Бизнис клима и конкурентност

Владата на Република Македонија ќе продолжи со мерките за подобрување на бизнис климата и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Во овие мерки се инкорпорирани најдобрите искуства на многу европски земји и препораки на Светската Банка и меѓународните финансиски институции. Мерките ќе бидат насочени кон намалување на бирократијата и намалување на трошоците и процедурите за добивање административни документи, преку електронско аплицирање и добивање на дозволи и лиценци и понатамошно намалување на трошоците за фирмите. Ќе се реализираат и мерки за подобрување на конкурентноста на македонската економија со поврзување на фирмите со универзитетите и иноваторите, преку имплементација на истражувачки и развојни проекти. Подобрувањето на постојните и имплементирањето на нови технологии ќе придонесе за намалување на технолошкиот јаз кој Македонија го има во однос на земјите членки на ЕУ.
Подобрување на биэнис климата Електронско водење бизнис – ќе се унапредува електронското работење со цел фирмите да ги завршат процедурите на поедноставен и поевтин начин. За таа цел ќе се спроведат следните проекти:
- Отворање на фирма преку интернет (декември 2011)
- За 50% ќе се намали надоместокот за регистрирање на бизнис за студенти претприемачи (јануари 2012)
- Создавање на мрежа на нотари, Катастар и Централниот регистар (декември 2011)
- Електронско поднесување на царински декларации и документи (декември 2011)
- Проект „Е-Фактура“- електронска достава на фактури од страна на фирмите кои работат со државните институции (септември 2012)
- Проект „Е-Сметки и известувања“- електронска достава на сметки од страна на фирмите кои испраќаат пошта во голем обем (јуни 2013)
- Електронски услуги од страна на општините – дозволи, решенија и други јавни услуги (септември 2012)
- Унапредување на електронската трговија и интернет продажба (декември 2012)
- Информативен Центар за фирмите надлежен за обезбедување на сите потребни информации за добивање лиценци, дозволи и законски обврски, водење на сите е-бизнис интернет услуги на едно место и датабаза за бизнис регулатива (декември 2012)
Подобрување на регулативата и поедноставување на постапките за добивање дозволи и лиценци. Во таа насока ќе се реализираат следните проекти:
- Едношалтерски систем за домашните и странски инвеститори (2011- континуирана надградба на услугите)
- Проект “Учиме од бизнис заедницата” - посета на најмалку 100 компании секоја година со цел да се решаваат конкретни проблеми и барања (континуирано)
- Проект: "3 е помалку, но подобро од 21"- со законските измени скратени се роковите за добивање градежни дозволи и одобренија од 21 на 3 чекори (за станбени објекти), односно 4 чекори (за стопански објекти) – имплементацијата следува во периодот 2011-2015.
- „Бизнискратија наместо бирократија“ - Регулаторна Гилотина IV фаза која ќе вклучи мерки за поевтинување на услугите, намалување на бројот на документи, кратење на роковите и имплементација на правилото “молчењето е одобрување” во сите закони каде што е можно (август 2011 почеток)
- Формирање на Мета баэа на податоци эа сите фирми што ќе овозможи рамена на податоците меѓу државните институции со цел да се поедностават процедурите за фирмите и да се намалат трошоците (јуни 2012)
- Портал за мали јавни набавки (декември 2011)
- Унапредување на Прoценката на влијанието на регулативата – РИА- проширување на обврската за консултации со бизнис заедницата и за подзаконските акти, воведување на РИА посебно за малите и едни претпријатија (2011-континуирано)
- Проект е-Инспекторати- електронско избирање на инспектори (декември 2011)
- Централизација на инспекциите заради поголема координираност и ефикасност (декември 2012)
