Социјална политика

Остварувањето на одржлив економски раэвој е можно само преку добра социјална заштита на најповредливите слоеви на населението. Економскиот раэвој и социјалната правда се суштински эа подобрување на стандардот на македонските граѓани.

Вработување и пазар на труд Во наредниот период се предвидува донесување на Национална стратегија за вработување 2011- 2015 во која политиките на пазарот на трудот ќе ги следат насоките дефинирани во Европската економска стратегија – „Европа 2020“. Исто така, предвидено е усвојување на оперативни документи за имплементација на истата со конкретни мерки за намалување на структурната невработеност, развој на квалификувана работна сила која одговара на потребите на пазарот на трудот, прилагодување на системот на стручното образование и обука според потребите на пазарот на трудот дополнето со ефикасни поттици за доживотно учење, унапредување на социјалната инклузија, борба против сиромаштијата и сивата економија. Во наредниот четиригодишен период ќе се спроведе:

  • Програма за допонителни вработувања со грант од 1.500 евра за секое нововработено лице, односно вкупно 450 дополнителни вработувања за период 2011-2015 година во фирмите кои се регистрирани со мерките за самовработување и формализација;
  • Програма за подготовка за вработување преку обуки, преквалификации или доквалификации на невработени лица заради стекнување на знаења и вештини, со цел зголемување на нивните капацитети;
  • Програма за обука за одделни занимања кои се дефицитарни на пазарот на трудот според анализата за пазарот на трудот од претходна година. Во 2011 ќе се спроведе пилот-програма за 800 млади лица за потребите на текстилната индустрија;
  • Програма за мобилност на работна сила во рамките на државата за високообразовани лица како приоритени но и лица со друга наобразба до 34 години кои ќе се вработат над 60 км од местото на живеење со финансиска подршка на истите од 3000 евра (освен во Скопје и јавните институции)
  • Проект: „1.000 дополнителни вработувања со кредит во бизнисите кои се отпочнати со мерката самовработување (кредит или грант). Притоа, секое ново вработување ќе биде кредитирано со средства во износ од 3.000 евра во период од 4 години, грејс период од 1 година и период на отплата од 3 години, со 1% каматна стапка‘‘;
  • Проект: „Самовработување на 3750 лица‘‘ со кредит од 3.000 евра, а за лицата кои се стечајни работници 4.000 евра. Рок на враќање е 4 години, со 1 година грејс период и 1% каматна стапка;
  • Проект: „Формализирање на 1.250 неформални бизниси‘‘. Ќе продолжиме со поддршката од 3.000 евра за работно место за формализација на неформалните бизниси, во функција на намалување на сивата економија
  • Проект: „3750 самовработувања од идеја до бизнис со грант од 3.000 евра‘‘. Проектот е наменет за самовработување на млади лица до 27 години, жени-жртви на семејно насилство, невработени жени, професионални војници на кои им завршила службата во АРМ итн;
  • Проект: Практиканство како поддршка за прво вработување на дополнителни 1.200 млади лица до 27 години, за што е предвиден месечен надоместок во висина од 5.000 денари, за период од 3 месеци;
  • Субвенционирање на вработување на 150 деца без родители во 2011-2015 година, со месечна финансиска поддршка во износ од 15.000 денари за период од 6 месеци со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  • Субвенционирање на вработување на 400 самохрани родители, со месечна финансиска поддршка во износ од 15.000 денари за период од 6 месеци со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  • Субвенционирање на вработување на 600 постари лица од 55-62 години, со месечна финансиска поддршка во износ од 15.000 денари за период од 6 месеци со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  • Субвенционирање на вработување на професионални војници на кои им престанала службата во АРМ, со месечна финансиска поддршка во износ од 15.000 денари за период од 6 месеци со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  • Субвенционирање на вработување на 120 лица жртви на семејно насилство, со месечна финансиска поддршка во износ од 15.000 денари за период од 6 месеци со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  • Субвенционирање на вработување на 800 инвалидни лица со поддршка во износ од 20 просечни плати, односно 40 просечни плати за попотполно слепи лица и лица со телесен инвалидитет на кои за движење им е потребна инвалидска количка.
  • Отварање на YES инкубатори за зголемување на капацитетите на невработените лица во соработка со USAID во шест центри за вработување Радовиш, Струмица, Битола, Прилеп,Тетово и Гостивар (септември 2011);
  • Модернизација на Агенција за вработување на Република Македонија и отварање на дополнителни канцеларии на во Македонска Каменица, Пехчево, Лозово, Демир Капија и во Ростуше (2013);
  • Воведување на биометричка технологија за регистрација на невработените лица (септември 2013)
  • Создавање на база на податоци за квалитетно, професионално и ажурно следење на работодавачите и работниците од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа, со цел намалување на бројот на трудовите инвалиди, тешките повреди и повредите со смртни последици (2012)

