Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев од вечерва е во официјална посета на Република Турција

Премиерот Заев, за време на посетата ќе има средби на највисоко владино и државно ниво, а ќе се сретне и со претставници на бизнис заедницата во Турција.

Втор повик за поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган на Програмата) во соработка со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија (Национален орган на Програмата)

Електронски систем за јавни набавки

Бирото за јавни набавки на Република Македонија изработи интерактивна платформа за пребарување низ Отворените податоци од јавните набавки за сите државни институции.

Годишна програма на Министерството за култура и резултати од годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018

Зголемен интерес за културни проекти, правичност и диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, согласно интересот на граѓаните.

МЗШВ: Јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 и над 3 хектари

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/1

Премиерот Заев со претставници на „Лајонс Дистрикт 132-Македонија“: Вашата хуманитарна мисија, ја претставува нашата земја, нејзините туристичките потенцијали и можностите за инвестирање на меѓународен план

Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“ го запознаа Премиерот со своите најнови активности, конкретно со соработката со локалната самоуправа за организирање акции за подобрување на животната средина, како што е уредувањето на паркови и садење зеленило и бели рози кои помагаат за почист воздух.

Архивскиот материјал во зградата на Државниот архив не е оштетен, утврди комисија составена од претставници од Влада на Република Македонија, Архив на Република Македонија и Јавно обвинителство

Комисијата, предводена од министерката Зорица Апостолска констатираше дека дел од архивскиот материјал од прва категорија, од најголемо национално и историско значење, освен во просториите на новото, се наоѓа и во старото депо.

Премиерот Заев со Здружението на млади европски федералисти – Македонија: Имате повеќе капацитет од многу политички субјекти во придонесот кон реформските и евроинтеграциските процеси

Претставниците на здружението, го информираа Премиерот за Федералното собрание на млади европски федералисти кое ќе се одржи во Македонија од 23-25 март годинава, и го поканија да земе учество со свое обраќање, а од Владата побараа да биде покровител на настанот.

Прес-конференција на министерот Фазлиу: Објавен вториот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија

Министерството за локална самоуправа го објави вториот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, соопшти на денешната прес конференција министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Грантови во вредност од 400 000 долари за шест општини

Градоначалниците и претседателите на советите на шесте општини: Струмица, Вландово, Свети Николе, Велес, Чаир и Охрид во присуство на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, министерот за финансии Драган Тевдовски , амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон денеска потпишаа Меморандуми за соработка, во рамките на Проектот за зајакнување на општинските совети.

Pages