Македонските и црногорските граѓани наскоро со лични карти ќе ги минуваат границите на двете земји

Македонските и црногорските граѓани наскоро ќе имаат можност државните граници на двете земји да ги минуваат само со лични карти, е еден од заклучоците од билатералната средба на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со нејзиниот црногорски колега Иван Брајовиќ одржана на маргините од конференцијата на министри за внатрешни работи на земјите од т.н. „Салцбургшки Форум“ што се одржува во Софија, Бугарија.

Во Вашингтон одржана културна манифестација „Благодарност од македонскиот до американскиот народ 2011“

Во свечениот амфитеатар на Центарот Роналд Реган во Вашингтон во понеделникот беше одржана третата по ред културна манифестација „Благодарност од македонскиот до американскиот народ 2011“, со која оваа година беше одбележана и 20-годишнината од независноста на Република Македонија во главниот град на САД.

Поддршка од Владата за инфраструктурните проекти што ги иницираат хотелиерите и туристичките агенции

Реализирање повеќе инфраструктурни проекти и градење прифатни центри на граничните премини, се само дел од активностите што ќе сепреземат во наредниот период со цел унапредување на туризмот во Македонија.

Јанкулоска: Визната либерализација е една од клучните придобивки од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

На работната сесија посветена на Шенгенскиот договор и визната либерализација, Јанкулоска ги нотираше сите досегашни мерки и активности што македонските институции ги превземаа во правец на превенирање на злоупотребата на визната либерализација. Нагласувајќи дека визната либерализација е една од клучните продобивки од процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ...

Министерот Јанакиески се сретна со американскиот амбасадор Волерс

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска се сретна со амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс.

Центар доби мониторинг станица за мерење на квалитетот на амбиентниот воздух

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, в.д. шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Роберт Лидл и градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ денеска ја пуштија во употреба мониторинг станица за квалитетот на амбиентниот воздух во Центар.

Министерот Тодоров го затвори Невролошкото одделение во штипската Клиничка болница

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го затвори Невролошкото одделение во Клиничката болница во Штип.
Тодоров по направената обиколка на Невролошкото одделение и по разговорот со лекарите и медицинскиот персонал истакна дека оваа одлука ја донел поради катастрофално лошите услови за нега на пациентите кои ги има на ова одделение.

Министерот Ивановски на министерска конференција за е-Влада во Познањ

Македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски од денеска ќе престојува во официјална посета на Познањ, Полска, при што ќе учествува на министерска конференција за е-Влада.

Во изработка Национална стратегија за поефикасна заштита од дискриминација

Подобрување на статусот на најранливите категории на граѓани во општеството и обезбедување континуиран развој во заштитата од дискриминација и унапредување на еднаквоста има за цел Национална стратегија за еднаквост и дискриминација, која ја изготвува Министерството за труд и социјална политика.

Oд седницата на Владата одржана на 15.11.2011 година

Владата на Република Македонија на вчерашната редовна седница расправаше за информации, предлози за законски измени и одлуки поврзани со реформските процеси во повеќе области. Во делот на реформата на јавната администрација, Владата на вчерашната седница ја разгледуваше информацијата за воведување на систем на управување заснован на компетенции во државната служба во Република Македонија, базиран на моделот кој што се применува во Велика Британија, при што беше заклучено во наредниот период Министерство за информатичко општество и администрација да пристапи кон подготовка на оперативен план за транспонирање и адаптирање на најдобрите практики од овој модел во процесот на реформа на јавната администрација во Република Македонија.

Pages