Достоинствен живот на пензионерите и социјално партнерство

Грижата и заштитата на пензионерите и спроведувањето на мерки кои ќе овозможат достоинствен, стабилен и посреќен живот за македонските пензионери е врвен приоритет на Владата за наредниот четиригодишен период. Владата на Република Македонија ќе продолжи со принципот на исплатата на пензиите секоја прва седмица од месецот истовремено за сите корисници на пензија и усогласување на пензиите два пати годишно, на 1 јануари и 1 јули, со порастот на трошоците эа живот во претходниот период, за да се эачува нивната реална вредност и да се эаштити стандардот на пенэионерите. Во наредниот четиригодишен период ќе се спроведат следните проекти:

  • Бањско климатска рекреација на пензионери за вкупно 40.000 македонски пенэионери во периодот 2012-2015;
  • Пензија за земјоделците, со кој ќе се даде можност за докуп на 5 години стаж на земјоделците кои поради престанок на членот 203 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување не можат да го обезбедат минималниот стаж за пензија;
  • Комплетна автоматизација на процедурите во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за остварување на правата и исплата на пензиите;
  • Обезбедување на социјално осигурување на македонски граѓани кои работат и живеат во странство, преку склучување на договори со Италија, Црна Гора, Албанија и други европски држави.

Владата на Република Македонија во наредниот четиригодишен период целосно ќе се посвети на реализација на стратешките определби за достоинствен живот на сите граѓани на Република Македонија преку:

  • Формирање на патролни тимови на социјални служби заради обезбедување на побрз и полесен пристап на ранливите групи на пазарот на труд, со цел нивна целосна интеграција;
  • Лиценцирање на професионалните структури во системот на социјална заштита, со крајна цел унапредување на квалитетот на стручната работа;
  • Континуирано спроведување на Проектот эа эаштита од Енергетска сиромаштија, преку субвенционирање на дел од потрошувачката на енергија (600 денари месечно, при што овој износ ќе се усогласува секоја година со порастот на трошоците на живот од претходната година);
  • Отварање на 12 народни кујни за стари и изнемоштени лица во руралните средини: Црник (2011), Конче (2011), Старо Нагоричане (2011), Василево (2012), Градско (2012), Карбинци (2012), Центар Жупа (2013), Чешиново (2013), Ранковце (2014), Облешево (2014), Зрновци (2015) и Другово (2015);
  • Отварање на пет регионални Домови за сместување на стари лица со капацитет од 50-100 корисници по пат на јавно приватно партнерство во општините: Пехчево (2012), Демир Капија (2013), Кавадарци (2013), Бутел (2014) и Тетово (2015);
  • Отварање на четири Дневни центри и клубови за стари и возрасни лица (два во Скопје-Илинден и Гази Баба (2012), во Неготино (2013) и Вевчани (2014);
  • Отварање на Центри за давање на помош во домашни услови на изнемоштени стари и други возрасни лица во општините Гази Баба (2011), Чаир (2012), град Скопје (2011), Карпош (2012), Велес (2013) и Тетово (2014);
  • Операционализација на мерките и активностите од Национална стратегија за заштита на стари лица (2010-2020) со посебен акцент за отворање на социјални сервиси на локално ниво во соработка со Општините и граѓанските организации.

Заштита на инвалидни лица

  • За самохраните родители кои што имаат деца со пречки во развојот или физички хендикеп, во наредниот период ќе се зголеми финансиската помош која ја добиваат од државата, со цел тие средства да бидат доволни за покривање на сите животни потреби во семејството и овозможување на целосна посветеност на родителот на потребите на своето дете (2012-континуирано)
  • Парична помош во износ од 7.000 денари месечно за граѓаните кои имаат оштетување на видот над 98 отсто и оние кои што имаат 100 отсто телесна попречност (јули 2012);
  • Отварање Дневни центри за деца со посебни потреби на територијата на Струмица (2011), Кратово (2012), Скопје (2013), Валандово и Липково (2014) и Кочани (2015);
  • Отворање на Дневен центар за деца со аутизам (2013);
  • Воспоставување Дневник на знаковен јазик со помош на МРТВ (континуирано);
  • Изградба на пристапни рампи во јавни објекти за лицата со инвалидност, лифтови и подвижни платформи (континуирано);
  • Ратификување на Конвенцијата на ООН за хендикепирани лица;
  • Отварање на нови стамбени заедници и деинституционализирање на корисниците од ЈУ Специјален завод Демир Капија во Скопје, Неготино, Кавадарци и Велес (континуирано).

