Туризам

Туризмот има значајна улога во економскиот развој и преку него може да се привлечат нови инвестиции, да се креираат нови работни места и да се промовираат културните вредности и природните богатства на Македонија. Владата ќе продолжи да го поддржува овој сектор преку соодветни мерки, политики, конкретни проекти за изградба на модерна туристичка инфраструктура и промоција на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација во странство. Идниот развој ќе се темели на понуда дефинирана според компаративните предности на Македонија, пред си во делот на еко - туризмот, културен, езерски, зимски, спортски, ловџиски, конгресен, бањски, манастирски, археолошки, селски, планински и вински туризам. Во таа насока ќе се реализираат следните проекти:
- Намалување на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за туристички услуги а ноќевање, сместување со појадок, полупансион или полн пансион, од 18% на 5% (септември 2011)
- Реорганизација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонска Национална Туристичка Организација (јуни 2012)
- Креирање на интегриран туристички информационен систем со wеб – портал (март 2013).
- Инвестиции во подобрување на инфрастуктурата во туризмот и поттикнување на транзитниот туризам. Во таа насока се планираат следниве проекти:
- одредување на локации за изградба на хотели, мотели, модерни бензински станици и разни туристички атракции долж коридорите 8 и 10 (2013).
- обезбедување на локација за изградба на туристичка атракција „Аква парк“ на Коридорот 10 (2013)
- изградба на градски аква парк (самостојно или во партнерство со приватниот сектор) или охрабрување на приватниот сектор да го изгради (2013)
- продолжување со проектот за обележување и поставување на туристичка сигнализација за голем број на туристички места (2013)
- продолжување со привлекување инвеститори за изградба на хотели и други туристички објекти во Скопје, Охрид, Струга, Преспа и Дојран за езерскиот туризам и Гевгелија, Битола, Крушево, Тетово и Пониква за зимскиот туризам, како и во други места (декември 2012).
- формирање на Туристички развојни зони на брегот на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро во соработка со локалната власт, со цел градење на хотели и хотелски комплекси. За инвеститорите ќе биде понудена ниска почетна цена на земјиштето од 1 евро по квадрат, комуналии од 1 евро по квадрат, ослободување од данок на добивка во првите 5 години и изградена инфраструктура (декември 2012).
- ангажирање на светски реномирано архитектонско биро за изработка на долгороечен стратешки план за развој на Охрид и населените места на Охридското езеро за наредните 20 години (декември 2012)?
- продолжување со активностите за решавање на статусот на детските одмаралишта за нивна пренамена во хотели, мотели и хостели (декември 2012).
- промовирање на македонските културни и туристички потенцијали во домашните образовни програми достапни за сите генерации (континуирано).
Проект „Еко Македонија“ за позиционирање на земјата како туристичка дестинација со недопрена природа која нуди високо квалитетна, автентична органска храна (2012).
Во насока на подобрување на човечките ресурси во согласност со потребите на туризмот и подигање на квалитетот на туристичките услуги на највисоко ниво, Владата ќе ги реализира следните мерки и активности:
- воведување задолжителна практична работа за учениците од средните училишта од областа на туризмот, како и за студентите од факултетите за туризам (2012-континуирано)
- едукација на менаџерите во туризмот, преку соработка со светските тур оператори каде што секоја година група на менаџери од Македонија ќе имаат можност да поминат период од еден месец во практична обука (2012- континуирано).
- поддршка за креирање на тренинг центри за туризам и угостителство, преку обезбедување на ваучери за финансиска поддршка и за кофинансирање на вработените во туризмот (2012-континуирано).
- поттикнување на соработката на домашните со странски високо образовни институции за развивање на постдипломски студии и специјализирани програми од областа на туризмот.
- обезбедување на 30 стипендии годишно за најдобрите ученици и студенти од областа на туризмот во соработка со туристичките и угостителските стопанственици.
