Средба на премиерот Заев со високи претставници на Европската Инвестициска Банка: Поддршка за развој на малите и средни претпријатија и за заштита на животната средина

Владата на Република Македонија е силно фокусирана да обезбеди здрава и чиста животна средина за граѓаните на Македонија. На државата и се потребни капитални инвестиции што можат значително да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Премиерот Заев по средбата со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица: Владата ќе биде покровител на прославата на 70-годишниот јубилеј на Сојузот и ќе помага за решавање на проблемите

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија, Васко Марков. На средбата присуствуваше и посебниот советник на премиерот од областа на здравството, д-р Венко Филипче.

Заев: Владеење на правото мора да има, очекувам да се почитуваат законите и Уставот

Јас очекувам апсолутно да се почитува Уставот, законите во Република Македонија. Да се води грижа комплетно за она што го пропишуваат правните норми во нашата земја. И ништо повеќе и ништо помалку.

Премиерот Заев и министерот Спасовски остварија средба со Националното здружение на автошколи и возачи-инструктори „Обука-Л“

Претставниците од здружението ги информираа премиерот и министерот со проблемите со кои се соочуваат во својата работа, посочувајќи дека суштински потребно е донесување на новото предлог-законско решение на Законот за безбедност во сообраќајот.

Премиерот Заев ќе престојува во дводневна посета на Брисел, на средби со врвот на ЕУ

Во рамки на посетата, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе присуствува на Европскиот молитвен појадок, на покана на европратеникот Алојз Петерле.

Брифинг со новинарите во Владата на РМ: Односи со јавноста заради транспарентност, а не заради пропаганда

Системот за комуникации на владата сега чини сериозно помалку заради тоа што Владата се откажа од трошење пари за пропаганда и за контрола на медиуми. Целокупниот делокруг на работа се спроведува со внатрешни капацитети, без да се трошат дополнителни пари за надворешни ресурси.

Средба на премиерот Заев со високи претставници на швајцарскиот Центар за безбедност, развој и владеење на правото: Поддршка на реформските процеси во безбедносниот сектор, според најдобри пракси од земји членки на ЕУ

На средбата се разговараше за можностите за формализирање на соработката со Центарот за безбедност, развој и владеење на правото, DCAF, во делот на истражувања и експертизи за реформските процеси во безбедносниот сектор во Република Македонија, според најдобри пракси од земји членки на ЕУ.

Владата на Република Македонија ја одржа 40-тата седница

Владата ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот. Со предложените измени, цените на услугите на Агенција за катастар на недвижности за различни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто.

Премиерот Заев: Македонија добива поддршка од Унгарија за евроатлантските интеграции на нашата земја

Премиерот Заев се заблагодари во име на Владата на РМ за поддршката на Унгарија во обезбедувањето на нашата јужна граница со Грција во однос на мигрантската криза со која се соочува ЕУ.

Премиерот Заев: Помошта од Народна Република Кина е од историско значење за инфраструктурната модернизација на земјата

На средбата двајцата премиери ги разгледаа проектите од регионално значење за Коридорот 10 и се согласија за негова имплементација и реализација во најбрз рок.

Pages