План за итни реформски приоритети „3 - 6 - 9“

Правецот на реформите кои ги предлага Владата на Република Македонија, поместени во „Планот 3-6-9“, произлегуваат од Програмата за работа на Владата 2017-2020, а го зема во предвид Политичкиот договор од Пржино и ги следи препораките од средбите на високо ниво со претставниците на институциите на ЕУ, насоките од Европската комисија во Итните реформски приоритети (2015), Препораките на групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (2015), како и низата препораки до Владата од изминатите неколку години од телата на Советот на Европа (Венецијанската комисија, ГРЕКО), препораките на ОБСЕ/ОДИХР, наодите и препораките од годишните Извештаи на Европската комисија, вклучително и од Пристапниот дијалог на високо ниво, заклучоците од министерскиот дијалог за Програмата за економски реформи, заклучоците од редовните состаноци на телата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, документот подготвен од група граѓански организации насловен како „Предлог за Итни демократски реформи“ (Блупринт) и резултатите од консултациите со граѓанското општество.

На следните линкови можете да го преземете целосниот План за итни реформски приоритети „3 - 6 - 9“:

План 3 - 6 - 9 (Македонски јазик) - Преземи


Преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9 и Наративниот план 3-6-9 +

 

На 38 седница, владата ја разгледа и прифати информацијата „Фактографски преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9“ заклучно со 14 ноември 2017 година, како и информацијата за активностите што ќе бидат преземени во наредниот период што ги опфаќаат одредниците „6 и 9“ во планот.

Фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9 за првите три месеци покажува дека пакетот на мерки во првите три месеци се исполнети во најголема мера, пред сè, како резултат на силната политичка волја и заложба на Владата и надлежните институции. Дел од мерките чија реализација е започната или е во тек, останаа релевантни и за наредниот период.

  • Фактографски преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во План 3-6-9 (МК) - Преземи

Во „Наративниот план“ за идниот период, мерките од делот 6 и 9 се дефинирани и ажурирани врз основа на препораките содржани во Извештајот на Групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото и консултациите со сите засегнати страни. Предвидените мерки е планирано да се реализираат до декември 2017 година/март 2018 година или пред објавувањето на следниот редовен Извештај на Европската комисија за Македонија.


 

Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9

 

Во изминативе девет месеци Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда. Доказ за ова е успешното спроведување и реализацијата на Планот 3-6-9 т.е. реализирани се преку 90% од предвидените реформи и 100% од неговата суштина - Македонија се врати на евроатланскиот пат.

 

Фактографски Извештај за имплементацијата на План 3-6-9, од 4 јули 2017 - 17 април 2018 година (МК) - Преземи

MK