Еден имиџ; еден бренд на туристичка Македонија - Владата на Република Македонија ќе поддржи унифицирање на единствен бренд за промоција на Македонија како туристичка дестинација во партнерство со деловната заедница преку идната Македонска Национална Туристичка Организација во форма на ЈПП. Ќе се обезбедат финансиски средства за создавање на единствен бренд и спроведувањето на маркетиншки кампањи преку:
- продолжување со концептот на заедничко брендирање преку изработка на унифициран рекламен материјал (2012);
- подготвка на дигитална презентација на целокупниот туристички потенцијал на земјата (декември 2012)
- информативен материјал со мапа и брошури за туристичките потенцијали на земјата кои ќе бидат бесплатно достапни во сите туристички дестинации (континуирано)
- најмалку два пати годишно во различни земји ќе се организира “Недела на Македонија” за презентација на туристичките потенцијали (континуирано)
- продолжување со маркетинг кампањата Macedonia Timeless и изработка на репортажи за Македонија на најпознатите светски медиуми (континуирано)
- отворање на канцеларии за промоција на туризмот лоцирани во центрите на главните градови на замјите од каде традиционално има прилив на туристи (Холандија, Шведска, Србија, Косово, Русија, Израел и Турција) (континуирано)
- проширување на мрежата на “Tуристичките информативни центри” долж коридорите 8 и 10, со најмалку шест центри и секаде каде ќе се јави потреба во позначајните туристички дестинации (континуирано).
За секој сегмент од туристичката понуда, ќе се преземат конкретни активности кои во иднина ќе станат основни елементи на понудата која Македонија ја нуди на странските и домашни туристи:
Алтернативен туризам - Еко туризам и планински туризам:
- ќе се обезбеди помош на 10 општини годишно за изработка на стратегии за развој на еко и алтернативниот туризам (континуирано);
- ќе се развие концептот на урбан рекреативен (активен) туризам во 5 туристички локации (континуирано);
- ќе се обезбеди поддршка за развој и промоција на зимскиот туризам на Попова Шапка, Маврово, Пелистер, Кожув, Крушево и Пониква (континуирано);
- Проект: Мега атрактивен скијачки центар „Попова Шапка“. Проектот вклучува изградба на нови жичари и ски-лифтови, инсталација за вештачки снег, нов хотел и други сместувачки капацитети (2011-2015);
- понатамошен развој и на зимскиот центар Пелистер преку концесионирање на ски-лифтовите и изградба на нови хотелски објекти (2012)
- нови локации за изградба на дополнителни комерцијални објекти и хотели во Маврово (2012)
- завршување на пристапниот пат и изградба на потребната инфраструктура до ски центарот Кожув (2011-2012)
- изградба на нов ски лифт и проширување на постојните ски патеки и друга туристичка инфраструктура во Крушево (2013-2014)
- изградба на потребната инфрастуктура за пристап до манастирите Зрзе и Трескавец (2013-2014)
- во соработка со градот Скопје, изградба на скијачка патека на планината Водно (2013);
- во соработка со градот Скопје, со ЈПП ќе овозможиме модернизација и проширување на Луна Паркот во Скопје (2013)
- промоција на Македонија за развој на конгресен и истражувачки туризам (2012- 2014);
- мапирање на туристичките знаменитости и обележување на сообраќајниците во регионите секаде каде е тоа потребно (2012-2014)
- развој на кањонот Матка во туристички центар со соодветен промотивен материјал, локации за изградба на услужни објекти и директна автобуска линија од Скопје (2011-2014);
- развивање на туристичките потенцијали на Осоговскиот и Малешевскиот регион, преку одредување на локации за изградба на услужни и сместувачки капацитети и сл. Ќе се поддржи изготвување на промотивни материјали за потенцијалите во туризмот и во останатите микро и планинарски региони и промовирање на локациите каде има водопади и пештери (2011-2015)
- развивање туристичка програма базирана на концепотот на „Активен одмор“, односно спортски и авантуристички туризам Поставување на патокази за најмалку 20 дестинации годишно за активен одмор (2012-2015)
- изградба на 60 километри туристичко рекреативни патеки по планините (Попова Шапка, Пелистер, Пониква, Кожув, Маврово и Голак ) (2012-2015)
За развој на Бањскиот (спа) и здравствен туризам:
- ќе се доделат концесии за истражување на извори со топла вода и локации за изградба на хотели во близина на постоечките бањи (Дебарски бањи, Катлановска, Кумановска, Кежовица, Банско и Негорци), како и нови локации (2011-2013)
- ќе се поддржи развојот на денталниот туризам преку активна промоција во соработка со Здружението на стоматолози (континуирано)
Промоција на винскиот туризам преку:
- изработка на туристички програми „Патот на виното“ за домашни и странски посетители за организирани посети на винариите и винските региони и дегустација на традиционална македонска храна и вино, како и разгледување на процесот на производство на македонското вино во соработка со винариите, Стопанските комори и единиците за локална самоуправа (2011-2015)
- ќе ги задолжиме дипломатските претставништва на и промоторите за активен пристап кон привлекување на странски реномирани тур оператори кои би ја вклучиле туристичката винска понуда на Македонија во своите програми (континуирано).
Културен и верски туризам:
- реставрација и ревитализација на Старата скопска чаршија (2012-2014);
- инфраструктурна поддршка и промоција на голем број историски објекти во земјата (континуирано);
- промоција на македонското археолошко културно богатство преку организирање на туристички групи за реставрација и реконструкција на објекти од културно-историско значење (континуирано)
- промоцијата на религиозниот туризам и Охрид како „Балкански Ерусалим“ (континуирано)
- инвестирање во реновирање, обнова и нови фасади на објекти (континуирано)
Рурален туризам:
- промоција и вмрежување на етно-села во различни региони во Македонија (2014)
- развој на руралниот туризам преку користење на отворените линии од Европските фондови, ИПАРД програмата за поттикнување и развој на овој вид на туризам (континуирано);
- изложби и промоција на етно стилот, јазикот, музиката и културата на македонските села од различни региони на земјата (континуирано)
- изложби и промоција на традиционалната архитектура, начинот на домување, народната уметност, ракотворбите, обичаите и фолклорот (континуирано)
- промоција на ловиштата во Република Македонија (континуирано)
- интегрирање на Етнолошкиот Музеј со музејот кој ќе се гради во рамките на проектот ‘Македонско село’ (2014)
- проект “Македонско Село” - изградбата на 12 автентични куќи и придружни објекти од сите краеви на Македонија со своите мултиетнички вредности, ќе започне во 2011. Рок за завршување 2012.
Езерски туризам - ќе продолжат активностите за промоција на трите најголеми езера, Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, како и спроведување на програми за развој на другите езера Крушевско, Велешко, Беровско, Мавровско и Матово.
- за одржување и зачувување на природните богатства на Охридското езеро и градот Охрид, покрај изградбата на Светиклиментовиот Универзитет, ќе се реализираат следните мерки и активности: 1/ воспоставување на организирани тури преку туристичките агенции ширум Републиката; 2/ изградба на затворен базен во Охрид (2014); 3/ адаптација на старите армиски објекти (касарната) со цел обезбедување на услови за работа на универзитет Св. Апостол Павле (2013); 4/ изградба на пречистителни станици (2014);
- дополнителни локации за изградба на хотелски и комерцијални објекти (континуирано) и 5/ воспоставување бродска линија Охрид-Подградец (2012).
Бизнис стимулации и хотелиерство - во насока на градење на капацитетите за сместување на туристи и подобрување на услугите од областа на туризмот, ги предлагаме следните мерки:
- развој на малите и средните претпријатија кои дејствуваат во секторот туризам преку субвенционирање на кредити за изградба, адаптација и уредување на мали сместувачки капацитети (2013)
- продолжување со субвенционирање на странскиот организиран туристички промет со субвенција од 20 до 70 евра по турист (2013).

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Вицепремиерот Пешевски ги презентира македонските искуства за ЈПП на светската конференција во Женева
Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет
Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата
НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер
Премиерот Груевски во официјална посета на Германија
Турскиот премиер Ердоган, домаќин на премиерот Груевски
Економска промоција на Македонија во Турција
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото