Соопштенија

  • Ставрески: Кризата во Грција нема да ја разниша стабилноста на денарот

    Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја оцени како мошне сериозна финансиската состојба во Република Грција, но е уверен дека таа нема значајно да влијае врз стабилноста на македонскиот финансиски сектор. - Состојбата во Грција станува се посериозна и веќе е извесно дека таму во одредена временска рамка во блиска иднина ќе се случи неможност на Грција да ги отплаќа своите долгови во целост. Моите очекувања се дека ќе дојде до контролиран банкрот, каде што европските земји и Грција ќе се договорат ...

  • Пуштен во употреба булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“

    Премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Скопје и на општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, денеска го пуштија во употреба проширениот булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
    Проширувањето на сообраќајницата се одвиваше на потегот од улицата „Франклин Рузвелт“ до улицата „Костурски херои“ (еден крак) и кон улицата „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, до свртувањето на десно кон улицата „Народен фронт“ (втор крак).

  • Се изготвува текст за вклучување на Македонија во „Јужен поток“

    Владите на Република Македонија и на Руската Федерација изготвуваат текст за вклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“, како еден од стратешките приоритети за обезбедување стабилност во снабдувањето со гас и воопшто за стабилноста на македонскиот енергетски сектор, истакна денеска во Охрид вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

  • Премиерот Груевски оствари средба со претставници на асоцијациите на земјоделци

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со претставници на асоцијациите на земјоделците, како и со индивидуални земјоделци.
    На средбата на која што присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ...

  • Одобрени 5,67 милиони евра за осум проекти во Македонија од Инвестицискиот инструмент за Западен Балкан

    Преку Ивестицискиот инструмент за Западен Балкан за осум проекти Македонија добила грантови од над 5,67 милиони евра. Инструментот денеска во Скопје го претставија вицепремиерката Теута Арифи и претставникот на директорат за проширување на Европската комисија Кристос Гофас. - Денеска се затвора работниот состанок за Западен Балкан и фондовите од ЕУ. Мислам дека тоа е еден ефективен состанок. Во рамките на овој инструмент досега Република Македонија има конкурирано со осум проекти и успеала да повлече ...

  • Ставрески: Модернизацијата на блоковите во РЕК Битола почеток на инвестициски циклус вреден 300 милиони евра

    Во РЕК „Битола“ денеска промовирано успешното завршување на модернизацијата и автоматизацијата на термоелектраната „Битола 2“, Официјално модернизираниот блок го пушти во употреба вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој рече дека енергетскиот сектор претставува столб на економскиот развој на секоја држава, а стабилното и квалитетно снабдување со електрична енерегија е основен фактор за конкурентноста на економијата и најави нови инвестиции ...

  • Берлускони-Груевски: Македонија заслужува да стане членка на ЕУ

    Италија искрено ја поддржува Република Македонија на патот на кон ЕУ и НАТО. Македонија заслужува позитивен извештај и препорака за почеток на преговите со ЕУ и заслужува да стане членка на Европската унија, истакнал италијанскиот премиер Силвио Берлускони на денешната средба со премиерот Никола Груевски во Рим.

  • Пуштени во употреба вештачката карпа за качување и двојно тениско игралиште во Карпош

    Премиерот Никола Груевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски денеска ја пуштија во употреба вештачката карпа за качување и двојно тениско игралиште во општина Карпош.
    Вештачката карпа за качување се состои од главен дел висок 22 метри со делови за брзинско и тежинско натпреварување и помошна вештачка карпа - болдер висока околу пет метри. Вештачката карпа е опремена со трибински простор и соблекувални за спортистите.

  • Премиерот Никола Груевски се сретна со комесарот за внатрешни работи на Европската комисија, Сесилија Малмстром

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со комесарот за внатрешни работи на Европската комисија, г-ѓа Сесилија Малмстром.
    Претседателот Груевски изрази благодарност до комесарот Малмстром за нејзиното учество на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан, кој е од големо значење не само за Република Македонија, туку и за регионот, за размена на искуства и зајакнување на соработката во насока на полесно ...

  • Почна форумот “ЕУ – Западен Балкан“ на министрите за внатрешни работи и за правда

    Република Македонија има визија и е подготвена во соработка со останатите земји да придонесе за силна и ефективна Европа, при што нашите капацитети се целосно фокусирани на соочување со предизвиците кои не очекуваат на патот кон Унијата, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во своето поздравно обраќање до учесниците на дводневниот форум “ЕУ – Западен Балкан“ на министрите за внатрешни работи и за правда што се одржува во Охрид.

Pages