Инфраструктура

Добрата инфраструктура е основа за забрзан економски раст и развој, подобра конкурентност на стопанството, побрз проток на луѓе, стоки и патници. Со оглед на тоа што Република Македонија се наоѓа на главните коридори исток-запад (коридор VIII) и север-југ (коридор X), Владата ќе продолжи со реализација на капитални инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на националната економија, повисок економски раст и порамномерен регионален развој. Ова ќе води кон интензивирање на интеграцијата на Македонија кон ЕУ стандардите и намалување на инфраструктурниот јаз.
Во периодот 2011 – 2015 Владата на Република Македонија ќе спроведе бројни инвестициски проекти во следните области: 1/ Изградба на автопати, регионални и локални патишта; 2/ Изградба и модернизација на железничката инфраструктура; 3/ Модернизација и зголемување на конкуренцијата во авиосообраќајот; 4/ Модернизација на електронските комуникации и радиодифузијата преку нови технологии; 5/ Урбанизација и нови инвестиции во станбена изградба и комунална инфраструктура; 6/ Други проекти.
За најповолно финансирање на инфраструктурни проекти, Македонија ќе продолжи да соработува со светските и европските меѓународни финансиски интитуции, како што се Светската банка, ЕБРД, ЕИБ и да користи средства од европските фондови.
Исто така, дел од трасите за изградба на автопати ќе се реализираат преку изнаоѓање на концесионери, кои доколку има интерес ќе ги изградат и ќе стопанисуваат со истите.
Патна инфраструктура
Изградба на автопати
- Коридор X – Табановце-Куманово (септември 2011)
Коридор X – Демир Капија – Смоквица (јули 2012-2018)
- Скопје (Стенковец) – Блаце (граница со Косово) (постапката за концесија е во тек, 2013-2018 доколку има заинтересиран концесионер; доколку не се добијат прифатливи услови за концесија, ќе се користат други начини за финансирање на постапна изградба со нова динамика)
Коридор VIII – Романовце – Крива Паланка (постапката за концесија е во тек, 2013-2018 доколку има заинтересиран концесионер; 2014-2015 рехабилитација, надградба и проширување доколку не се добијат прифатливи услови за концесија)
- Коридор VIII – Гостивар со Охрид со крак кон Албанија (постапката за концесија е во тек, 2013-2018 доколку има заинтересиран концесионер; доколку не се добијат прифатливи услови за концесија, ќе се користат други начини за финансирање на постапна изградба со нова динамика)
- Скопје (почетна точка кај с. Миладиновце) – Штип (постапката за концесија е во тек, 2012-2018 доколку има заинтересиран концесионер; доколку не се добијат прифатливи услови за концесија, ќе се користат други начини за финансирање на изградба)
- Штип -Кочани (постапката за концесија е во тек, 2013-2018 доколку има заинтересиран концесионер; 2014-2015 рехабилитација, надградба и проширување доколку не се добијат прифатливи услови за концесија)
- Реконструкција на автопатот Катланово-Велес и Велес-Катланово (2012-2014)
Експресни, магистрални и регионални патишта (изградба или реновирање)
- Изградба на експресен пат од Градско преку Росоман и Дреново (2012-2016)
- Експресен пат Штип – Струмица (2014-2020)
- Велес - Штип (кај место Кадрифаково) (2014-2015)
- Кочани –Виница - Делчево – граница со Бугарија (кај место Црна Скала) (2012- 2015)
- Изградба на регионален пат од Кичево (Извор) до Бошков Мост и Дебар (2012- 2015)
- Изградба на регионален пат Свети Николе – Пробиштип (Неокази) (2014-2018)
- Регионален пат од Скопје до Сончев Град (2012)
- Поврзување од Битола до Гевгелија преку реконструкција и изградба на регионални делници во мариовскиот регион 92012-2015)
- Регионален пат Таор –Катланово (2013)
- Регионален пат Тетово – Јажинце. Проширување на патот и разгледување на можноста за изградба на нов пат и нов терминал за стоки. (2012-2015)
- Регионална делница Куманово – Липково – Арачиново (2012-2015)
- Магистрален пат Косел – Охрид – граничен премин Св.Наум (2013-2019)
- Регионален пат од Нова Брезница преку Кула до Коломот (2013-2016)