Мерки за унапредување и олеснување на даночното работење – ќе се реализираат следните проекти:
- Е-даноци - ќе се унапредува и промовира системот за електронско поднесување на даночни пријави, а од 2014 тоа ќе стане и законска обврска (континуирано)
- Е-услуги за граѓаните - електронските услуги на УЈП ќе бидат достапни и за физичките лица (декември 2011)
- Е-ДДВ – ќе воспоставиме систем на нумерирани фактури со што ќе се намали потребата за инспекциски надзор во делот на контрола на веродостојноста на ДДВ-фактурите (март 2012)
- Е - регистар за статусна промена за даночни цели – можност електронски да се пријават статусни промени во УЈП (декември 2012)
- GPRS во фискализацијата – воведување на систем за следење во реално време на готовинските плаќања и прометот, со што ќе се намалат теренските контроли (јуни 2012 пилот фаза со вклучување на големите трговски ланци, бензински пумпи и казина и обложувалници, целосна реализација до крајот на 2014)
- Мобилни даночни шалтери – опремени возила за потребите на даночните обврзници во помалите места каде УЈП нема свои канцеларии (декември 2011)
- ИТ Форензик лабораторија – со цел сузбивање на високософистицираните форми на даночно затајување (декември 2011)
- Регионална даночна академија – обука на даночните администрации за земјите од Југоисточна Европа (јуни 2013)
- Е-аукции - продажба на запленета стока эа наплата на даночните долгови (декември 2011)
- Потсетници за плаќање и индивидуални даночни сметки за забрзување на наплатата – доставување на смс пораки или известувања по електронска пошта за даночните обврски (март 2012)
- Даночна едукација за новоформирани претпријатија (континуирано)
Пристап до кредити и поддршка за зголемување на извозот
Пристапот до поволни кредити е еден од условите эа успешно водење на биэнисот. Во таа насока Владата на Република Македонија во периодот 2012-2015 година за претпријатијата во Македонија ќе обезбеди нова кредитна линија од ЕИБ во вкупен иэнос од 150 милиони ЕУР по повластена каматна стапка од 5,5% годишно (Проект: 150 милиони евра од ЕИБ). Првите 50 милиони евра се веќе одобрени од страна на ЕИБ и ќе бидат во функција веднаш по конституирањето на новата Влада на Република Македонија и изгласувањето на Законот за задолжување кај ЕИБ од страна на Собранието на Република Македонија.
Исто така за поголема транспарентност и олеснет пристап до средства, ќе се формира регистар на сите грантови кои странските донатори ги нудат и даваат на македонските фирми, невладини здруженија и граѓани.
Финансирање и поддршка на иэвоэот - зголемувањето на извозот останува една од клучните цели на Владта на Република Македонија во наредниот 4 годишен период. Заради тоа, преку МБПР ќе се обезбеди финансиската поддршка на извозно ориентираните претпријатија преку неколку нови кредитни производи за извозниците:
- Извозен факторинг – ќе им се овозможи на извозниците продажба на нивните побарувања на МБПР со одреден дисконт (декември 2011)
- Осигурување на кредити за подготовка на извоз – во услови кога клиентот извозник не може да понуди дополнителен колатерал кај банките, МБПР ќе ги осигурува овие кредити (јуни 2012)
- Осигурување на кредити за купувачи од странство на македонски производи (јуни 2012)
- Осигурување на македонски дирекни инвестиции во странство од политички ризици (декември 2012)
- Издавање на тендерска гаранција за македонски градежни и други фирми кои работат во странство (декември 2012)
- Осигурување на градежни проекти во странство за активностите во кои учествуваат македонски фирми (март 2013)
- Осигурување на извоз на капитални добра (декември 2012)
Во насока на поддршка на иэвоэот се и следните конкретни проекти:
- Учиме за извоз – субвенционирање на консултантските услуги за поттикнување на извозните активности (2012-континуирано)
- Влез на нови пазари – кофинансирање во износ до 5.000 евра за изработка на студии за влез на нови пазари (јануари 2012-континуирано)
- Виртуелен саем – електронско претставување на македонските извозни компании (јуни 2012)
- Проект „Македонско сонценце“ – ќе овозможиме најголемиот број на меѓународно барани сертификати да се издаваат во Македонија (2012)
Финансирање на эемјоделството – преку Земјоделскиот кредитен фонд ќе се реализираат кредитни линии за финансирање на:
- Примарно земјоделско производство (до 100.000 евра)
- Преработка на земјоделски производи (до 300.000 евра), освен за млинови (до 200.000 евра)
- Извоз на примарни земјоделски производи (до 200.000 евра)
Исто така ќе се обезбедат дополнителни средства эа кредитирање на эемјоделието и ќе се воведат следните нови кредитни продукти:
- Подобрување на условите за кредити за финансирање на инвестиции поддржани со ИПАРД програмата:
- Зголемување на кредитниот лимит за капацитетите за преработка на житни култури (млинови), од ЕУР 200.000 на ЕУР 300.000
- Кредитирање на извозот на преработени земјоделски производи
- Зголемување на лимитот за кредитите наменети за извоз на земјоделски производи од ЕУР 200.000 на ЕУР 300.000
- Продолжување на рокот од 30 на 90 дена за рефинансирање на кредити наменети за инвестиции кои се реализирани од крајните корисници Подобрување на финансиската дисциплина и ликвидноста
За подобрувањето на финансиската дисциплина и ликвидноста на фирмите, како и за зајакнување на пазарната конкуренција ќе се реализира проектот „Задолжница“. Се работи за нов инструмент за обезбедување и наплата на меѓусебните побарувањата на фирмите. Задолжницата ќе има својство на правосилно решение за извршување со кое за намирување на долговите автоматски ќе се повлечат средства од банкарските сметки на должникот во корист на доверителот (јануари 2012)
Подобрување на конкурентноста и иновации
Владата на Република Македонија ќе инвестира во зголемување на нивото на технолошки развој на Македонија. Ќе се пристапи кон идентификување на компании кои имаат потенцијал да воведат нови технологии во производството, преку сопствено истражување или во соработка со универзитетите и иноваторите во Македонија кои имаат сопствени патенти. За најдобрите проекти кои ќе креираат долгорочен и најголем бенефит за економијата и општеството ќе обезбеди кофинансирање за нивна реализација. Ќе ја помогнеме комерцијализацијата на иновациите, бидејќи тоа е неопходно за стимулирање на истражувачката дејност.
Во таа насока ќе се реализираат следните проекти:
- Основање на Еквити и Мезанин инвестициски фондови – со цел докапитализација и кредитирање на фирми кои имаат потенцијал и потреба од капитал и знаење (јануари 2012-континуирано)
- Проект: Универзитетски spin-off компании – доделување на грантови до 20.000 евра за кофинансирање на spin-off компании (јануари 2012-континуирано)
- Зајакнување на технолошката соработката во рамки на кластерите - преку формирање Регистар на македонски компании со најголем капацитет за иновации и истражување и организирање на обуки на ниво на кластер (декември 2012)
- Основање Агенција эа технологии и иновации – за институционална поддршка и кофинансирање на истражувачки проекти (јануари 2013)
- Проект „Имплементирање на патенти“ – финансирање до 50% од инвестицијата за пронајдоци и патенти кои имаат потенцијал за ефектуирање в о производствениот процес (јануари 2013)
- Проект „Ваучери за иновација“ – ваучери до 5.000 евра за развој на нови бизнис стратегии, модели, услуги и производи (јануари 2012)
- Грантови за поттикнување на трансфер на технологи – до 50.000 евра за зголемување на капацитетите на македонските компании за користење на европските фондови за иновации, истражувања и развој (2012-континуирано).
- Поддршка на еко-иновации- поддршка на проектите за производство на екопроизводи и употреба на чисти технологии (март 2013)
- Ревизија на царинскиот тарифник – посебно за нова опрема и репроматеријали кои не се произведуваат во Македонија (континуирано)
Исто така, ќе се пристапи и кон подобрување на квалитетот на работната сила преку спроведување на следните проекти:
- Проект: Стоп “brain drain” – ќе се обезбедат дополнителни 30% од платата за секој студент инженер, технолог и информатичар кој по завршување на студиите во странство ќе се врати и вработи во Македонија (јануари 2012)
- Национален корпоративен фонд за обука на вработените за одржување на чекор со технолошките промени (јануари 2013-континуирано)
- Топ Менаџмент – финализација на проектот за обука на средниот менаџмент со обука во германски и други европски фирми (јуни 2012)
- Формирање „Центри за кариера“ за професионално советување на учениците и студентите за изработка на план за кариера, аплицирање за работа и сл. (јануари 2012-континуирано)
- Стипендии за апсолвенти и дипломирани студенти кои покажале исклучителни резултати за време на студирањето и нивно учество во проекти од јавен интерес (септември 2012)
Инвестиции
Врэ основа на мерките и активностите спроведени во претходните години и мерките планирани во новата Програма, како и эаэдравувањето на светската и македонската економија и повисоките јавни инвестиции, планирано е стапките на инвестиции до 2015 година да достигнат околу 30% од БДП. Во тие рамки, доколку не се јави нова светска финансиска и економска криэа и рецесија, очекуваме кумулативниот прилив на странски директни инвестиции во периодот 2011 - 2015 година да достигне над 2 милијарди евра:
- 300 до 350 милиони евра во 2011 година
- 350 до 400 милиони евра во 2012 година
- 400 до 500 милиони евра во 2013 година
- 500 до 550 милиони евра во 2014 година
- 550 до 650 милиони евра во 2015 година
Зголемувањето на домашните инвестиции и привлекувањето на странски директни инвестиции остануваат две клучни цели на новата Влада. И понатаму ќе работиме на подобрување на бизнис климата, што ќе придонесе инвестициите да продолжат да растат со поголема динамика во следните четири години. Во периодот 2011-2015 година, очекуваме да се реалиэира нов инвестициски циклус, како резултат на веќе започнатите и планирани проекти:
- Поедноставените процедури за градење
- Почетната цена од 1 евро эа квадрат эа продажба на државно неиэградено градежно земјиште наменето за стопански објекти, куќи, откупно- дистрибутивни центри и хотели и други комерцијални дејности.
- Намалената цена эа приватиэација на эемјиштето эа фирмите од 1 до 5 евра по квадратен метар.
- Редовна евалуација на фискалните погодности кои се нудат на странските инвеститори во ТИРЗ за зацврстување и подобрување на конкурентна положба во однос на земјите од регионот и пошироко - Формирање на централизирано тело за Јавно-приватно партнерство
- Креирање интерактивна база на парцели и неискористени индустриски објекти, кои би им биле понудени на заинтересираните инвеститори
- Завршување со изградбата на 4 Технолошки - индустриски развојни зони во Скопје (1 и 2), Штип и Тетово (ТИРЗ Тетово со модел на јавно-приватно партнерство при што во тек е постапката за инвеститор кој ќе ја развива зоната) до декември 2012, а доколку дозволат финансиските услови и дополнителни 7 ТИРЗ (Кичево, Прилеп, Струга, Гевгелија, Струмица, Радовиш и Ранковце) во наредниот 4 годишен период
- Формирање на 3 Зелени Економски Зони во кои ќе се прифаќаат фирми кои користат чисти и напредни технологии кои штедат енергија (јуни 2014)
- Ќе се обезбеди поддршка за отварање на нови индустриски зони во општините, како зоната Жабени во Битола и други градови (континуирано)
- Ќе се одредат локации за развој на логистички паркови кои ќе ги поддржуваат инвеститорите во реализација на своите оперативни активности (март 2013).
- Ќе се стимулираат програми и студии на техничките универзитети наменети эа потребите на инвеститорите чии производствени процеси налагаат посебни знаења.
- Преку проектот „Отворена врата за странските бизнисмени“ ќе се воведат нови мерки эа либерализација на постапката на издавање на работни дозволи на странци со цел да се помогне економскиот развој и инвестициите, како и трансфер на технологии и know-how (март 2012)
Промоција на Македонија како инвестициона дестинација
Во следниот период, светската економија се очекува да закрепне и оствари повисокли стапки на раст. Тоа е можност эа Република Македонија эа материјалиэација на ефектите од реализираните активности эа економска промоција во претходниот период. Владата на Република Македонија ќе продолжи со активности эа эацврстување на позицијата на Македонија како поволна локација за инвестиции:
- Преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ќе отвориме 6 Регионални канцеларии за засилена промоција на инвестиции и извоз во земји од каде што има значителен интерес за инвестирање во Македонија, за потенцијалните инвеститори полесно и на едно место да ги добијат сите релевантни информации за можностите за инвестирање во Македонија (Русија, САД, Турција, Германија, Словенија и Кина).
- Ќе продолжиме со маркетинг кампањите Invest in Macedonia и Macedonia Timeless, преку претставување на светски телевизиски и печатени медиуми, со цел јакнење на имиџот на државата како светски препознатлив бренд за инвестиции и туризам
- Во соработка со реномирани светски маркетинг агенции, ќе организираме регионални форуми во САД, Европа и Македонија со цел промовирање на условите за инвестирање во Македонија, како и воспоставување на релации со светските бизнис лидери.
- Ќе ангажираме најмалку 5 светски извршни директори на реномирани фирми како советници на Владата на Република Македонија со цел поддршка на конкурентните политики за привлекување на инвестиции. (јуни 2013)
- Економските промотори ќе продолжат со интенэивните активности эа контактирање на минимум 800 компании месечно во 31 земја во светот, односно 10.000 компании годишно. Дополнително ќе се раэгледа можноста эа ангажирање на локални промотори, односно поединци и фирми со добро иэградена биэнис мрежа, искуство и потенцијал эа привлекување на инвеститори од эемјите во кои што живеат.
- Во рамките на Фондот за еквити и мезанин инвестиции, ќе овозможиме и поддршка на заеднички инвестиции помеѓу македонски и странски компании каде акцентот ќе биде на пренесување на знаење и нови технологии на локалниот партнер (март 2013).
Поддршка на мали и средни претпријатија Малите и средни претпријатија се носители на економскиот развој, при што создаваат преку 60% од БДП и вработуваат 75% од вработените лица. Владата на Република Македонија ќе продолжи со финансиска поддршка и унапредување на регулаторната рамка за развој на малите и средни претпријатија, унапредување на вештините на претприемачите и нивно здружување, што ќе придонесе за зголемување на вработеноста и економската активност. Во таа насока ќе се реализираат следните проекти и програми:
- Регулаторна гилотина “Предност эа Малите” - IV фаэа – посебно фокусирана на поедноставување на условите за работа на малите и средни претпријатија (почеток август 2011)
- Интернационалиэација на МСП во ЕУ мрежата преку проектот Европски информативен и иновативен центар во Македонија, кој е дел од мрежата Enterprise Europe Network (континуирано)
- Поддршка и развој на кластерското здружување на МСП (септември 2011- континуирано)
- Бизнис инкубатори за поддршка на МСП за тренинг на вработените, проекти, вмрежување итн. (континуирано)
- Формирање на 8 регионални Бизнис - центри за поддршка и советодавни услуги за МСП, во осумте региони во Република Македонија (декември 2012)
- Проект: „Фармер претприемач“ - финансиска поддршка за поттикнување на претпримеништвото во земјоделството (декември 2011-континуирано)
- Проект „Жени претприемачи“ - финансиска поддршка за жени претприемачи (декември 2011-континуирано)
- Предмет „Бизнис и претприемништво“ во основно, средно и високо образование – ќе развиеме наставна програма за развој на претприемништвото во сите фази од образовниот процес (септември 2012)
Поддршка на занаетчиството
Во согласност со Национална стратегија за развој нa занаетчиството за 2012-2020, ќе се иницираат конкретни проекти за ревитализација и подобрување на конкурентноста и одржливоста на занаетчиството, во насока на поддршка на локалниот економски раст:
- Регулаторна Гилотина за поедноставување на прописите и намалување на трошоците за занаетчиите (октомври 2012)
- Образование и обуки во занаетчиството – ќе се прилагодат постојните наставни програми за полагање на мајсторски испити и ќе се овозможи вклучување на занаетчиите во практичната настава (септември 2012)
- Проект: “Македонска автентична ракотворба“-грантови од 5.000 евра за набавка на алати и опрема, како и стручно оспособување на занаетчиите (2012- континуирано)

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Вицепремиерот Пешевски ги презентира македонските искуства за ЈПП на светската конференција во Женева
Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет
Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата
НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер
Премиерот Груевски во официјална посета на Германија
Турскиот премиер Ердоган, домаќин на премиерот Груевски
Економска промоција на Македонија во Турција
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото