Премиерот Заев по меѓувладината седница во Поградец: Потпишавме значајни документи за граѓаните на Македонија и Албанија, градиме иднина

Премиерот Заев констатираше дека Македонија и Албанија ги водат одговорни политички раководства, без предрасуди, носејки одлуки искрено, транспарентно и отворено, со цел подобрување на животот на граѓаните.

Заедничка седница на владите на Македонија и Албанија во Поградец, премиерите Заев и Рама оценија дека е отворено ново поглавје во билатералните односи

Воведното обраќање на премиерот Зоран Заев на заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Албанија.

Препораки на Интервентната акциска група за итните мерки против загадувањето на воздухот

Интервентната акциска група разовараше за итните мерки и активности кои произлеуваат од одлуката на 40-тата седница на владата, и од уредбата за намалување на граничните вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции, која е донесена на 42-та седница на владата, и која стапува на сила денеска.

Премиерот Заев со претставници на Сенатот на Република Италија: Jа поздравуваме континуираната поддршка на Италија за Македонија и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Особено значајни се контактите и соработката меѓу Собранието на Република Македонија и двата дома на италијанскиот парламент, на прашања поврзани со аспирациите на нашата земја за членство во НАТО и ЕУ, беше нагласено на оваа средба.

Владите на Република Македонија и Република Албанија ќе ја одржат првата заедничка седница во Поградец

На заедничката меѓувладина седница ќе се разговара на повеќе теми за унапредување на билатералната соработка во областа на инфраструктурно поврзување, изградба на Коридорот 8, олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и зајакнување на соработката во областа на безбедноста.

Премиерот Заев и Заменик претседателката на Бугарија Јотова: Македонија и Бугарија ќе докажат дека членството на земјите од Западен Балкан е од придобивка и за ЕУ

Премиерот Заев рече дека наредната, 2018 година, е особено значајна на тој план за Република Македонија. Тој нагласи дека земјите на ЕУ го препознаа новиот пристап на актуелната владина гарнитура на земјата во однос на остварување на стандардите кои се од посебно значење во процесот на пристапување на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Премиерот Заев: Владата заедно со општините ги решава проблемите на комуналните претпријатија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на работна средба со генералните директори на комунални претпријатија во организација на Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ.

Прес-конференција на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу: Буџет за поттикнување рамномерен регионален развој и намалување на непродуктивните трошоци

Средствата за проекти за рамномерен регионален развој за 2018 година, само во буџетот на Министерството за локална самоуправа се зголемени за над 60 проценти, од 131 милион на 211 милиони денари, или за 80 милиони денари повеќе во однос на буџетот за 2017 година.

Премиерот Заев на средбата со Синдикатот на МЖ Транспорт: Ги разгледуваме можностите за трајно и системско решение на проблемите во Македонски железници

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со претставници на Синдикална организација на вработените на подружница влеча на возови во МЖ Транспорт, предводени од претседателот на синдикатот, Ѓоко Илиевски.

Предлог Законот за енергетика во прилог на македонските граѓани

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека станува збор за предлог закон, кој е резултат на повеќедецениско европско искуство во енергетиката и ќе спречи да се прават грешки кои се правеле во минатото, а дека ќе овозможи енергетското живеење во Македонија да се доведе во рамки кои се најдобрите европски пракси.

Pages