- Реновирање на патот Тетово-Боговиње-Гостивар (2012-2013)
- Реновирање и асфалтирање на патот Скопје-Танушевци-Брест-Малино (2013)
- Реновирање на патот Дебар-Маврово
- Физибилити студија за можна изградба на патот Тетово-Призрен, до граница (2012-2013)
- Доизградба на клучката Брвеница (ноември 2012)
- Пат до граничен премин помеѓу Република Македонија и Србија (Голема Црцорија – Голеш) (2013-2015)
- Пат до граничен премин Белановце-Станчиќ (2013-2014)
- Пат до граничен премин Лојане - Миратовац (2013-2014)
- Пат до граничен премин Танушевци - Дебалде (2013-2014)
- Физибилити студија за патот Јаболчиште-Долнени-Палиград-Студеничани (2013)
- Пат до манастир Трескавец (2013)
- Пат од с.Костинци – с. Зрзе – Манастир Св. Преображение (2013)
- Пристапни патишта за новата населба во општина Крушево (јуни 2012- септември 2013)
Во насока на подобрување на регионалната патна инфраструктура, Владата на Република Македонија ќе продолжи со реализација на пректот за реконструкција и рехабилитација на регионалните и локални патишта со средства обезбедени од Светската Банка, ЕБОР и Буџетот на Република Македонија. Ќе се заврши отпочната изградба и реконструкција на над 250 локални патишта и околу 380 километри регионална патна мрежа:
- Реконструкција на регионален пат од Ржаничино до Свети Николе (јуни 2011)
- Кратово – Пробиштип (Р-206 поврзување со М-2 - поврзување со М-5) (јуни 2011)
Реконструкција на регионален пат од Ресен до Маркова Нога, на потег од Р-505 Макази (М-5) – Долно Дупени (граница со Грција) (јуни 2011)
- Реконструкција на регионален пат Прилеп – Македонски Брод 37км (јуни 2011)
- Реконструкција на регионален пат Струмица - Дојран (јуни 2011)
- Реконструкција на регионален пат од Илинден до место Калуѓерец (јуни 2011)
- Реконструкција на регионален пат Радовиш-Конче-Лубница (април 2012)
- Реконструкција на регионален пат Анѓелци-Вељуса (април 2012)
- Реконструкција на регионален пат Струга-Дебар (јуни 2012)
- Реконструкција регионален пат Кавадарци-Мушов Гроб (јуни 2012)
Проект за реконструкција на локални патишта – со кој ќе се изврши реконструкција и модернизирање на 123 локални патишта со вкупно 264 км (септември 2011-октомври 2013)
Исто така, во следниот период ќе се довршат и ќе се пуштат во употреба следните патни правци:
- Магистрален пат Радовиш – Струмица (октомври 2011)
- Регионален пат за поврзување на Ски Центарот Кожуф со Гевгелија (октомври 2011)
- Регионален пат за поврзување на Македонски Брод со Скопје (октомври 2011)
- Патен правец од село Џепиште до граница со Албанија (декември 2011)
- Изградба на мост во Пласница (декември 2011)
Други проекти кои ќе придонесат кон зајакнување на безбедноста на патиштата - Трета фаза од Проектот „Рехабилитација и зајакнување на мостовите“ (2015)
Рехабилитација на мостовите во Република Македонија (2012-2016)
- Нова сигнализација на Коридорот 10 и на магистрални и регионални патишта (2012-2013 за Коридор 10; 2012-2015 за магистрални и регионални патишта)
Осветлување на клучките во Република Македонија (2011-2015)
- Стратегија за сообраќајниот систем на град Скопје со проекти за сообраќајниците: булевар Свети Климент Охридски до булеварот Никола Карев и подземна сообраќајница од дирекцијата на АД Македонски Пошти до Комплекс банки. Владата ќе учествува во овој проект со околу 20 милиони евра, што претставува 2/3 од вкупно потребните финансиски средства. (2013-2016)
- Поддршка на проектот на Град Скопје за дислокација на комунална хигиена од општина Чаир
- Поддршка на проектот на Град Скопје за реконструкција на булеварот Цветан Димов
- Електронска наплата на патарини (2012-2016)
- Портал за планирање на патување во рамките на Република Македонија и е- продажба на билети (јули 2011)
- Систематско испитување на свлечиштата на патиштата (континуирано)
Железничка инфраструктура
За развој на железничкиот сообраќај, ќе се реализираат неколку проекти за модернизација на постојните железнички пруги и изградба на нови, како и за зајакнување на ефикасноста и безбедноста на железницата.
Коридор X
- Модернизација и ремонт на железничка пруга од Коридорот 10 (септември 2011- 2013)
- Реконструкција на железничката пруга Битола – Кременица (април 2013- декември 2015)
- Рехабилитација и надградба на поголемите железнички станици на Коридорот 10 (јуни 2015)
- Проект за радио диспечер (GSMR) на железничката пруга од Табановце до Гевгелија (јуни 2013-септември 2015)
- Автоматска регулација на брзина (ETCS) на железничката пруга од Табановце до Гевгелија (јуни 2012-септември 2014)
Kоридор VIII
- Изградба на нова пруга од Бељаковце - Крива Планка до Деве Баир, граница со Република Бугарија во должина од 60 км (2012-2020)
- Изградба и реконструкција на пругата Куманово – Бељаковце во должина од 29 км (2012-2020)
- Изградба на нова пруга од Кичево до Лин, граница со Република Албанија во должина од 70 км (2012-2020)
Други проекти во железницата:
- Изградба на железнички крак од Коридор 10 кон Кавадарци во должина од 6 км преку партнерство со приватниот сектор (јуни 2013-јуни 2016)
- Рехабилитација и надградба на железничката станица во Скопје (март 2012- септември 2013)
- Изградба на индустриски колосек за Индустриската зона Жабени во близина на Меџитлија заедно со општина Битола (октомври 2013-декември 2014)
- Студија за можна изградба на мултимодален терминал - логистички центар за товарање и истоварање на стоки со железница и камиони во Скопје (2013-2016)
- Обновување на возниот парк за превоз на патници на Македонски железници АД Транспорт – Скопје преку набавка на 3 дизел-моторни гарнитури и 2 електромоторни гарнитури (2013-2016)
- Набавка на 150 вагони од различни типови за товарен превоз (2013-2016)
- Електронско издавање на билети (2013-2014)
- Електронска резервација на билети и поставување на автомати за вадење на билети со платежна картичка или во готовина (2012-2015)
Авиосообраќај
За модернизација на македонските аеродроми и зголемување на безбедноста и конкуренцијата во авиосообраќајот, ќе се реализираат следните проекти:
- Комплетно реновирање и доизградба на аеродромот Александар Велики во Скопје од страна на концесионерот ТАВ (септември 2011)
- Обезбедување на ефтини летови до Европа во содејство со концесионерот ТАВ (континуирано)
- Заштита на правата на патниците по европски стандарди преку натамошна хармонизација на регулативата со европската регулатива (континуирано)
- Донесување на национална програма за воздухопловна безбедност (декември 2011)
Електронски комуникации и радиодифузија
За модернизација на електронските комуникации и радиодифузијата преку нови технологии ќе се реализираат следните проекти:
- Премин од аналогна на дигитална телевизија (1.07.2013)
- Изградба на дигитална телевизиска мрежа (јуни 2013)
- Телевизија со висок квалитет (HD - High Definition TV) (јуни 2013)
- Модернизирање на опрема во ЈП МРТВ со цел производство на HD програма (дигитализација на ЈП МРТ) (декември 2013)
- Воведување на нова 4Г технологија (објавување на јавниот повик за интерес во јуни 2012)
- Дигитализација на микробрановата мрежа (февруари 2012)
- Микробранова телекомуникациска мрежа за поврзување на државните институции за намалување на трошоците на државните институции (декември 2012)
- Воведување на дигитално радио (јуни 2014)
- Воведување на сараунд радио (јуни 2015)
- Дигитализација на среднобрановиот сигнал за следење на македонското радио на поголеми далечини (јуни 2014)
- Зголемено користење на широкопојасен интернет (2011-континуирано)
- Заштита на крајните корисници и намалување на цени на СМС и интернет преку телефон (март 2012-континуирано)
Градежништво и урбанизам
За унапредување на урбанистичкото планирање и подобрување на управувањето со градежно земјиште, како и поедноставување на постапките за добивање градежни дозволи и зајакнување на стандардите за градење, ќе се реализираат следните проекти:
- Донесување на Закон за подземен катастар за да се овозможи евиденирање и запишување на права на сопственост на сите подземни инфраструктурни водови (октомври 2011 за донесување на законот, декември 2014 за имплементација на одредбите од законот)
- Воспоставување на електронски регистар на изградени јавни електронски комуникациски мрежи (донесување на законот октомври 2011; имплементација до декември 2014)
- Овозможување електронско аплицирање и добивање на одобрение за градење (август 2012)
- Предавање на градежното земјиште во надлежност на општините (јули 2011)
- Изработка на електронска апликација за реализирање на јавни наддавања на градежно земјиште (декември 2011)
- Централна база на податоци на урбанистички планови (септември 2012)
- Изработка на планска документација и интегрирано управување со истата (септември 2014)
- Електронско аплицирање за издавање на согласност за урбанистички планови (септември 2012)
- Прирачник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (октомври 2011)
- Замена на постојните стандарди во градежништвото sо европските стандарди EUROCODES (декември 2012)
- Продолжување со имплементација на Законот со бесправно изградени објекти (континуирано)
Станбена изградба и комунална инфраструктура
За остварување на целите на стратегијата за домување, Владата на Република Македонија ќе продолжи со имплементација на проектот за изградба на станови и куќи за ранливи групи на граѓани, како и изградба на станбени единици во згради и куќи наменети за млади брачни парови, самохрании родители, децата без родителска грижа кои наполниле 18 години и на кои им престанало правото на живеење во дом и други ранливи категории на граѓани.
За лица во социјален ризик и други ранливи групи – во 2011 и 2012 ќе се заврши градбата на започнатите 220 единици во Битола, Берово и Штип. Со новата програма до 2014 ќе бидат изградени 1.314 станбени единици во згради и куќи во следниве градови: Скопје, Ресен, Демир Хисар, Гевгелија, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Пехчево, Виница, Куманово, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Неготино, Струмица, Тетово, Гостивар, Дебар и Велес.
За станбено необезбедени лица (млади брачни двојки, лица со посебни потреби, самохрани родители, самци и други лица) – до крајот на 2011 ќе биде завршена изградбата на објеките во Битола, додека изградба на нови 450 единици ќе започне во градовите Скопје, Штип, Свети Николе, Берово, Пехчево, Радовиш, Македонска Каменица, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Демир Хисар, Куманово, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Велес (реализација 2015).
Изградба на станови и куќи наменети за продажба – во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Охрид во периодот 2011 – 2015 ќе се изградат или довршат 1.296 станови наменети за продажба по поволни услови.
Завршување на процесот за продажба на општествените станови - согласно најновите измени во законската регулатива, ќе се продолжи со постапката за продажба на становите во општествена сопственост со што до крај на 2012 ќе се заокружи овој процес.
Проект: Купи куќа, купи стан! - Владата на Република Македонија ќе ги поддржи граѓаните при купувањето на нов или поголем стан или куќа. Проектот е насочен оние граѓани на кои не им е решено станбеното прашање и немаат сопствен дом и живеалиште. Во таа насока, ќе се отпочне со реализација на два проекти:
- Пола-Пола рата эа првите 5 години - ќе се субвенционира половина од месечната рата за кредит до 50.000 евра наменет за изградба на куќа или купување на стан, во првите 5 години (почеток со реализација 1.1.2012).
- Субвенционирање на 50% од учеството за купување стан/иэградба на куќа, за кредит до 50.000 евра (почеток со реализација 1.1.2012).
Ќе се реализира и изградба на следните инфратруктурни проекти:
- Национална арена Филип II Македонски – ќе се заврши фасадното обликување на стадионот, уредувањето и опремувањето на теренот, изградба на борилиште и завршување на атлетската патека (2012-2013)
- Катни гаражи во Скопје (кај зградата на Холокауст, кај Работнички дом, кај административната зграда на А.Д Пошта, кај Судска палата, кај поранешната зграда на Нова Македонија, пред сегашниот Цветен пазар и пред новата зграда на Министерството за финансии) (октомври 2012-декември 2013)
- Изградба на катни гаражи од приватни инвеститори по пат на отуѓување на државно земјиште (2011-2013)
- Надградба на ГТЦ преку јавно-приватно партнерство (2015)
Комунална инфраструктура
За подобрување на комуналната инфраструктура предвидена е реализација на следните проекти:
- 50 милиони евра за Водоснабдување и одведување отпадни води на населените места, при што секоја општина ќе добие грант средства од Владата на Република Македонија (2011-2015)
- Проект „Водовод и канализација на општините фаза 1“ финансиран од Германската банка за обнова KfW (2012-2015)
- Изградба на каскадни прегради на река Вардар и решавање на проблемот на фекалните води на дел од град Скопје, преку изградба на колекторски и канализациски системи и пречистителни станици во општините Сарај и Ѓорче Петров (2012-2016)
- Изградба на водоснабдителни и канализациони системи во рамки на Декада за вклучување на Роми (2011-2015)
Други проекти:
- Завршување на проектот за набавка на нови градски автобуси во Скопје и двокатни отворени туристички автобуси за Скопје и Охрид (2011-2012)
- По пуштањето на жичарницата на Водно, ќе се изврши анализа и ќе се оцени исплатливоста, начинот на финансирање и рокот за изградба на вториот дел од проектираната жичарница. Доколку анализата биде позитивна, ќе се пристапи кон изградба на релација Скопје - Средно Водно. · Изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување на езерата во Република Македонија (2012-2016)
- Акција за чистење на реки во Република Македонија (континуирано)
- Регулација на река Вардар-делница од с.Јегуновце до с.Туденце (2012-2014)
- Регистрација на бродови под македонско знаме (јуни 2012)

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Вицепремиерот Пешевски ги презентира македонските искуства за ЈПП на светската конференција во Женева
Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет
Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата
НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер
Премиерот Груевски во официјална посета на Германија
Турскиот премиер Ердоган, домаќин на премиерот Груевски
Економска промоција на Македонија во Турција
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото