Сервисни информации

 

На 60-та седница на Владата на Република Македонија, одржана на 20.03.2018 година, Владата ја донесе Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето за 2018 година.

Според одлуката, летното сметање на времето во 2018 година започнува на 25 март во 02h 00min 00s така што со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00min 00s се смета како 03h 00min 00s.

Летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00min 00s.

Оваа Одлука е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС OJ: JOL2001031R002101 на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.

Во период од 19 до 23 март, во просториите на Царинска управа се одржува работен состанок реализиран со поддршка на Проектот за регионален економски развој финансиран од USAID.

На состанокот на кој учествуваат и претставници на членките на Советодавното тело и претставници на инволвираните надлежни институции, се разменуваат информации за сегашниот статус на постапките спроведувани на граница, примената на нетарифни мерки, функционалностите на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи чија имплементација е во фаза на финализирање, формалностите околу издавање на дозволи за царинската постапка, применуваните предметни законски одредби, тековните и претстојни активности за реформирање на системот на лиценци и гранични инспекции.

Моменталната состојба на постапките кои се спроведуваат на граничните премини при издавање и контрола на сите дозволи за увоз, извоз и транзит на стока, исто така е тема на повеќедневен работен состанок организиран по повод посетата на експертската мисија во врска со постапувањето и контролата на царинските стоки на граничните премини.

Од работниот состанок се очекува да произлезат корисни совети и препораки за идните активности на поедноставување на постапките и унапредување на системот за извозни, увозни и транзитни дозволи во земјата, преку измена на прописите, како и олеснување на процедурите.

 

Објавен е вториот јавен повик за доделување на грантови во рамки на Проектот за локалната и регионална конкурентност во туризмот, со кој на општините, туристичките здруженија и асоцијации, како и на малите и средни претпријатија им се дава пристап до 14 милиони евра, неповратни средства за поттикнување на туризмот во Македонија. Средствата се обезбедени од Европската Унија, преку инструментот за претпристапна помош ИПА 2, како и од Владата на Република Македонија, а администрирањето на средствата се одвива преку канцеларијата на Светска Банка во Македонија.

 

 

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека вкупната вредност на грантовата шема изнесува над 21 милиони евра, од кои 18 милиони се обезбедени преку компонентата ИПА 2, додека 3,2 милиони евра изнесува учеството на македонската Влада. Овие средства ќе се доделуваат на проекти од општините, туристичките здруженија и асоцијации, како и од мали и средни претпријатија, во насока на поттикнување на туризмот, сектор кој има голем потенцијал за развој.

„Туризмот е гранка која може да даде брз и конкретен ефект за економски развој на државата. Охрабрува податокот дека бројот на туристи во 2017 година во однос на 2016 година е зголемен за над 15%, додека бројот на странски туристи во истиот период е зголемен за над 20%. Преку јавниот повик се доделуваат сериозни средства со кои верувам дека ќе ја унапредиме конкурентноста на туризмот во Република Македонија“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

 

 

Раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, посочи дека Европската унија го поддржува проектот и дека граѓаните на Република Македонија и туристите кои ја посетуваат земјата заслужуваат квалитетна туристичка понуда во здрава животна средина и подобро опкружување.

„Проектот е во фаза на имплементација, се озвозможува шанса за сите заинтересирани да учествуваат. Средствата за поддршка на туризмот се обезбедени, но потребни се квалитетни проекти за да се искористат средствата. Очекуваме Владата, заедно со локалните самоуправи да работат напорно со цел проектот да биде успешен“, посочи Бертолини.

Директорот на канцеларијата на Светска Банка, Марко Мантованели посочи дека во студијата „Туризам за развој 2017“, туризмот е препознаен како водечка гранка за побрз развој на економијата.
Според податоците од оваа студија, вкупно 10% од светскиот БДП е поврзан со туризмот и патувањата, кој е најголемата услужна индустриска гранка во светотот, дури 7% од вкупната меѓународна трговија потпаѓа на туризмот, а 30% од извозот на услугите се во туристичкиот сектор.

„Преку развојот на туризмот директно се влијае на пет области: одржлив економски развој, социјална вклученост и вработувања, ефикасност на ресурсите и заштита на животната средина, промоција на културните вредности како и меѓусебно разбирање помеѓу културите“, посочи Мантованели.

Директорката на проектната единица преку која се спроведува Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак ги претстави можностите за аплицирање преку јавниот повик.

„За инфраструктурни инвестиции со проекти може да аплицираат општини, регионални плански центри и јавни установи. Бараниот износ може да биде до 1.000.000 евра самостојно или до 3.000.000 евра во соработка со други општини, јавни установи или регионални плански центри, За втората компонента - подобрена испорака на туристички услуги и локални економски влијанија може да аплицираат локални микро и мали претпријатија за грантови до 100.000 евра самостојно или до 300.000 евра во партнерство со други претпријатија, додека третата компонента опфаќа финансиската поддршка за организациите од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука, со проекти до 50.000 евра самостојно или до 150.000 евра во партнерство со други невладини организации, образовни установи и центри за обука“, посочи Шишак.

Денес се одржа и трибина на која беа презентирани можностите за аплицирање за грантови преку Проектот за локална и регионална конкурентност на туризмот, на кој присуствуваа преку 100 лица, од општините, регионалните центри за развој, како и од асоцијации и здруженија од туристичкиот сектор.

 

 

 

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, денеска одржаа редовна работна средба, со цел согледување на состојбата со морбили во соседството и во европскиот регион, како и состојбата со морбили во државата.

Во Република Македонија во 2018 година досега се регистрирани девет случаи со морбили, од кои само четири се епидемиолошки поврзани.

Следејќи ја состојбата со епидемии на морбили во соседните држави, со појавата на смртни случаи, а имајќи ги во предвид честите меѓународни патувања и комуникација, како и нискиот опфат со вакцинација против морбили во државата, Комисијата за заразни болести на денешната седница ги донесе следните заклучоци, со цел спречување појава и ширење на морбилите во Република Македонијa:

• Службите за имунизација при Здравствените домови да ги интензивираат активностите за проверка на евиденцијата и изнаоѓање невакцинирани или непотполно вакцинирани деца, со цел нивна вакцинација.

• Здравствените работници да обратат посебно внимание на исипните трески кај пациентите и доколку се посомневаат за морбили веднаш да пријават до надлежните служби.

• Препорака за лицата кои патуваат во земји каде има активни епидемии на мали сипаници - да го проверат својот вакцинален статус и тоа: за лицата од 12 месеци до 18 години во вакциналните служби, а за лицата на возраст од 19 до 45 години во Центрите за јавно здравје.  Доколку овие лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани  или немаат доказ за прележана болест  соодветно ќе се вакцинираат.

• Препорака до родителите е навремено да ги вакцинираат своите деца, пред се поради заштита на нивното здравје, како и заштита на здравјето на најблиските и на пошироката заедница.

 

Наближува крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава 15-ти Март. На две седмици пред истекот на рокот само 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи. Имајќи во предвид дека се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата, а со цел намалување на метежите во даночните канцеларии особено во Скопје, отворени се дополнителни шалтери за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром (повеќе информации). Исто така, граѓаните можат да ги достават пријавите и преку мобилните даночни шалтери (види возен ред).

Корисни информации: 

- Образец - Годишна даночна пријава за утврдување на персоналeн данок на доход

- Брошура - Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход

- (27.02.2018) Возен ред на мобилни даночни шалтери / Март 2018 - Види

- (23.02.2018) Соопштение „УЈП со дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава

- Видео - Водич за пополнување Годишна даночна пријава

- Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 02.03.2018 година

  

Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 22.02.2018 година
Регионална дирекција на УЈП Хартиени Електронски ВКУПНО
Скопје  49,600  458 50,058
Битола  17,629 40 17,669
Тетово 11,002 48 11,050
Струмица 7,817 56 7,873
Прилеп 19,164 67 19,231
Штип 24,880 89 24,969
ВКУПНО 130,092 758 130,850

Извор: Управа за јавни приходи 

 

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.

Врз основа на член 172 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11,  123/12,  93/13, 187/13,  42/14, 44/15, 129/15, 192/15 И 39/16) и Програмата за инвестирање во животната средина за 2018 година („Службен весник на Република Македонија” бр.17/2018),  Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:

 

Конкурс за распределување на средства
за финансирање и реализирање на програми, проекти и
други активности од областа на животната средина за 2018 година

 

Барањата за финансирање се примаат до 08.03.2018 година. Конкурсот е објавен во Службен весник бр.33 на 21.02.2018 год.

 


 

Преземете:

Word документ   |   PDF документ

 

 

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран од портокалова фаза на ниво на целата држава, за утре (четврток) ги донесе следните препораки:

  • - Да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60 годишна возраст;
    - За работниците коишто работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје;
    - Се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини;
    - На целото население се препорачува особено внимание да се посвети на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација на топли напитоци и редовно земање на терапија кај хронично болните лица;
    - Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар

Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за  формирање на авторски тимови за  изработка на ракописи за учебници  за четиригодишно стручно образование

Авторски тимови ќе се формираат  за следните струки и образовни профили за наставните предмети:

  

ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА СТРУКА

Профил: Техничар за мебел и ентериер

 

1. Познавање на материјалите

II  година

Профил: Техничар за обработка на дрво

 

1. Примарна обработка на дрвото

II  година

Профил:Техничар за шумарство и пејзажна  архитектура

 

1.Дендрометрија и искористување на шумите

(редовен и изборен)

III  година

2. Дендрометрија и искористување на шумите  (редовен и изборен)

IV година

ГЕОЛОШКО-РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА СТРУКА

Профил: Геолошко рударски техничар

 

1. Хидрогеологија со инженерска геологија (редовен и изборен)

III  година

2. Истражни работи со геолошко картирање (редовен и изборен)

III  година

Профил: Металуршки техничар

 

1. Металуршки печки

III  година

ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА СТРУКА

Профил: Ветеринарен техничар

 

1. Сточарство со исхрана на домашните животни (редовен и изборен)

III  година

2. Сточарство со исхрана на домашните животни (редовен и изборен)

IV година

3. Микробиологија со заразни болести (изборна)

III и IV година

4. Паразитски болести

IV година

ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА

Профил: Архитектонски техничар

 

1. Равој на архитектурата

II  година

2. Градежни конструкции

II  година

3. Градежни конструкции

III  година

4. Градежни конструкции (изборна)

III и IV година

5. Техничка механика

III  година

6. Армиран бетон

IV година

Профил: Градежен техничар

 

1. Армирано-бетонски конструкции (редовен и изборен)

 IV година

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА

Профил: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

 

1. Дигитални системи (редовен и изборен)

III  година

ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА СТРУКА

Профил: Текстилен конфекциски техничар

 

1. Технологија на конфекционирање (редовен и изборен)

III  година

Профил: Текстилен техничар

 

1. Технологија на предење

II  година

Профил: Конфекциски техничар

 

1. Технологија на конфекционирање (редовен и изборен)

IV година

СТРУКА ЛИЧНИ УСЛУГИ

Профил: Козметички техничар

 

1. Применета козметика (редовен и изборен)

IV година

МАШИНСКА СТРУКА

Профил: Машинско енергетски-техничар

 

1. Термотехника

II  година

Профил: Автотехничар-мехатроничар

 

1. Електротехника (редовен и изборен)

III  година

2. Електротехника (редовен и изборен)

IV година

3.Електроника (редовен и изборен)

IV година

Профил: Машински техничар, машинско-енергетски техничар

 

1. Електротехника со електроника

II  година

ЕКОНОМСКО-ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА

Профил: Правен техничар, економски техничар, деловен секретар и техничар за трговија и маркетинг

 

1. Основи на правото

II  година

Заеднички предмети за образовните профили: деловен секретар, економски техничар и техничар за трговија и маркетинг

 

1. Право (изборен)

III и IV година

Профил: Деловен секретар

 

1. Секретарско работење (редовен и изборен)

IV година

Профил: Техничар за трговија и маркетинг

 

1. Трговија и трговско работење (редовен и изборен - III година, изборен - IV година)

III и IV година

СООБРАЌАЈНА СТРУКА

Профил: Техничар за транспорт и шпедиција

 

1. Транспортно право и осигурување

IV година

Профил: Техничар за патен сообраќај

 

1. Експлоатација на патните возила

II  година

2. Експлоатација на патните возила

III  година

ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА

Профил: Забен техничар

 

1. Фиксна протетика

III  година

2. Фиксна протетика (изборен)

III и IV година

3. Мобилна протетика (редовен и изборен)

III  година

4. Мобилна протетика (редовен и изборен)

IV година

5. Ортодонција

IV година

Профил: Физиотерапевтски техничар

 

1. Кинезиологија

II  година

2. Кинезитерапија

III  година

Профил: Фармацевтски лабораториски техничар

 

1. Фармацевтска технологија (редовен и изборен)

III  година

2. Фармацевтска технологија (редовен и изборен)

IV година

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба – ул. „Св.Кирил и Методиј„ 54 - Скопје, заклучно со 05.03.2018 година (пријавата може да се преземе тука).

Кон пријавата авторите  од авторскиот тим задолжително треба да достават:

-    уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Македонија), 
-    изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

Скопски регион
Во Општина Чучер Сандево патните правци кои водат кон селата Танушевци, Брест и Малино, се непроодни и истите немаат електрична енергија.

Прилепски регион
Во општина Прилеп регионалниот пат Прилеп-Витолиште е прооден со зимска опрема.
Во општина Демир Хисар непроодни се локалните патни правци за населените места: Големо Илино, Мало Илино, Зашле, Велмевци и Радово.
Прекин во напојувањето со електрична енергија има во населените места Мало Илино, Големо Илино и Железнец. Екипи од ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Кичевски регион
Во општина Кичево моментално непроодни се планинските села: Патеец, Козичини, Јудово, Ехлоец, Иванчишта, Душегубица, Малкоец, Кнежино и Осој.
Од ЕВН информираат дека поради проблеми со наврнатиот снег без електрична енергија се селата: Белица, Брждани, Свињишта, Козица и Кладник.

Струшки регион
Во општина Струга, непрооден е патниот правец што ги поврзува селата во Малесија односно патниот правец од с. Присовјани до хидроцентрала Глобочица и патниот правец с. Боровец - с. Јабланица.

Велешки регион
На подрачјето на општина Чашка сообраќајот се одвива отежнато со користење на зимска опрема, освен локалниот пат с. Богомила - с. Нежилово - с. Ореше кој е непрооден и со користење на зимска опрема. Се преземаат активности за расчистување на снегот на локалниот пат с. Дреново - Долно и Горно Јаболчиште.
Во општините Свети Николе и Лозово, не се проодни патните правци кон селата Трстеник, Малино, Крушица и Алакинци.

Штипски регион
Во општина Штип и Карбинци, во мометот непроодни се патиштата кон ридско планинските села Шашаварлија, Брест, Горачино, Танатарци, Пухче и Љуботен.

Кумановски регион
Во општина Куманово патот за Арбанашко сè уште не е расчистен, расчистено е до с. Жегљане.
Во општина Липково, патните правци кои гравитират кон планинските села за Алишевце, Гошинце се непроодни.
Во општина Крива Паланка,
- Регионален пат Крива Паланка - с. Огут е проден само со теренско возило.
- Регионален пат Крива Паланка - с. Луке е прооден во зимски услови.
-Локалниот пат с. Дурачка Река место викано Метов - с. Дренак е непрооден.
- Регионалниот патен правец Ранковце - с.Герман е проден само со теренско возило.

Гостиварски регион
Во општина Маврово - Ростуше, патиштата од Долна и Горна Река се проодни, а патниот правец кон с. Галичник е непрооден.

 

Од Македонија Пат и АМСМ известуваат дека забрани за тешки товарни возила сè уште се на сила на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево преку Стража, Дебар - Струга и на планинскиот премин Пресека.

Со оглед на неповолната временска состојба и минусните температури, Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на бездомништво во Црвениот крст и во центрите за социјална работа.

Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица.

Во продолжение се контакт телефоните на дежурните екипи:

Скопје:
Црвен крст - 071 733 171, 02 3096 227
ЦСР - 078 230 943, 076 381 762

Струга:
Црвен крст 070 249 733
ЦСР - 075 588 980

Битола:
Црвен Крст - 075 907 060
ЦСР - 071 342 492

Струмица:
Црвен Крст 070 253 441
ЦСР - 075 377 798