Соопштенија

  • Груевски: Македонија е добра земја за водење бизнис, потврда е присуството на странските инвеститори

    Македонија е добра земја за водење бизнис, тоа најдобро го потврдува Светската банка која преку листата на Дуинг Бизнис неколку години по ред ја става Македонија на врвот на листата на реформатори и поволни бизнис дестинации, а значаен напредок забележуваме и на листата на Форбс.

  • Премиерот Никола Груевски се сретна со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој Јан Фишер

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска имаше официјално обраќање пред учесниците на Инвестицискиот форум “Обединето Кралство – Македонија”, кој што се одржа во Лондон.

  • Ставрески: Ефективни нови 50 милиони евра за малите и средни претпријатија од ЕИБ

    Кредитната линија од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) намената за финансирање на проекти за средните и малите претпријатија стана ефективна со денешното потпишување на договорите за гаранција на заемот.
    Средствата ќе бидат дистрибуирани од Македонската банка за поддршка на развојот преку комерцијалните банки со поволни услови. Каматната стапка ќе изнесува 5,5 проценти, а ќе бидат одобрувани два вида на кредити - инвестициски кредити за трајни обртни средства.

  • Попоски: Силна поддршка за зачленување на Македонија во НАТО

    Силна поддршка за зачленување на Република Македонија во НАТО алијансата и увреување дека се исполнети сите услови за тоа, е заедничката констатација на учесниците на амбасадорскиот состанок, информира министерот за надворешни работи Никола Попоски по завршување на редовниот годишен состанок на Република Македонија со Северно-атланскиот совет во Брисел.

  • Ставрески: Нема зголемување на даноците или воведување на прогресивно оданочување

    Не се размислува за зголемување на даноците или за воведување на прогресивено оданочување бидејќи тоа би однело многу претпријатија во пропаст, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Во нашата програма нема предвидено зголемување на даноци, ниту воведување на прогресивно одданочување. Сметаме дека тоа е лоша политика посебно во вакви околности кога во економијата во Европа и светот се случуваат кризни ситуации зголемувањето на данокот не е добро и тоа би одвело многу претрпијатија во пропаст.

  • Средба на премиерот Никола Груевски со Емирот на Државата Катар Хамад бин Калифа ал Тани

    Во Владата на Република Македонија денеска се одржа билатерална средба на делегации на Владата на Република Македонија и Државата Катар, предводени од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски и Емирот ...

  • Седница на Економскиот совет

    Ве информираме дека вчера попладне (понеделник, 17.10.2011 година) Економскиот совет при Владата на Република Македонија одржа редовна седница, на која се разгледуваа повеќе точки од областа на економските политики и проекти.

  • Груевски: Македонија е подготвена за преговори со ЕУ, фер и чесно е тоа да и се овозможи

    Обновената препорака од ЕК е признание за сработеното. Уверен сум дека во овој момент Македонија го има капацитетот и кадровски, и организациски, и вредносно, па и културолошки да ги почне проговороите за членство во ЕУ и ќе биде фер ...

  • „Џонсон контролс“ ја почна изградбата на новата фабрика во Штип

    Во технолошко индустриската развојна зона во Штип почна изградбата на нова фабрика на американскиот автомобилски гигант „Џонсон Контролс“, а во која е предвидено производство на навлаки за автомобилски седишта. Камен темелникот го поставија премиерот Никола Груевски, Владимир Теплик од „Џонсон Контролс“, амбасадорот на САД во земјава Пол Волерс и вицепремиерот Владимир Пешевски.
    Премиерот Никола Груевски истакна дека инвестицијата на автомобилскиот гигант „Џонсон Контролс“ е во вредност од околу 20 милиони долари, а во која ќе се вработат 1.400 работници.

  • Премиерот Груевски се сретна со Македонците од Голо Брдо

    Република Македонија ќе стори се што може за да помогне да се подобрат условите за живот на етничките Македонци кои живеат во Албанија во соработка со властите во Тирана. Тие се лојани граѓани на Република Албанија и така треба да биде . . .

Pages