Правда и безбедност

Владеењето на правото како основен темел на функционирањето на демократското општество претставува еден од основните критериуми за интегрирање на Македонија во НАТО и Европската Унија. Заживувањето на овој принцип има посебна важност во функционирањето на демократското општество. Развиен систем кого го карактеризираат независноста, ефикасноста и квалитетот претставува наша заложба за степенот на демократија, кој ќе ги гарантира правата и слободите на човекот и на другите правни субјекти, како и целосна правна сигурност.
Реформата на судството во функција на зголемувањето на неговата ефикасност и функционирањето на правото, е врвен приоритет на Владата на Република Македонија. Тоа ќе се постигне преку имплементација на реформите кои се однесуваат на изборот на судиите, системот на кариера, следење и оценување на работата, како и разрешување и утврдување на дисциплинската одговорност врз основа на објективни и мерливи критериуми.
Ефикасно и транспарентно судство
Во насока на зајакнување на независноста и ефикасноста на судството, ќе се унапреди постапката за изготвување и менаџирање на судскиот буџет, кој постепено ќе се зголемува секоја година до ниво од 0,8% од БДП до 2015 година.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка, се создадоа услови за зајакнување на правната сигурност, како и намалување на времетраењето на постапките и зголемување на ефикасноста на судовите. Овие измени стапуваат во сила на 9.09.2011.
Со Законот за вештачење се пропишуваат критериуми за вршење на вештачења од страна на високопрофесионални и стручни субјекти, преку исполнување на пропишаните услови и полагање на стручен испит, како и издавање на лиценци за работа, со што се гарантира квалитетно извршување на вештачењето.
Преку користење на автоматизиран компјутерски систем, почитување на законските рокови за преземање на процесните дејствија, за донесување, изготвување и објавување на судските одлуки, ќе се унапреди управувањето со движењето на предметите во судовите во Република Македонија, ќе се спречи застојот во движењето на судските предмети и создавање на заостаток на нерешени судски предмети.
Преку Кодификација на граѓанското право на Република Македонија и изготвувањето на Граѓански законик ќе се доизгради и стабилизира граѓанско-правната материја како еден од носечките столбови на правниот систем и поредокот во државата, што ќе придонесе во натамошното јакнење на правната сигурност на учесниците во правниот промет.
Во наредниот четиригодишен период ќе се унапреди процесот на давање на бесплатна правна помош на социјално ранливите категории на граѓани, со цел еднаков пристап до институциите заради остварување на ефективна правна помош согласно начелото за еднаков пристап до правдата.
Реформа на казненото право
Во следниот период се планираат следните активности:
- Изготвување на повеќегодишен Стратешки план за утврдување на потребниот број на судии и јавни обвинители (2011), по што ќе се пристапи кон зголемување на бројот на јавни обвинители, како и бројот на советници, информатичари и технички персона (2011-2015)
- завршување на изградбата на новата зграда за Јавното обвинителство во која ќе бидат сместени Јавното обвинителство на Република Македонија, Вишото јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје (2012)
- опремување на просториите на јавните обвинителства (2014).
- во рамките на Проектот на Светската банка, ќе се продолжи со активностите за реновирање на судската зграда и опремување на Основниот суд во Битола (2012)
- ќе се заврши изградбата на новата судска зграда -Кривичен суд во Скопје (2012).
- усогласување на ЗКП со релевантните закони и донесување на Закон за јавнообвинителска служба (декември 2012)
Во периодот 2011-2015 ќе продолжат активностите за изградба, реконструкција и опремување на следните казнено-поправните и воспитно-поправните установи:
- Казнено-поправен дом – Идризово, изградба на нови објекти со површина од 43.000м2, и зголемување на вкупниот капацитет од 900 на 1.510 места (декември 2013);
- Затвор Скопје, реконструирање на постоечките и изградба на нови објекти и зголемување на вкупниот капацитет од 477 на 634 места (2015);
- Воспитно-поправен дом Тетово, изградба на нов комплекс со површина од 2.640м2 и капацитет од 84 места (2015);
- Затвор Куманово, завршување на изградба на објекти со површина од 5.500м2 и капацитет од 250 лица (2012);
- Одделение – стационар за осудени лица, во рамките на Болницата за нервни и душевни болести „Бардовци“ и обезбедување на потребни услови за соодветен психијатриски третман на осудениците и притворениците со ментални здравствени проблеми (2011-2014);
- Реновирање на петтото крило во затворениот дел на Казнено поправниот дом Идризово и дел од објектот на Затворот Битола (декември 2012).
Човекови права
Владата ќе ја продолжи соработката со Европскиот суд за човекови права преку унапредување на правната рамка, спроведување на пресудите на судот во случаите во кои Република Македонија се јавува како тужена страна, како и превод на одлуките на Европскиот суд за човекови права на македонски јазик и нивно објавување на Web страната. Во наредниот четиригодишен период се предвидува одржување на денови на бесплатен правен совет од областа на медијацијата, извршувањето, нотаријатот и адвокатура.
Македонија без корупција и криминал Јакнењето на правната држава и промоција на системот на владење на правото што во фокусот го има почитувањето на човековите слободи и права е приоритет на Владата на Република Македонија.
Во новиот мандат ќе продолжиме со неселективна примена на законите и почитување на стандардите според кои граѓанинот и неговите интереси се на прво место. Ќе продолжиме да инвестираме во зајакнувањето на мерките за доверба на тој начин што секој граѓанин, независно од етничките, јазичните и културните разлики, со законот и од страна на институциите ќе се третира на еднаков начин. Свесни сме дека целосното реформирање на државата претставува голем предизвик. Многуте девијантни појави, кои се карактеристични за државите во развој, но и наследени од претходниот систем, остануваат приутни и во денешно време. Токму затоа ние сме решени во текот на идниот мандат да продолжиме со нашата посветеност во бескомпромисната борба со организираниот криминал, корупцијата и нелегалната трговија.
Во таа насока:
- ќе се реализираат препораките на ГРЕКО за Република Македонија од третиот круг на евалуација,
- донесување на Закон за измени и дополнувања на Законот за финансирање на политичките партии согласно препораките на ГРЕКО и ОДИХР.
- донесување на нова Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и нова Државна програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со акциски планови за нивна имплементација согласно препораките од извештајот на Европската Комисија.
- кривичните дела Поткуп и Противзаконито посредување, соодветно ќе се третираат согласно Кривичната конвенција за корупција на Совет на Европа и нејзиниот Дополнителен протокол, како и согласно измените и дополнувањата на Кривичниот законик од април 2011 година.
- Со проектот Национална база за разузнавачки податоци ќе се воспостави систем за рано предупредување, подобра координација и автоматска размена на податоци во реално време меѓу надлежните институции за корупција, финансиски криминал и финансирање на тероризам (декември 2012).
- ќе се формира База на фалсификувани банкноти со можност за размена на информации со слични бази од други земји (јиули 2012)
- ќе се формираат единици задолжени за криминалистичко разузнавање (декември 2012)
Создавање на модерна, реформирана, европска полиција во служба на граѓаните е приоритет на Владата на Република Македонија. Во таа насока;
- секој вработен во МВР ќе дава отчет за имотната состојба, а промените во имотната состојба на вработените во МВР ќе се контролираат по случаен избор на лица.
- во рамките на проектот „Отворен ден“ граѓаните ќе можат да го посетат Секторот за внатрешна контрола и профосионални стандарди во МВР, да се запознаат со нивните права и ингеренциите на полицијата и да дадат предлози за подобро работење на МВР (2011-континуирано).
- ќе се воспостави регистар на лица осудувани за сексуална злоупотреба на деца со што граѓаните ќе добијат можност да се информираат за постоење на лица во нивното соседство кои биле осудени за овој вид на криминал (2012).
- Во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во средните училишта ќе се организираат часови за запознавање со основите на сообраќајната култура за заинтересираните средношколци-идни возачи (март 2012)
- Проект: Возачка дозвола на 16 години. Се предвидува на младите луѓе со наполнети 16 години возраст да им се овозможи да стекнат право да полагаат за возачка дозвола од Б категорија, со можност да управуваат со моторно возило во границите на општината во која живеат, а бројот на задолжителни часови за практична обука за управување со моторно возило да се зголеми за 30% (2012).
