Премиерот Заев: Ги поддржуваме сите иницијативи што претставуваат значаен чекор напред во науката и особено во медицината

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев го поздрави ентузијазмот и работата на младите научници, и им порача колку што може побргу да предложат проект кој ќе ги искористи и кој ќе ги примени нивните искуства во сферата на генетската медицина.

Премиерот Заев по средбата со деветгодишниот Јане Велковски: Веднаш ќе почне постапката за обезбедување на лекот „Спинраза“ и нема да прекинеме додека не го обезбедиме за сите болни во Македонија

„За децата ќе сториме сè. Знаеме дека лековите за ретки болести се скапи, компаниите кои ги обезбедиле вложиле во процедурите за откривање, имаат трошоци, но имаат и општествена одговорност за достапност на лекот до сите и ние уште утре ќе ја започнеме процедурата за да стапиме во контакт со нив и да разговараме за набавка“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев на средбата со амбасадорите од Дипломатскиот Клуб: Ни претстои период кога секоја добра идеја и искуство се добредојдени

На средбата со искусните активни и поранешни дипломати, Претседателот на Владата Зоран Заев, информираше за актуелни прашања во однос на надворешната политика на земјата, насочени кон остварување на стратешките интереси на Република Македонија во однос на Европската Унија, членството во НАТО, соседската политика, како и во однос на релациите со САД и другите земји од глобалната политичка сцена.

Премиерот Заев оствари средба со делегација од иницијативата „Спортски игри за млади“

На средбата, гостите презентирајќи го развојот на иницијативата, преку успешните примери од изминатите 21 година постоење, како и плановите за развој и вклучување на нови земји во понатамошното организирање на овој спортски настан, упатија отворена покана, од годинава и Македонија да земе учество како во натпреварите во повеќе спортови, така и во логистиката на организирањето на спортските игри за млади.

Премиерот Заев и министерот Тевдовски за трендовите на реализацијата за буџетот за 2017: 2018 ќе биде добра година за економски раст и за развој на инвестициите

Реализацијата на севкупните приходи е зголемена во однос на 2016 година. Тоа покажува сериозно заздравување на економијата после политичката криза во Република Македонија. Нашето домашно стопанство, вклучително и компаниите со странски капитал, го препознаа моментот на излез од политичката криза, и дека се раздвижија економските активности.

Премиерот Заев до Папата Францис по повод Светскиот ден на мирот: Глобалната хуманитарна криза во 2018 година ќе се решава врз основа на Декларацијата за бегалци и мигранти на Обединетите Нации

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во одговорот до Неговата Светост Папата Францис истакнува дека „со особено внимание и чувство на загриженост, ја прифативме Вашата порака по повод 1 јануари, Светскиот ден на мирот, што оваа година ја посветувате на мигрантската криза во светот, на сите мигранти и бегалци, мажи и жени во потрага по мир“.

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на покојниот поранешен претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

Киро Глигоров беше избран за Претседател на Република Македонија на 27 јануари 1991 година и беше на функцијата до 19 ноември 1999 година.

Новогодишно обраќање на премиерот Заев: Обединети во 2018 да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава

Новогодишно обраќање на Претседателот на Владата на Република Македонија.

Премиерот Заев на средбата со коалиционите партнери: Со поддршка на коалицијата влегуваме во година на клучни одлуки на државата

Создадовме околности кои целосно го променија демократскиот амбиент во земјата, за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО, и од САД, и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата.

Премиерот Заев на средбата со децата од СОС детско село и од Детскиот дом „11 Октомври“: Државата ја презема улогата да застане во првата линија на заштита и на воспитување на децата без родителска грижа

Во рамките на средбата, во Владата на Република Македонија, за децата беше организирана соодветна програма и претстава со популарниот Петко и неговите пријатели од популарната телевизиска емисија. Гостите на премиерот имаа прилика да ја разгледаат зградата на владата и да се запознаат со нејзината работа.

Pages