Министерот Попоски во Брисел се сретна со еврокомесарот Кристалина Георгиева

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска, во рамки на посетата на европските институции во Брисел, се сретна со Кристалина Георгиева, еврокомесар за меѓународна соработка, хуманитарна помош и кризен менаџмент.

Средба на амбасадорот Пол Волерс со министерот Иво Ивановски

Американскиот амбасадор Пол Волерс попладнево го посети Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и со министерот Иво Ивановски разговарал за досегашната соработка, која успешно се реализира, пред се, преку проектите поддржани од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

СЕП: Донираните кинески училишни автобуси се безбедни

Училишните автобуси што Република Македонија минатата недела ги доби од Кина се безбедни и се изработени според европски стандарди, информираа денеска во Секретаријатот за европски прашања, демантирајќи ја веста што некои кинески медиуми и блогери ја објавија, а ја пренесоа неколку светски агенции дека донираните автобуси се небезбедни и наводно „нашминкани и обични, а не училишни“.

Владина делегација предводена од премиерот Груевски во посета на Сингапур и Јапонија

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од претседателот на Владата, г-дин Никола Груевски, во чиј состав се заменик на претседателот на Владата и министер за финансии, г-дин Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции, г-дин Бил Павлески ...

Кралев: Доколку учебниците се користат шест години не значи дека нема тековно да се обновуваат

Самиот факт што условно кажано го продолжуваме рокот за користење на бесплатните учебници во основно и средно образование од три на шест години, не значи дека нема тековно да се обновуваат сите учебници.

Стартува проектот „Мој термин“ за електронско закажување прегледи во ЈЗУ

Од 1 декември стартува примената на веб апликацијата наречена „Мој термин“ за електронско објавување и следење на листите на закажување прегледи во здравствените установи. Системот ќе се применува како пилот проект во Клиника за радиологија, Градската општа болница „8 Септември“ и Хирушката клиника „Св.Наум Охридски“ во Скопје, каде што има подолги периоди на чекање за одредено снимање или интервенција.

Министерот Ристовски со првите луѓе на пензиските друштва разговараше за унапредување на работата во оваа сфера

Разгледување на можностите за отворање нови сфери во кои би можеле да инвестираат пензиските друштва, како и намалувањето на надоместоците што ги наплаќаат, се теми на кои на денешната средба разговараа министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски со првите луѓе на КБ Прво пензиско друштво и НЛБ Нов пензиски фонд, Јанко Тренковски и Давор Вукадиновиќ.