- Проект: „Електронска лична карта‘‘ – согласно европските практики, ќе се воведат електронски лични карти со повеќекратна намена за потребите на МВР, но и можност за користење на истата за електронските услуги на другите државни институции (декември 2013)
- Проект: „Спортот и насилството не одат заедно‘‘, со кој во соработка со спортските федерации, клубови и навивачки групи ќе се донесе нов Закон за спречување на насилство и недолично однесување на спортските натпревари (јули 2012);
- Формирање на Регистар на лица кои го нарушуваат јавниот ред и мир на спортските натпревари (јули 2012);
- Проект: „Полицијата и учениците се дружат‘‘, со кој во насока на намалување на насилството и поголема безбедност на децата, за секое училиште ќе се назначи одговорен полициски службеник со кого учениците, наставниот и раководниот кадар ќе имаат директен контакт (септември 2011);
- Прoект: „Секаде безбедни‘‘, по завршување на проектот „Безбеден град“ ќе се овозможи 24 часовен безбедносен видео-надзор во најфреквентните делови на Скопје, Kуманово и Тетово (јуни 2012)
- Проект: „Дигитална полиција‘‘, со кој ќе се овозможи раководење и командување со најсложените полициски операции на специјалните единици од централен команден центар, во кој старешинскиот кадар ќе има дигитална проекција за моменталната состојбата на терен (декември 2012);
- Проект: „Тетра‘‘, со кој ќе се постигне 100% покриеност на територијата со дигитален радио сигнал за потребите на полицијата и потенцијал за приклучување на други институции, по спроведување на втората и третата фаза (2012-2015).
- преку потпишување на договори за меѓународна размена, врз основа на реципроцитет, ќе се овозможи престој на полициски службеници од Македонија во соседните земји и земјите каде во одредени периоди (годишни одмори, празници итн.) престојуваат поголем број на македонски државјани;
- ќе се воведе систем за информациска безбедност кој опфаќа подигнување на степенот на физичка заштита, непрекинато напојување со електрична енергија, противпожарна заштита, издвојување на мрежата за користење интернет и регулирање на пристапот до класифицирани информации (октомври 2014).
- со миграција и обновување на старите бази на податоци на МВР ќе се направи поврзување со базите на податоци на другите институции (јули 2013)
- модернизирање на веб страницата на МВР за да се овозможи директна комуникација со инспекторите за рифат, превенција, командирите и одговорните во станиците
- кратење на процедурите за добивање документи преку: овозможување на безготовинско плаќање на трошоците во управните служби и поврзување на веб страницата на МВР со call центарот со можност за електронско закажување на термин за вадење документи и проверка дали документите се изготвени
- зајакнувања на постојната мрежа со оптички кабли со што ќе се поврзат главните центри и ќе се постават нови безжични линкови на недостапните места од зелениот граничен појас заради подобрување на квалитетот врските и протокот на информации (2015)
Гранично управување
Во делот на граничното упаравување, Владата на Република Македонија предвидува формирање на мобилна единица на граничната полиција задолжена за илегална миграција (2011). Во делот на изградба и реконструкција се предвидува модернизација на Граничната полиција и инвестиции во материјално-техничко опремување со високософистицирани средства за надзор на границата и усвојување нови оперативни процедури и координација со соседните служби за заедничкото покривање на граничната линија. Исто така, се предвидува изградба на нов објект за Езерската полиција во Охрид и реновирање на полициските станици за обезбедување на државната граница: Попова Шапка, Лабуништа, Чашка, Гошинце, Франгово, Стење, Стрезимир и Џепиште.
Со Проектот „Отворен регион‘‘ во периодот 2011-2015 година ќе се овозможи поголема мобилност и подобра комуникација на македонските државјани со нивните блиски кои живеат во соседните држави, посебно во пограничните региони преку:
- склучување договори за патување со лични карти или други документи кои би го олесниле патувањето во пограничните региони - отварање заеднички контакт центри по примерот на центарот со Бугарија и преминување кон системот на едно застанување
- отворање на Заеднички гранични премини за локален сообраќај (со Бугарија „Клепало“, со Србија Огут-Требениште, Голеш-Црцорија и Лојане-Миратовац, со Косово Белановце-Станчиќ и Танушевци-Дебалде, со Албанија Џепиште – Требиште)
Одбрана и сигурност
Владата на Република Македонија во периодот 2011-2015 година ќе продолжи со изградбата на модерен и професионален одбранбен систем во функција на одбрана и заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија, интеграција во политичката, воена и одбранбена структура на НАТО, континуиран придонес во меѓународните операции и мисии на ООН, НАТО и ЕУ и заштита на пошироките интереси на Република Македонија (кризен менаџмент, соработка и помош на цивилно население).
- Во 2012 на армискиот полигон Криволак ќе се продолжи со изградба на различни предвидени содржини со што значително ќе се подобат условите за обука на овој полигон и за негова употреба од страна на АРМ, но и од старна на повеќе други армии (2012).
- Изградба на Регионален центар за обука во зимски услови на Попова Шапка, со сместувачки капацитети и рекреативни содржини наменети за обука за припадниците на АРМ и достапни за граѓаните (2013).
- Продолжување со Проектот “Центар за обука на пилоти” со кој преку квалитетен едукативен процес, ќе се создавае пилотски кадар за потребите на државата, но проектот е и со меѓународно значење и со него Република Македонија ќе прерасне во лидер во регионот од оваа област (прием на првите кадети во октомври 2011);
- Ќе продолжи да се имплементира системот - софтвер за персонален менаџмент и целосно ќе се имплементира Документ менаџмен системот за работа со класифицирани и некласифицирани податоци, во насока на зголемување на степенот на ефикасноста при работењето на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата (2012).
- Во соработка со САД ќе се воведе Логистички – информатички систем (ЛИС) и Географско-комуникациски информатички систем (ГКИС) (2012).
- Развивањето на капацитетот на Воената академија “Генерал Михаило Апостолски”, во функција на развој на системот за образование и обука во Министерството за одбрана и АРМ (2011-2015).
- Проект “АРМ мој вистински дом”, за изградба на станови и куќи за припадниците на армијата (2012-2015);
- Проект “Aктивна резерва”, за пополнување на резервниот состав на АРМ, со поранешните професионални војници на кои им завршува службата во АРМ со навршување на законски предвидената старосна граница од 38 години (2012- континуирано);
- Проект “Лепеза”, со кој во соработка помеѓу државните институции и приватните компании ќе се поддржи враќањето во цивилен живот на професионалните војници на кои им завршува службата во АРМ, што меѓудругото подразбира и поддршка за самовработување, вработување и отпочнување на сопствен бизнис (2012-континуирано);
- Инвестиции во капацитетите за рекреација на припадниците на армијата, нивните семејства и останатите граѓани (изградба на бунгалови во комплексот Св. наум и реновирање на објектите во Крушино) (2012-2014).
- Проект “Старите касарни за нов развој‘‘, со кој ќе се продолжи со отстапување на касарни или делови од касарни и други недвижности (38 караули, магацински групи, деловни простории и сл), на општините (Аеродором, Велес, Карпош, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп по завршувањето на процесот на урбанизација од страна на наведените ЕЛС, а Охрид, битола, Струмица и Куманово до крајот на 2011).
- Ќе се задржат старите, но ќе се воведат и нови свечени гардиски униформи
- Воведување „Воен омбудсман” кој ќе врши контрола за доследна примена на постоечката законска регулатива во доменот на заштитата и регулирање на правата на вработените во АРМ и МО, односно обезбедување на правна помош на вработените во АРМ и МО, во насока на почитување на начелата и практиките на добро владеење.
- Ќе се исчистат крајбрежните појаси на вештачките езера во Македонија по примерот на чистењето на Преспанското езеро
- Продолжување на активностите за отворени денови со единиците на АРМ, активности со припадниците на Гардата и Воениот оркестар.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Вицепремиерот Пешевски ги презентира македонските искуства за ЈПП на светската конференција во Женева
Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет
Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата
НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер
Премиерот Груевски во официјална посета на Германија
Турскиот премиер Ердоган, домаќин на премиерот Груевски
Економска промоција на Македонија во Турција
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото