Заев: Трите цели кои ги споделуваме и за кои имаме поддршка од ЕУ се квалитетно и применливо образование, еднакви можности и широк спектар на можности за вработување

Многу е важно да го свртиме вниманието на целните групи кон кои беше насочен овoj успешен проект: Човечките ресурси и човечкиот потенцијал, како најзначаен капитал на било кое општество, па така и на нашето.

Премиерот Зоран Заев на Конференција за образование во организација на УНИЦЕФ: Заедно ќе создадеме образовен систем, што понатаму само ќе се надоградува, наместо постојано да се менува

Новата Влада на Република Македонија е определена кон одржливи решенија во образовниот систем, во којшто досега многу се експериментираше, а најголема штета од тоа претрпеа децата, учениците, студентите, носителите на иднината на државата.

Заев: Со сите наши граѓани ќе бидеме први сојузници и заедно ќе ги надминуваме пречките - инклузијата не подразбира сожалување, ами заедништво и сојузништво

„Би сакал следната година да организираме заеднички настан со сите вас, токму во оваа сала, а јас уште денеска си ја земам обврската да бидам присутен“, им порача Премиерот Заев на своите гости.

Николовски: Предлог буџет за 2018 за враќање на достоинството на земјоделците

Во рамки на серијата прес-конференции посветени на образложување на Прелог Буџетот за 2018 година, денеска во Владата на Република Македонија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски одржа прес-конференција која беше посветена на Предлог Буџетот за 2018 година за секторот земјоделство.

Потпишување на договор за градежно земјиште помеѓу ДТИРЗ и Мурат Тиџарет

Денес во Владата на Република Македонија, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски и менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, Ејуп Ѓулсој потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.

Премиерот Заев на Националниот Форум на градоначалници и градоначалнички: Имаме политичка волја и да спроведеме максимален трансфер на надлежностите и финансиите од централно на локално ниво

„Слушајте ги луѓето и разговарајте со нив. Тоа е мојата прва и клучна порака, рече претседателот на Владата на РМ, потенцирајќи дека поради тоа првите луѓе на општините ја добиле довербата од граѓаните“, им пренесе на присутните на трибината премиерот Заев.

Спасовски: Буџетот за 2018 година најавува ефикасна јавна безбедност на граѓаните

Состојбата во полициските станици е загрижувачка. Полицајците работат во субстандардни услови кои негативно се одразуваат на нивното здравје. Токму затоа одвоени се 40.000.000, оо денари со кои во текот на следната година ќе бидат реконструирани и уредени полициските станици низ Република Македонија.

Премиерот Заев на Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Јадранската повелба и на Соединетите Американски Држави: Република Македонија е препознаена по позитивниот придонес во секој вид на иницијативи за поширока и подобра соработка

Очекуваме Република Македонија да биде 30-тата земја членка на алијанската и ќе работиме за таа цел, заедно со граѓаните!

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, оствари средба со в.д. Заменичката асистент секретар за одбрана на САД Лаура Купер

На средбата се истакна дека соработката на планот на одбраната и безбедноста меѓу САД и Република Македонија е силен сигнал за подготвеноста на Република Македонија да биде прифатена како полноправна членка на НАТО, која САД силно ја поддржува.

Премиерот Заев на средба со извршниот директор на Светска Банка, Франк Хемшкерк: Позитивните текови во земјата се видливи, Светска Банка стои на располагање за реализацијата на владините реформи

Претставувајќи ги приоритетните заложби на Владата, премиерот подвлече дека оваа Влада ќе ги искористи сите резерви и капацитети за да го зголеми БДП, да отвори повеќе работни места и да привлече повеќе капитални инвестиции во земјата.

Pages