Соопштенија

  • Во Нов Дојран пуштено во употреба двојно тениско игралиште

    Во Нов Дојран денеска е пуштено во употреба двојно тениско игралиште, дел од проектот на Владата и Агенцијата за млади и спорт „Изградба на 100 тениски терени“.
    Тениските терени ги имаат сите карактеристики потребни за одигрување меѓународни натпревари, осветлување, пристапни патеки, жичана ограда...

  • Во Валандово пуштен во употреба нов фудбалски терен

    Во Валандово денеска е пуштен во употреба нов спортски, фудбалски терен, дел од проектот „50 фудбалски игралишта“ на Владата и Агенцијата за млади и спорт. Игралиштето е со стандардни димензии. На него ќе може да се одржуваат тренинзи и натпревари, има соблекувална, тушеви и дренажен систем, осветлување, како и трибини за 500 гледачи.

  • Утврдена минималната плата во Македонија - 8.050 денари во нето износ

    Минималната плата во Република Македонија ќе изнесува 8.050 денари во нето или 12.265 денари во бруто износ, се договорија денеска трите социјални партнери - Владата, работодавачите и синдикатите.

    Утврденото ниво на минимална плата се однесува на основната плата за полно работно време и нормален

  • Конференција на тема „Информатичкото општество - иднината на Македонија“

    Министерството за информатичко општество и администрација предлага нов концепт на т.н. „Отворени е услуги“ кој предвидува на секоја заинтересирана компанија, која ќе задоволи одредени технички и правни услови и стандарди, да и биде дозволено да изработува ИТ решенија преку кои ќе се нудат електронски услуги при тоа користејќи ги податоците на институциите преку строго дефинирани правила и стандарди.

  • Конференција на тема „Систем на компетенции во државната служба“

    Отворањето дискусија за најдобрите европски практики во управувањето со човековиот капитал во државната администрација е основата цел на третата годишна конференција на Мрежата на сектори/одделенија за управување со човечките ресурси во државната служба на тема „Систем на компетенции во државната служба“, што денеска се одржува во Скопје.

  • Ердоган: Македонија има природно право да го користи своето име, грчкиот став е неразбирлив и неправеден

    Македонија има природно право да го користи своето уставно име под кое стана независна држава. Грчкиот став за нас е неразбирвлив и неправеден. Ние немаме разбирање за никаква додавка како горна, долна северна.Живееме во голбален свет во кој треба да преовладува мирот и разбирањето, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со претседателот на македонската Влада Никола Груевски.

  • Состанок на Меѓународниот управен комитет на Декадата на Ромите

    Во организација на Владата на Република Македонија денеска во Скопје започна 21. Меѓународен управен комитет - Декада за вклучување на Ромите 2005-2015“, на кој се разговара за можностите за унапредување на состојбата на Ромите, за декадните национални планови и стратегии и досега преземените активности. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски истакна дека вкклучувањето на Македонија во меѓународната иницијатива Декада за вклучување на Ромите е израз на нејзината волја и подготвеност ...

  • Честитка од премиерот Никола Груевски до припадниците на Еврејската верска заедница во Република Македонија

    Почитувани,
    Имам чест и особено задоволство, од името на Владата на Република Македонија и од свое лично име, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот Еврејски празник Рош Хашана и одбележувањето на почетокот на 5772 година според Вашиот календар, истовремено посакувајќи Ви претстојната година за сите претставници на Еврејската заедница да биде исполнета со радост, среќа, здравје и благосостојба.

  • Честитка од премиерот Никола Груевски по повод Денот на Бошњаците

    Почитувани припадници на бошњачката етничка заедница,
    Дозволете ми од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија да Ви ги упатам моите искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците и да Ви посакам добро и празнично расположение, исполнето со многу здравје, успех, благосостојба и просперитет.

  • Премиерот Никола Груевски и владина делегација го посетија Јохан Тарчуловски

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г. Владимир Пешевски и шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, г. Мартин Протоѓер, денеска ( вторник, 27.09.2011 година), на враќање од престојот во Соединетите Американски Држави, го посетија Јохан Тарчуловски во затворот Диез во СР Германија.

Pages