Грижа и заштита на деца и заштита на деца без родители и родителска грижа

Во наредниот четиригодишен период:

  • Ќе се доврши изградбата на детските градинки во Аеродром, Липково, Сарај и Илинден, а во соработка со локалната власт со моделот на ЈПП ќе се изградат детски градинки и во други општини (2011-2015)
  • Ќе се зголеми фондот за набавка на логички игри и сложувалки за градинките во целата земја (2012-2015)
  • Ќе продолжи проектот за Условени парични трансфер со кој се доделуваат 1.000 денари неповратна финансиска помош секој месец на економски ранливите социјални групи, под услов редовно да ги испраќаат децата на училиште.
  • Отварање на советувалишта за: родители и деца, деца во ризик, работа со жртви на семејно насилство, превенција од дрога кај млади лица, работа со насилници заради прекинување на кругот на насилство
  • Отворање на Транзитен центар за 24 часовно сместување на деца на улица и отварање на Дневни центри за деца на улица во Прилеп и Охрид (декември 2013).
  • Утврдување на право на породилно отсуство за таткото или посвоителот на детето од 1 месец веднаш по раѓањето на детето (јануари 2014).

Грижата за децата без родители, покрај субвенционирањето на нивното вработување, ќе се спроведува и преку:

  • Ќе се продолжи со овозможувањето подобра интеграција на децата без родители и родителска грижа во социјалната средина со обезбедување 3.000 евра финансиска поддршка по напуштањето на домот;
  • Континуирано решавање на нивното станбеното прашање и доделување на нови 120 куќи или станови по напуштањето на Домот за деца без родители (2011-2015);
  • Месечен надоместок од 18.000 денари месечно за сите деца без родители и родителска грижа кои по напуштање на домот ќе се запишат на факултет,
  • магистратура или докторат, односно по 9.000 денари месечен надоместок за децата кои веќе добиле стан од државата (октомври 2011);
  • Отворање на дополнителни мали групни домови (2014);
  • Дополнителни стимулации за згрижувачките семејства за згрижување на деца без родители и родителска грижа и деца со специфични потреби (2013)

Грижа и заштита на Ромите

За наредниот период се предвидува отворање на 2 дополнителни Ромски Информативни Центри, како и продолжување со стипендирање на 2.400 Роми средношколци годишно, со цел подигнување на стапката на нивно задржување во училиштата. Ќе се обезбеди дополнително вклучување на деца Роми во детските градинки со што ќе се зголеми бројот на деца интегрирани во образовниот систем на земјата.

Во наредниот период ќе се продолжи со обучување на невработени Роми во нови професии и вештини во соработка со Ромските Информативни Центри и Министерството за Образование, со цел олеснување на нивниот пристап до работно место, како и вклучување на Роми во проектот за Самовработување со грант средства од 3.000 евра. Во следниот период континуирано ќе се преземаат активности за подобрување на инфраструктурата во ромските населби. Ќе продолжи и поддршката на активностите во рамки на Декадата за вклучување на ромите 2005 - 2015.

Социјална вклученост

Социјалната вклученост е европски принцип кој ќе го применува Владата на Република Македонија во наредниот период, со цел секој граѓанин на државата да има можност и пристап до ресурсите и услугите кои го прават неговиот живот подобар. Оттаму, се предвидува изработка на Меморандум за инклузија (JIM process) како европски процес за заокружување на декадата за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост (2012-2015). Граѓаните ќе бидат заштитени од ризикот на сиромаштија и социјална исклученост преку превземање на мерки и активности по примерот на земјите членки на ЕУ. Исто така ќе продолжиме финансиската поддршка на ранливите групи со реализација на Програми за социјално вклучување (континуирано).

Во наредниот четиригодишен период ќе се формираат Комисии за еднакви можности во сите општини, со цел обезбедување на поефикасно спроведување на принципот на еднакви можности на локално ниво како и превземање на афирмативни мерки за сузбивање на нееднаквоста. Исто така, приоритет е справувањето со сите форми на дискриминација преку спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и преку работата на Комисијата за заштита од дискриминација.За лицата кои злоупотребуваат дроги и други психотропни супстанци и прекурзори предвидено е да се отворат дополнителни Дневни центри за ресоцијализација и терапевтска заедница за ресоцијализација на корисниците. Во периодот 2011-2015 година ќе продолжи отварањето на нови дисперзирани одделенија на Центрите за социјална работа.

Симнете ја програмата во PDF