната Матка е сè уште активен, но дека само чади и тоа на непристапен срт (карпа) блиску до браната, но дека истиот не се шири. На теренот нивна екипа го следи местото на пожарот. Пожарот кај с. Барово, с. Чифлик и с. Св. Петка е локализиран пред да ја зафати боровата шума и на лице место се наоѓаат луѓе кои го набљудуваат местото.


Пелагонски плански регион

Пожарот во атарот на с. Подвис е локализиран. На лице место има екипи на ЈП Македонски шуми Крушево и ТППЕ Крушево. Гореше нискостеблеста деградирана шума. Пожарот во атарот на с. Дрен – Смолани е активен. Утрово на терен има екипи од ЈП Македонски шуми Прилеп, ЈП Македонски шуми - Кавадарци, ТППЕ Прилеп и мештани. Гори нискостеблеста дабова шума, чалија, смрека и др.


Југозападен плански регион

Пожарот во атарот на с. Требовље и с. Растеш сè уште е активен и во гаснење на истиот ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар во с. Требовље и дел од атар на с. Растеш), месно население од с. Растеш. Силите на ЈП Македонски Шуми Мак. Брод кои беа ангажирани за дејствување на пожарот во с. Растеш се пренасочени на пожарот кој се ширеше према м.в Фојник. Во текот на ноќта активно работеа на спречување на пожарот кој се ширеше према атарот на с. Брест. Пожарот во атарот на село Девич е локализиран;


Во моментов за пожарот во атарот на с. Могилец присутни се следните сили: ТППЕ – Мак.Брод, ТППЕ Кавадарци; месното население на с. Могилец. Во текот на вчерашниот ден опожарени се 2 руинирани куќи и една плевна додека пак двете други куќи во кои живеаат луѓе и школото се спасени.


Пожарот во атар на с. Близанско м.в БРДО и м.в КРУША повторно е активен и истиот премина кон м.в ФОЈНИК. Пожарот од атарот на с. Растеш каде беа загрозени куќите во подножјето на с. Растеш е ставен под контрола од војската и месното население, но не се исклучува можноста во текот на денот поради високите темпетатури да се прошири на атарот на с. Заград, атарот на с. Битово и повторно да се активира на атарот с. Волче каде моментално е под конрола.


Пожарот во с. Слатина е со намален интензитет и на поедини места горат ниско стеблести дрва.


Тетовско-полошки плански регион

ТППЕ-Гостивар ја следи состојбата со пожарот во с. Корито. Во интервенирањето се вклучени и месното население. На пожарот над с. Сиричино,Туденце Копанце интервенира екипа од ЈП Мак. Шуми. Моментално гори сува трева и огнот се движи кон сртот на Жеден и нема опасност по селата и населението. На пожарот во с. Гургурница интервенираат екипи на ЈП Мак. Шуми и месно население. На лице место излезени се и преставници од ЕЛС Брвеница. И таму гори сува трева.  


Повардарски плански регион

Пожарот во атарот на с. Дреново, во месноста Дреновска Корија сè уште е активен пожарот од вчера. Зафатена е шума под даб, јасен, бука. Од утрово на терен дејствува екипа од ШС Бабуна, но пожарот е интензивен на м.в. Трбова глава над селото. Од ШС „Бабуна“ – Велес известија дека пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гасење. Кај пожарот над над манастирот Св.Спас, од утрово се излезени луѓе од Богомила да гасат.

 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ

Северен (скопски) плански регион

Попладнето се појавил појавил пожар кај с. Осинчани, за што испратена е екипа од БППЗ на град Скопје да интервенира. Во овој реон приметен е и пожар кај с. Јаболце (опш. Сопиште). Примена е дојава и за пожар над с. Волково за што се известени ШС Караџица и БППЗ на град Скопје (опш. Ѓорче Петров). Исто така, примена  е дојава за пожар над с. Бојане кон с. Копаница (опш. Сарај).

Пожар кај с. Орешани е активен. Попладнето ја поминал Орешанска река и оди кон неколку стаји кај с. Вражале. Зафатена е нискостеблеста шума – смрека. Исто така, има дојава дека пожарот на Матка повторно се активирал. Според информациите од теренот пожарот ја сменил насоката кон манастирот Шишевски. Екипа на ЈП „Паркови и Зеленило“ веќе работи на сртот бидејќи теренот е непристапен.

Пожарот кај Барово брзо се разгорува и прети да ја зафати боровата шума кон Водно. На лице е упатена екипа од ЈП Паркови и Зеленило.

За пожарот кај с. Моране, дејствуваат екипи на БППЗ. Покрај ова БППЗ надвор од градот имаат екипи на следните места: Долна Матка, с. Рашче,  с. Елово (опш. Студеничани), с. Никиштани (опш. Ѓорче Петров).

Југозападен плански регион

Пожарот во атарот на с. Требовље и с. Растеш сеуште е активен и во гаснење на истиот ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар во с. Требовље и дел од атар на с. Растеш); 2 хеликоптери (интервенирале попладнето); лица од месно население од с. Растеш и с. Заграда и доброволци од Кичево, Прилеп и Скопје;

Пожарот од атарот на с. Растеш се прошири на атарот на с. Волче. Исто така не се исклучува можноста пожарот да се прошири во атарот на населените места Битово и Заград.

Во врска со пожарот на атарот на с. Близанско, м.в. Брдо и м.в. Круша, повторно се активира и истиот се движи према м.в. ФОЈНИК.

На пожарот во с. Девич ангажирани се лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод и пожарот го контролираат и горните куќи од с. Девич не се загрозени, но пожарот е активен и со намален интензитет на м.в. ПОПЕЦ.

На пожарот во атарот на с.Могилец интервенираат ТППЕ Македонски Брод, лица од месното население и лица од ШС „Сандански“. Пожарот се шири према атарите на селата Клуќерец и Инче према м.в. ДАБ, како и према атарот на с. Модриште. Гори дабова и борова шума. Од 17:00 часот интервенираат и два авиони на ДЗС. Во с. Могилец опожарени се 2 напуштени дотраени куќи, 3 куќи во кои живеат луѓе од селото и 1 куќа е делумно оштетена. Интервенираат и ТППЕ Прилеп.                     

Пелагонски плански регион

Пожарот во атарот на с. Подвис сеуште е активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума, сува трева и стрништа. Поради високите температури, правецот на ветерот  и непристапноста на теренот отежнато е гаснењето. Пожарот се шири од пределот по ридот према с. Алданци. Во соработка со ЕЛС Крушево, во раните утрински часови ќе бидат испратени екипи од ТППЕ и ЕЛС Крушево за негово целосно ликвидирање.

Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолани, е активен и веќе се проширува на горниот дел на планината. Зафатена е претежно ниско стеблеста дабова шума, чалија, смрека и др. Екипата е сеуште на местото на настанот, а се работи за непристапен терен.

Тетовско-полошки плански регион

Во реонот на Тетово активни се 2 пожари на отворен простор и тоа:

  • Над с.Копанце каде гори површина обрасната со сува трева и ситна деградирана шума на Планината Жеден. Истиот по сртот на планината е проширен кон с. Туденце, а се движи и во правец на с. Бојане (опш. Сарај).
  • Во атарот на с. Гургурница (опш. Брвеница) активен е пожарот со кој гори сува трева и пасишта. Во гаснење на пожарот учествуваат лица од месното население.
  • Во општина Гостивар, активен е пожарот во атарот на с.Корито, каде нема можност да се интервенира.

Повардарски плански регион

Пожарот во атарот на с.Дреново, во месноста Дреновска Корија е активен и со истиот зафатена е шума под даб, јасен и бука, на голема површина. Во меѓувреме појавени се уште два пожара на блиска локација. На терен биле лица од ШС „Бабуна“ – Велес. Пожарот полека се движи кон планината Лисец.

Пожарот во атарот на с.Богомила кој се закануваше да го зафати манастирот св. Спас и селото Богомила е изгаснат со помош на авионите на ДЗС и екипи на ШС и ДЗС Велес. Другиот дел од пожарот е активен и се движи кон прилепска страна.

Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гасење. 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ

РЦУК – Скопје, известува дека во 14:10 часот се појавил пожар кај с. Осинчани, за што од страна на РЦУК Скопје известени се ШС Караџица, а испратена е екипа од БППЗ на град Скопје да интервенира. Во овој реон приметен е и пожар кај с. Јаболце (опш. Сопиште).

Во 16:15 часот примиле дојава за пожар над с. Волково за што се известени ШС Караџица и БППЗ на град Скопје (опш. Ѓорче Петров).

Во 16:30 часот примиле дојава за пожар над с. Бојане кон с. Копаница кој брзо се шири за што е јавено на ШС Караџица (опш. Сарај).

Пожар кај с.Орешани, е активен и во 16:35 часот добиле известување дека пожарот ја поминал Орешанска река е оди кон неколку стаји кај с. Вражале. Зафатена е нискостеблеста шума – смрека. Барале екипа од БППЗ да оди на тој дел, но трите екипи кои се на терен интервенираат кај викенд населбата.

Во 16:55 часот, домарот во манастирот Св. Никола Шишевски јавил дека пожарот на Матка повторно се активирал. Гори над карпата и има сознанија дека се префрлил на другата страна кон с. Шишево, а постои опасност кон Водно да тргне. Во 17:40 часот добиле јавување дека веќе ја сменил насоката кон манастирот Шишевски и брзо се шири. Јавено веднаш на ЈП „Паркови и Зеленило“ кои веќе формирале екипа за гаснење и која работи на сртот за гасење бидејќи теренот е непристапен. Известен е и градоначалникот на општината Сарај (опш. Сарај).

Во 17:40 од жител на с. Света Петка им било јавено дека пожарот кај Барово брзо се разгорува и прети да ја зафати боровата шума кон Водно. На лице е упатена екипа од 10тина лица од ЈП Паркови и Зеленило. За ова е известен и градоначалникот на општина Сопиште.

За пожарот кај с. Моране, БППЗ има 3 екипи со 8 пожарникари.

Покрај ова БППЗ надвор од градот имаат екипи на следните места:

  • Долна Матка – една екипа дежура цело време;
  • од 15:10 часот, кај с. Рашче, 1 возило со 3 пожарникари и една екипа со возило од ЈП Комунална Хигиена (опш. Сарај);
  • од 15:17 часот, една екипа со 3 пожарникари кај с. Елово (опш. Студеничани);
  • од 17:00 часот, една екипа со 4 пожарникари кај с. Никиштани (опш. Ѓорче  Петров).

РЦУК – Охрид, известува дека пожарот во атарот на с. Требовље и с. Растеш сеуште е активен и во гаснење на истиот ангажирани се следните сили и средства:

  • 30 лица од АРМ за пожар во с. Требовље и дел од атар на с. Растеш;
  • Во 15:30 часот интервенирале 2 хеликоптери;
  • 3 лица од месно население од с. Растеш и 1 лице од с. Заграда и околу 20 доброволци од Кичево, Прилеп и Скопје;
  • Пожарот од атарот на с. Растеш се прошири на атарот на с. Волче и постои опсност од опожарување на селото. Исто така истиот пожар не се исклучува можноста да се прошири во атарот на населените места Битово и Заград.
  • 5 лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод што беа ангажирани за дејствување на пожарот во с. Растеш, пренасочени се према пожарот што иде во правец на Војник од атарот на село Близанско.
  • Во врска со пожарот на атарот на с. Близанско, м.в. Брдо и м.в. Круша, повторно се активира и истиот се движи према м.в. ФОЈНИК и постои опасност да бидат загрозени предавателите и истиот доколку не се стави под контрола постои опасност да префрли во атарот на село Брест.
  • На пожарот во с. Девич ангажирани се 5 лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод и пожарот го контролираат и горните куќи од с. Девич не се загрозени, но пожарот е активен и со намален интензитет на м.в. ПОПЕЦ.

На пожарот во атарот на с. Могилец интервенираат ТППЕ Македонски Брод со 2 ПП возила, 20 лица од месното население и 5 лица од ШС „Сандански“. Пожарот се шири према атарите на селата Клуќерец и Инче према м.в. ДАБ, како и према атарот на с. Модриште. Гори дабова и борова шума. Од 17:00 часот интервенираат и два авиони на ДЗС. Во с. Могилец опожарени се 2 напуштени дотраени куќи, 3 куќи во кои живеат луѓе од селото и 1 куќа е делумно оштетена.

Интервенираат и ТППЕ Прилеп со 3 пожарникари и 1 ПП возило.

На пожарот во с. Слатина нема ангажирано лица бидеќи истиот е со намален интензитет и на поедини места горат ниско стеблести дрва.

РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Крушево во која се наведува дека пожарот кој започна на ден 02.08.2017 година во атарот на с. Подвис сеуште е активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума, сува трева и стрништа. Поради високите температури, правецот на ветерот  и непристапноста на теренот отежнато е гаснењето. Пожарот се шири од  пределот по ридот према с. Алданци. Екипа од 2 пожарникари се на терен и ја следат состојбата, а во соработка со ЕЛС Крушево, договорено е на истиот во раните утрински часови да се испратат екипи од ТППЕ и ЕЛС Крушево за негово целосно ликвидирање.

ШС „Црн Бор“ – Прилеп,  известува  дека пожарот во атарот на селата Дрен – Смолани, е активен и веќе се проширува на горниот дел на планината, каде предходно имаше извршено сеча. Екипата од 8 работници е сеуште на местото на настанот. Побарана е помош од ТППЕ Прилеп, но со образложение дека немаат слободна екипа  не можат да учествуваат на пожарот. Од страна на ШС Црн Бор имале слободни работници, но немале превоз за да појдат до местото на настанот. Зафатена е претежно ниско стеблеста дабова шума, чалија, смрека и др. Се работи за непристапен терен.

РЦУК – Тетово, известува дека во реонот на Тетово активни се 2 пожари на отворен простор и тоа:

  • Над с. Копанце каде гори површина обрасната со сува трева и ситна деградирана шума на Планината Жеден. Истиот по сртот на планината е проширен кон с.Туденце, а се движи и во правец на с. Бојане (опш. Сарај – Скопје).
  • Во атарот на с. Гургурница (опш. Брвеница) активен е пожарот со кој гори сува трева и пасишта. Од ЕЛС Брвеница добиле информација дека во гаснење на пожарот учествуваат 50тина лица од месното население. Во опасност се доведени шталите и пасиштата на кои се напасува ситен и крупен добиток од околу 3.000 – 4.000 грла.

Во општина Гостивар, активен е пожарот во атарот на с. Корито и истиот е на 5 – 6 км од селото. Екипата од ТППЕ Гостивар е вратена од терен поради неможноста да интервенира. Според нив зафатена е површина од околу 16 хектари.

РЦУК – Велес, известува дека пожарот во атарот на с. Дреново, во месноста Дреновска Корија е активен и со истиот зафатена е шума под даб, јасен и бука, на голема површина. Во 17:35 часот од шумарот добиле информација дека пожарот е активен со јак интензитет, а во меѓувреме подметнати се уште два пожара на блиска локација. На терен биле 2 шумари од ШС „Бабуна“ – Велес. Пожарот полека се движи кон планината Лисец.

Во врска со пожарот во атарот на с. Богомила во месноста Црвен Дол, во 13:30 часот, од терен добиле известување дека пожарот е активен.

Во 17:45 часот од ШС „Бабуна“ – Велес добиле информација дека делот од пожарот кој се закануваше да го зафати манастирот св. Спас и селото Богомила е изгаснат со помош на авионите на ДЗС и екипи на ШС и ДЗС Велес. Другиот дел од пожарот е активен и се движи кон прилепска страна. Екипите се повлекуваат од терен и со гасење ќе се продолжи утре.

Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, теренот е исклучително опасен и непристапен за гасење и во моментов никој не гаси.

РЦУК – Куманово, известува дека ТППЕ Куманово имаат 3 интервенции и тоа:

  • Од 12:25 часот, 3 пожарникари со 2 ПП возила гаснат запалено стрниште на Никујски пат кај место викано Почивало;
  • Од 12:40 часот 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснат запалена сува трева кај с.Лојане;
  • Од 13:25 часот, 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснат запалено стрниште во атарот на с.Ропајце и с.Виштица.

ТППЕ Кратово, од 16:13 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенираат поради  запалена сува трева и нискостеблеста деградирана шума со површина од 2 хектари во с.Стрновац. Пожарот е локализиран, но не е целосно изгаснат.

Дежурен оперативен центар на Центарот за управување со кризи на Р.Македонија,
телефон 02/3249-211, 02/3249-212;
факс: 02/3249-213, 02/3136-226;
e-mail: [email protected]

Северен (скопски) плански регион

Пожарот кој бил кај с. Моране се префрли во атар на с. Орешани (опш. Зелениково). Пожарот зафатил нискостеблеста шума, но ако се прошири кон реката и над викенд населбата Орешани може да навлезе во високостеблеста борова шума. На терен се екипи на БППЗ на град Скопје, а се очекува да се придружат и други.

На подрачјето во правец од с. Бојане кон с. Желино моментално гори сува трева и нискостеблести растенија. ПП екипи се на терен. Во моментот нема потреба од воздушна интервенција, но доколку пожарот се прошири до Желино тогаш возможно е пожарот да ги зафати и зимзелените и дабови растенија.

Пожарот кај браната Матка е изгаснат и на терен е оставена eкипа да дежураат. Зафатена била нискостеблеста шума (опш. Сарај). Исто така изгаснат е и пожарот кај с. Барово со навремена интервенција на екипа од ЈП Паркови и Зеленило. Се работи за нискостеблеста шума (опш. Сопиште).

Југозападен плански регион

Пожарот во атарот на с. Требовље и с. Растеш сè уште е активен, и во гасење на истиот ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар во с. Требовље и дел од атар на с. Растеш); месно население од с. Растеш, лице од с. Заграда и доброволци од Кичево, Прилеп и Скопје. Вработените на ШС „Сандански“ – Македонски Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во с. Растеш и истите превземаат активности за локализирање на пожарот како не би се приближил до куќите и шталите со стока кои се во подножјето на с. Растеш, како и спречување на пожарот во м.в. КОРИТСКИ ДОЛ.

На пожарот во с. Девич ангажирани се лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод кои пожарот го контролираат. Горните куќи од с. Девич не се загрозени. Пожарот е под контрола и со намален интензитет на м.в. ПОПЕЦ.

Во моментов има нов пожар во атарот на с. Могилец, каде дејствува ТППЕ Македонски Брод.

Пожарот во атар на с. Близанско м.в. БРДО и м.в. КРУША повторно се активира и истиот се движи кон м.в. ФОЈНИК и постои опасност доколку истиот не се стави под контрола да префрли на атарот на с. Брест. Пожарот од атарот на с. Растеш се прошири на атарот на с. Волче и постои опасност од опожарување на селото. Гасењето на пожарите го отежнуваат високите температури, присуството на ветар.

Пелагонски плански регион

Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолани, кој беше изгаснат на ден 03.08.2017 година, од околу 07:00 часот на ден 04.08.2017 година, повторно е активен и веќе се проширува, на горниот дел на планината. Екипата за гасење е сè уште на местото на настанот. Зафатена е претежно ниско стеблеста дабова шума, чалија, смрека и др. Се работи за непристапен терен.

Пожарот кој започна на ден 02.08.2017 година во атарот на с. Подвис сè уште е активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума, сува трева и стрништа. Поради високите температури, правецот на ветерот  и непристапноста на теренот отежнато е гасењето. Пожарот се шири од  пределот  по ридот кон с. Алданци. На терен моментално се ангажирани екипи на ТППЕ Крушево и ШС „Липа“ – Крушево.

Тетовско-полошки плански регион

Во реонот на Тетово активни се 2 пожари на отворен простор и тоа: Над с.Копанце каде гори површина обрасната со сува трева по сртот на Планината Жеден и не е зафатена шума. На лице место е екипа од ШС „Лешница“ – Тетово. Во атарот на с. Гургурница активен е пожарот што од страната на Македонски Брод се префрли на територијата на опш. Брвеница. Гори сува трева и пасишта, но постои можност да се зафати и високата шума. Екипа од ШС „Лешница“ – Тетово се наоѓа на лице место.

Пожарот во атарот на с. Корито е активен и интервенира месно население, екипи на ШС Шар и ТППЕ Гостивар.  Исто така екипа на ТППЕ Гостивар, интервенираат и на пожар кај м.в. Тумчевишка Петла Гостивар.

Повардарски плански регион

Пожарот во атарот на с. Дреново, во месноста Дреновска Корија е активен и со истиот зафатена е шума под даб, јасен и бука. На терен е екипа на ШС „Бабуна“ – Велес, но пожарот е интензивен. Се бара поддршка за гасење од воздух.

Пожарот во атарот на с. Богомила во месноста Црвен Дол, е активен. Екипата на ШС „Бабуна“ гаси од страна на с. Мокрени и прави појас. На лице место е и екипа на ДЗС Велес. Поради можноста пожарот да оди кон с. Богомила, испратени се авиони за гасење на истиот.

Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, но теренот е исклучително непристапен за гасење.

 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